Бебе е 8м и цица,има 3 оброци,пие вода од чашка и вечерата му е со инстант каши кои имаат ад млеко и јаде без проблем.Воведов јогурт,к.млеко порано така да ако биде и пред година да направи ќе продолжам со ад млеко уште некој период.
Вчера се консултирав со докторка која е моментално на терен за вакцинирање за ковид кај медицински лица.Ми рече ако доиш вакцинирај се,може слободно.
Во право си, но истото се случува и ако директно мајката заболи и бетер. Кај бремени искрено мислам многу внимавање да си седат дома, ни вакцина ништо. Ама доилки, посебно ако одат на работа од 2 зла помалото е да се вакцинираат...
Јас се јавив кај медицинска сестра устручена за корона, рече дека нема познати негативни ефекти од вакцина кај доилки(не прашав за трудници), ама ме упати да препрашам во одделот кај што вакцинираат. Ги контактирав и нив, и таму го добив истиот одговор, ама ме советуваа да препрашам и во болницата која што ја посетувам. Сега ќе прашам и таму, а ќе го прашам и педијатарот дали и они имаат некаква информација. Информацииве ги добивам од здравствени работници во Шведска. Ај да го разгледаме проблемов од друг аспект, прашање за стручните лица: која е најлошата работа која би можела да се случи ако се вакцинирам и дојам? Дали е полошо тоа, или да си дојдам дома со корона? Работата ми е таква што имам големи шанси да работам со лица кои имаат корона.
Не би требало ништо да се случи, а особено не од месенеџер РНК вакцините, како на Фајзер и Модерна, затоа што тие користат многу мал дел од вирусот, кој најверојатно нема да стигне до млекото, а и да стигне ќе биде брзо сварен и безопасен. Според Харвард, од примањето вакцина за време на доењето корист веројатно би имало и бебето, со оглед на тоа што антителата кои би ги создала ти како мајка по примањето на вакцината, би се пренеле и на бебето преку млекото, со што и тоа би било заштитено https://www.health.harvard.edu/blog...youre-pregnant-or-breastfeeding-2021010721722
Види, пск ќе речам одлука на секого си е. Јас прашував колеги, читсв реномирани медицински списаниа кои излагаат со факти, така да сестра ид вакцинален пункт нема да прашам, особено кај нас во Мк кои прават тос што им е кажано и толку. Е сега, да, дали да се разболиш од корона или вакцина не знам, ама јас колку и да не сакам да престанам да дојам, а верувај не сакам, на 1год ќе ја прекинам и ќе примам вакцина баш за да ги заштитам неа и мм. Сепак 1 г не е малце за доење
Вакцината те штити само тебе, а не и тие околу тебе. Доколку се инфицираш може нема да развиеш болест (не сериозна), ама ќе можеш да го пренесеш вирусот, затоа се препораките да продолжат мерките од тип дистанца/маска и покрај вакцинација. А за тоа дали и што страшно може да се случи, ќе видиме откако ќе примат тие што дојат, па ќе ни кажат после научните податоци. Дека сега не ја испитуваа на бремени и доилки, стварно не би знаеле да ти кажеме.
Јас се јавив на повеќе места, тука добиле информација дека е безбедно доилки да ја примат вакцината. Од она што можам да го видам на официјалната страна, ги примаме овие вакцини “Moderna и AstraZeneca“. Педијатарката ме охрабри да се вакцинирам, рече : не е познато дали оди преку млекото, ама дефинитивно нема штета да му направи на бебето.
Има ли некои информации за руската вакцина? Од овие горенаведените на ниту една не би се нафатила за брзо време.
Оф, се чека ред и за закажување за чекање на ред. Ѕвонам упорно за да закажам, ќе ве известам накнадно. Како тргнало, попрво ќе престанам да дојам отколку да се докопам до вакцина.
https://pedijatar.mk/mala-studija-n...nIrd78yXUKQhFYfapVr86GCLLSC8EjWRBQygwYj4ZWWSU Прочитајте, не се знае веќе на што да се верува, ама ако е вака, супер.
Статија за Фајзер и Модена дека се безбедни и ефикасни кај бремени и кај доилки. Дали знаете каква е ситуацијата со Астра Зенека... https://plusinfo.mk/fa-zer-i-modern...doilki-antitelata-se-prenesuvaat-na-bebi-ata/
Јас дојам ќерка ми е 10 месеци со мажот ми планираме да се вакцинираме во Ниш. Бев скептик, планирав да ја одбијам за да примам вакцина но штом се безбедни Модерна и Фајзер не ја одбивам ќе ја дојам додека она сака