Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцинирање на доилки и трудници против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од PurpleMind, 17 февруари 2021.

  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Воглавно за трудните препораките се од случај до случај. Ако е на ризично работно место, со хронични болести и слично
    Еве Германија мислам уште нема официјално одобрено вакцинирање на бремени, ама бремената може да одбере еден или двајца со кои е во постојан контакт да бидат приоритетно вакцинирани
    Кај нас пак, официјално исто нема одобрение за вакцинирање на бремени, ама има посебна мерка за нивна заштита, ослободени се од работа, што не знам во која друга земја го има. Затоа и мислам не се бар кај нас приоризирани за вакцинирање, и не верувам дека ќе дадат таков приоритет.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lepoticata

    Lepoticata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Не сите се ослободени од работа, еве јас не сум. Ама не е само работата проблем за трудници, туку се и сите прегледи по болници, и на крај, породување во болница, каде има еден куп случаи што трудници отишле без корона, а дома се враќаат заразени, заразуваат и аопруг и новороденче, и плус мора изолација, кога баш ти е најпотребна помош од фамикија, патронажни сестри, прегледи за бебе и мајка. И баш треба да се вакцинираат пред да се породат, дека со време ограничени, ама тоа е.
     
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    @Lepoticata законот ги ослободува сите бремени жени. Ако има работодавци што не одобруваат, треба да се пријават, ама тоа е на лична желба на бременото лице. Иначе со закон сите се ослободени.
    Мислам не им се ризикува на нашето министерство да дадат комплетна согласност, зашто и потазе се истражувањата врз бремени жени, мислам февруари/март почнаа фајзер, а гледам следат што прави ЕУ, тоа и тие
     
    На ruzoo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.856
    Сум слушнала ургентна вакцина, баш за трудници, ама тоа е пример вакцина против тетанус. Има и една кашлица што не знам точно што име има како болест, ама и за неа даваат ургентна вакцина. Во суштина, за трудници сум чула дела даваат, ама баш кога има итност и кога е животот загрозен и секако, кога вакцината има ефект веднаш. За короната не можам да направам споредба во таа смисла. Знам дека вакцини за морбили е строго забрането, од случај на блиска што беше бремена во епидемијата, ама мислам таа е на жив вирус базирана, но не сум 100% сигурна.
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.911
    Допаѓања:
    179.188
    Сите вакцини одобрени од сзо се за ургентна употреба. Не за трудници, општо. Што значи ургентна?:?:
     
  6. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.856
    Леле сфатив, не е ова ургентност во смисла на здравјето на човек поединечно, туку на ситуацијата. Јас буквално сум го сфатила ургентност. Олеснување на процесот на одобрување заради пандемијава значи, тука за значењето повеќе https://www.fda.gov/vaccines-blood-biologics/vaccines/emergency-use-authorization-vaccines-explained#:~:text=Under an EUA, FDA may,are no adequate, approved, and
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    IMG_20210516_143631.jpg

    Колку што можев да најдам, и ставот на ЕУ и В.Британија е ист. Вакцинација каде што индивидуално е проценето.
    Поради малиот број на случаи испитани, мислам дека не би ризикувале нашите јавно да ги повикаат бремените да се вакцинираат, а и официјалниот став на мз пак сметам ќе зависи од тоа кога ЕУ ќе одобри кај нив
     
    На Jana06 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    'Current recommendations' за мене не е доволно туку ми е само правилен избор на зборови за нивна заштита. Посебно прочитајте ја првата реченица од сликата @kravce што ја има постирано. Као избери го помалото зло. Nope, not good enough :shake:
    Цела пандемија се плукаше по СЗО во другата тема, 90% од трудниците ги величеа гинеколозите што сега се напаѓаат.
    Убаво си пишува дека секоја трудница треба да си одлучи за себе по консултација со гинеколог.
     
    На kravce и Biljarkata им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.104
    Допаѓања:
    87.912
    Пол:
    Женски
    Др.Драган Даниловски

    Ниту една ковид вакцина не е испитувана на трудници. Она што се знае е врз основа на согледувања кај некои учеснички во испитувањата, кои во меѓувреме останале бремени (за вакцините на Фајзер, Модерна и Џонсон и Џонсон, одобрени во САД). Кај нив не биле констатирани никакви негативни дејства врз плодот.

