Добив термин за вакцина за 30, а моментално сум со растечен нос, болки во грло, малаксана сум, два дена сум со парацетамоли, не знам со која вакцина валцинираат, претпоставувам новата што пристигна, да отидам па докторите да одлучат дали сум за да се вакцинирам? Или да си отидам утре кај матичната.
Јас се вакцинираво со фајзер, доилка сум. Супер поминав, веднаш си го доев бебето, немаше никакви реакции ни кај мене ни кај бебуш. Ќе видиме со 2 доза како ќе е
@Kom.pot @Alishan30 @Andra дали вашиот педијатар сметаше дека е безбедно за бебе... Реално како доилки се разликуваме од останатите поради фактот што и друг живот зависи од нас. Јас за мене воопшто не се мислам, страв ми е само за бебе.
Се консултирав со повеќе лекари, за скоро 8месечно бебе колку што беше тогаш ќерка ми, ми рекоа да се вакцинирам. Најмногу заради ризикот од зараза на кои сме изложени а не сме ни прележани. Затоа одлучив. Никој не ми даде документ некаков, во разговор со нив и други мои колешки вакцинирани, решив да се вакцинирам.
@Poppins @LucyLu поминав само со болкаа во раката полесно ми беше кога работам нешто но штом си легнам болката беше посилна,веднаш ја доев ќерката многу лесно поминав,со лесно и вас
Има искуства на бремени вакцинирани? Добив порака за вакцинација ја прашав и докторката што ми ај води бременоста ми рече не ти препорачувам вакцина со оглед на тоа дека сум 12 недела. Прашав и доктор специјалист од Бугарија ми го рече истото, до 6ти месец се случувала ембриогенезата на плодот и исто така ми рече да не се вакцинирам. А слушам по телевизии синовак била безбедна за бремени и доилки. Затоа ако може некоја да сподели искуство. Ви благодарам.
Да се самоцитирам, во групата КОВИД 19 на фејбук имаа поставено прашање на Др. Никола Пановски за вакцинирање на бремена жена во првото тромесечие. Неговиот одговор беше вакцинирање после 6 месец со фајзер.
Прочитав инфо на Твитер,не тврдам дека е 100% сигурно. Во Четврток 8.7 од 10-12ч ке вакцинирале доилки со Фајзер во Б.Т. Иначе јас имам примено прва доза Модерна,доилка сум,немав никакви раакции,освен болка во раката.
Dali imate mozebi nekoja informacija dali bi vakcinirale utre vo B.T i bez termin ? Jas imam termin za 09.07, no sakam da se vakciniram so pfizer...
Мојот гениколог ми вели да се вакцинирам, а јас сум 9 недели и 5 дена бремена,вели фајзер само на два памета сум
Да ти кажам искрено сега и ме замисли, ама јас не би ризикувала пред 7ми месец. Вакцини сигурно ќе има и понатаму а сега со фајзер само децата ќе ги вакцинирале над 12 години. Кај нас и нема некој избор.
И мене мие страв незнам што да правам,докторов ми вели повеќе штета ако фатам вирус би било отколку вакцина,дека безбедна била фајзер и кинеската исто така дека може
Денес се вакцинирав со фајзер. Веднаш си го доев бебе. За сега имам само болка во рамо, што е очекувано и нормално. Се консултирав со повеќе лекари, особено ми беше битно мислењето на педијатарот но сите беа за! Ризикот од болст е многу поголем од стравот од вакцина
Јас се распрашав по доктори (гинеколог и инфектолог) не добив конкретен одговор ни за да ни за не. Дека се вакцинираат по светот со фајзер и дека е моја лична одлука тоа ми кажаа. 21 недела сум и на терминот за вакцина не отидов. Следна недела сум на скриниг па ќе го прашам докторот за мислење. Многу сум во дилема. Од една страна сакам да се заштитиме двајцата од друга страна пак нема доволно инфо за кај нас и ми е страв некако. Размислував ако е се во ред на скринингот органите ако се оформени може и да се решам за вакцина. Ајде ако има трудница вакцинирана нека сподели искуство. Што ви викаат матичните?