Zdravo. Me interesira za mazite, do sega cesto se zborelo za zenite za bremenost i vakcini, no sto e so mazite? Neli se preporacuva nekoe vreme posle vakcina da ne se ostanuva bremena, a mazite? Mislam neli i oni se del od procesot na sozdavanje na plodot
Втора доза фајзер на 06.08.2021, останав трудна на крај на септември. Уште е рано, моментално сум 8-ма недела, досега е се како што треба, се надевам така и ќе остане. Интересно е што пред вакцината се обидуваме 6-7 месеци неуспешно, не ни помислив дека толку брзо по вакцина ќе останам трудна.
Да ,јас бев невакцинирана пиев само фемибион , мн чаеви без кофеин ,зеленчук и овошје . Ама нај битното контакт буквално немав со никој само со домашните и тие се пазеа мн.
Која вакцина е сега достапна за доилки? @Skorpija25 дали се вакцинираше, ако да како помина и со која вакцина? И јас сум на мисла веќе да се вакцинирам.
Се вакцинирав. Со фајзер. Немав никаква реакција, само раката ме болеше два дена. И јас затоа не сакав сега да се вакцинирам, ама ајде бидна. Овде после 45 дена ги вакцинираат прележаните
@Skorpija25 И јас ќе се вакцинирам деновиве со Фајзер, само да видам дали ја има кај нас тука во населба.Супер што немаш реакција и 2 доза така да биде.
Ќе улетам во муабет, во кој вакцинален пункт се вакцинираше ? И некоја ако знае каде да гледам/ прашувам каде вакцинираат со фајзер? Мене ми е 3ти месец после ковид, матичната ми вика да чекам барем 4 месеци... а ме фаќа сафра веќе... и ич не знам дали да проверам антитела пред вакцина.
Ако не ти се проблем финансиите провери. Препораките на СЗО се да се вакцинираме дури и ако имаме антитела, со вакцинација ќе им се зголемел бројот. Кај нас знам важноста на сертификатите е до 45 дена е, во други земји по 6 месеци. Ама многу нејасни препораки, човек да не знае кој пат да го фати.
Да, јас сум вакцинирана со Фајзер две дози и сеуште дојам, не направив паузи, се распрашав ми рекоа да си продолжам како и предходно
Познавам доилки вакцинирани со Фајзер, Синофарм, Синовак. Немало проблем. Бремени не знам дали има вакцинирани. Сметам дека доилки може да се вакцинираат, а бремени не знам, еве јас да сум бремена не би примила никаква вакцина. Едноставно би почекала.
Каде вакцинираат со Фајзер, но да има 2 смена или сабота да работат? Во мое село нема фајзер а и до 12 вакцинираат, не ми одговара. Или број некаде да се информирам за вакциниве?
Здраво, Ако може искуства после колку време од породување се вакциниравте? Јас сакам одма после 40 дена да одам. Доктори различно ми кажуваат, некои викаат после 4 месеци, некои ми викаат одма, некои после 6 недели.
Мене педијатарот ми рече дека можам да се вакцинирам после 6 недели од породувањето, така и планирам да се вакцинирам. Исто рече дека нема никаков проблем за доење да продолжам да дојам најнормално.