    Од друга страна, ниту една ковид вакцина не е „жива“ вакцина, па тоа кажува дека би требало и другите да се безбедни - врз основа на искуства со „мртви“ вакцини за други болести.

    Сепак, се препорачува, со вашиот лекар да процените дали сте изложени на високи ризици од заразување со вирусот (на работа, дома, во средината во која се движите) и ако се високи, да донесете одлука да се вакцинирате, затоа што ако се заразите, ризикот за детето би бил неспоредливо повисок.

    Ако ризиците за заразување не се високи или ако сте во состојба да ги избегнете/намалите, најдобро е да почекате прво да се породите.

    Како доилка смеете да се вакцинирате со било која вакцина. Тогаш дел од антителата што ќе ги стекнете со вакцинирњето, преку млекото ќе му се пренесат на детето. Така, тоа ќе се здобие со делумна заштита од вирусот.
     
    На mal.ecka, SkarletOHara, Chuchanov и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Сања С.

    Сања С. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2020
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Доилка сум и по претходна консултација со повеќе доктори, меѓу кои и имунолог, се вакцинирав со фајзер.
     
    На natasam, SkarletOHara и Chuchanov им се допаѓа ова.
  11. Andra

    Andra Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.667
    Пол:
    Женски
    Doilka sum, bebe 11m pred 2 dena se vakcinirav so Sinofarm. Mozev da odberam fajzer ili sinofarm, ja odbrav sinofarm zaradi nacinot koj e napravena. Iskreno fajzer me plasese imunoloskata reakcija posle primena doza. Nemam prelezano kovid a I sum zdrasven rabotnik.
     
    На Ednostaven, mal.ecka и Филотеа им се допаѓа ова.
  12. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Кај се вакцинирање? И колку години си?
     
  13. Andra

    Andra Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.667
    Пол:
    Женски
    Boriz Trajkovski 36 god
     
  14. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.884
    Пол:
    Женски
    За трудници мислам дека би било во ред да добијат предност за вакцинрање, но само ако е 100% безбедно. Јас кога би била бремена не би се вакцинирала чисто заради претпазливост. За доилки не знам. Ама бидејќи не сум некој фан на доење, ако ситуацијата била алармантна со вирусот би го одбила малото од доење и би се вакцинирала за да го заштитам и него и тие околу мене.
     
  15. Lepoticata

    Lepoticata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Јас сум трудница и доилка, се вакцинирав со Фајзер пред скоро 3 недели, понеделник ќе одам втора доза. Ако некоја ја интересира инфо, нека праша. Дали има друга трудница што се вакцинираше?
     
    На Ogica1 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  16. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.048
    Допаѓања:
    118.805
    Пол:
    Женски
    Доилка сум, исто со тебе сум вакцинирана, сега во понеделник и јас сум за ревакцина
     
    На Ednostaven, mal.ecka и Lepoticata им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Кој сака да прочита за вакцинирање на бремени со фајзер и модерна
    https://www.nejm.org/doi/full/10.1056/NEJMoa2104983
    https://www.nejm.org/doi/full/10.1056/NEJMe2107070
    И покрај малата група и недостигот на многу информации, препораките се да се вакцинираат бремените. Зошто?
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kom.pot

    Kom.pot Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    1.815
    Како помонавте со вакцината? Јас сум доилка бебе е 7 месеци.
    Сакам да одам да се вакцинирам , ама и некако ми е дтрав. Имавте некои реакции? И со доење си продолживте нормално?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.048
    Допаѓања:
    118.805
    Пол:
    Женски
    Добро поминавме и јас и бебе, веднаш ја доев и на вакцина и на ревакцина.
    Првиот ден по боцкање имав болка во раката и бев малаксана и се ме болеше, главоболка.
    Потоа ништо немав.

    Работам ризична професија, и одбрав да бидам заштитена со вакцина.
    Имам и други болести, затоа не ми се ризикуваше
     
    На mal.ecka и Kom.pot им се допаѓа ова.
  20. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    Сега читам Синовак одобрена е за трудници и доилки?
     
    На mal.ecka и Chuchanov им се допаѓа ова.