Познавајќи си го моето здравје и коморбидитетите кои ги имам, а и заради мојата работа сум високо ризична, јас ќе се вакцинирам. За доењето ќе се консултирам, доколку несмее ќе престанам со доење.
Фајзер не содржи никаков вирус, тоа е прва мнра вакцина воопшто пуштена во масовна употреба. Дали и какви ефекти може да има таа на човечко здравје, времето (се надевам) ќе покаже. Кинеската има неактивен вирус ми се чини.
Да кинеската има инактивиран вирус под дејство на хемиски супстанци. По сите студии кои ги пратама треба да е најбезбедна. Инаку во врска погоре клинички студии на трудници не се вршат т.е ултра ретко....јас поддржувам вакцинација и ќе се вакцинирам, под услов само кинеска да примам
И јас сум за вакцинирање, добив совет да ја одберам на фајзер вакцината поради нејзиниот состав ама за доењето никој не коментира .
Да дополнам само. Колку само лекови што ги пиеме се тератогени. Секој втор лек, па и природен препарат е тератоген...
The effect of Covid-19 vaccines will — finally — be tested in pregnant people https://www.statnews.com/2021/02/19/vaccinated-while-pregnant-studies-needed/
Вакцината е нешто ново,вирусот е нов неистражен. Зошто не прекинеш прво со доење па после вакцинирај се. Нека ти порасне бебе нека направи 1год па одбиј го и прими вакцина зошто на толкав ризик да се изложуваш, бар јас би постапила вака. Да е мало бебе новороденче да се замислам ама секако препораките за доење се до 1г најрано да се дои
Ne sum struchna no trudnici ,doilki I mladi lugje deca mislam deka trebaat da pochekaat so vakciniranje.
@Mila_Skopje Ти спомена прво ќе го одбиеш бебето па после вакцина? Како медицинско лице , тоа по препорака за одбивање или сама одлучи?
Во прашалникот што го потполнувавме, пишува дека не се препорачува кај лица кои дојат или кои планираат бременост. Читав мн за тоа, има некои ставови дека може ама генералните препораки се да не се прима вакцината ако доиш. Бидејќи, кога ќе се вратам ќе работам на ковид одделение, морам да се вакцинирам.
Благодарам, конечно нешто поконкретно значи сепак има препорака да не се дои кога веќе ќе се вакцинира.
Сега ја гледам темава па ќе искоментирам. Кај трудници зашто не? Затоа што вакцината без разлика на кој тип е, дали рнк или атенуиран вирус или протеински дел на вирусот, создава антитела во организмот на примателот. Е сега ако сте бремени, како и се др така и овие антитела преку крвотокот пристигаат до плодот и може да го препознаат како туѓ и да направат абортус, затоа и генерално не се тестираат на трудници. За доење е слично, само што кај бебето може да направи клиничка слика на болеста. Одлуката е на секој, но кај нас нема да ве вакцинираат ако доите освен ако кажете дека не доите.