Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    746 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Искренo се нaдевaм декa немa ниту ветеринaр дa стaнеш, не дaј бoже дoктoр. Тoa е прoфесијa зa дoблесни луѓе a не спрoведувaчи нa сoпственaтa вoлјa и личните убедувaњa скриени зaд пaрaвaнoт нa истaтa.
    Утре ќе стaнеш дoктoр пa ќе си дaдеш зa прaвo дa oдиш пo улицa и дa вaкцинирaш децa зa дa ги спaсиш oд "несoвеснoстa" нa нивните рoдители.
    Пo пoстoвиве мoжaм дa зaклучaм декa мaјкa сеуште не си пa зaтoa тaкa леснo ги oтпишувaш oштетените дечињa кaкo кoлaтерaлнa штетa. Зa тебе се сaмo брoјки.
    А мaјките кoи те пoддржaa вo мислењетo не дaдoa oдгoвoр нa мoетo прaшaње. Пoлеснo е дa се нaвредувa и игнoрирa. Oвде дискусијa зa жaл немa.
     
    Последна измена од модератор: 10 март 2018
    На Centurion, Alisa22, yarre и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    ЗА вакцини - од пусти страв да не заболи детето од нешто.

    ПРОТИВ - во самиот состав на вакцините има 'чуда' од кои ќе ви се крене коса што се ние сме примиле во нас, не се знае чиво потекло се (да побарате потврда ќе ви речат потеклото е непознато), прашање е ако вакцините се нормални, зошто многу деца после тоа имаат покачена температура (значи очигледно организмот се мачи нешто), зошто после таа една вакцина децата добиваат аутизам (баш тогаш, а не претходно), зошто научникот кој тоа го открил беше мистериозно најден убиен (како еден куп слични случаи)....?????
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.621
    Пол:
    Женски
    Со недостаток на аргументи, почнуваме со лични навреди и дисквалификација.Во ред е, моите ставови ги изнесов.Времето ќе покаже кој бил во право иако смртните случаи на деца ни се предвесник на се што ќе се случува :)
     
  4. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Смртни случaи oди сoвршенo сo смaјли вo истa реченицa. (facepalm)
     
    На Centurion, mariz, sofi2107 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Kako што гледам ти си таа која прва почнала со навреди ...
     
  6. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    @tamche995

    Времето веќе покажува, цело столетие наназад. Некој треба да сака да ги види статистиките. А ставовите не се ни твои. Твои ќе бидат кога ќе го искористиш она што времето ти го покажува, и кога ќе ги споредиш со тоа што беспоговорно го учиш земајќи го здраво за готово. Е тогаш ставовите ќе бидат твои. Ако успееш да се оттргнеш од војничкото устројство кое го наметнува медицинскиот начин на учење. Како доблесните лекари, спомнати во емисијата на претходната страна. Со нив човештвото има барем некоја шанса.
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.288
    Допаѓања:
    158.025
    На theowndemon, JoyJoy, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  8. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Ух, со релативно малку потрага, и ова „истражување“ изгледа е скапо платено, највеќе со злоупотреба на пари, но и омаловажувања на родителите чии деца настрадале од аутизам. Профит и на маката.
    Ова „истражување“ и останатите, дебело (пот)платени. Кое ѓубре од човек овој Др. Роб Ринг

    http://www.ageofautism.com/2016/07/dr-rob-ring-and-what-went-wrong-at-autism-speaks-everything.html

    Еве едно купче студии кои го кажуваат токму спротивното.

    https://www.scribd.com/doc/220807175/145-Research-Papers-Supporting-the-Vaccine-Autism-Link
     
    На Centurion му/ѝ се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.708
    Допаѓања:
    35.665
    Пол:
    Женски
    НемогуЌе. Како секогаш успеваш да најдеш "веродостојни" истражувања? Значи браос :clap:

    п.с А имаш ли докази за тврдењето дека ова се платени истражувања? А твоиве демек не се? Упс... заборавив, вие сте секогаш безгрешни.
     
    На Heidi, fana, TheSecret и 2 други им се допаѓа ова.
  10. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Веројатно со начинот на кој барам информации за се останато, па така и за вакцините. Ако размислував делумно и еднострано, досеа требаше пола планета да поцрка од измислените и нарачаните ебола и зика, претходно свинскиот и птичот грип, а сега се спрема мистериозната болест „Икс“.
    Најсвеж пример е „епидемијата“ од емпириски размери, која е во соседна Србија, која ете само што не ја нападнала Македонија, која ете некако чудно се појавува кога веќе голем број на родители го одбиваат коктелот наречен ММР, а бројот на заболени/непознати/вакцинирани одлично изманипулиран. Упорно одбиваат да го објават типот ( сојот) на сипаниците на заболените, веројатно да не се види дека потекнува од вакцинираните.

    Новинарката ( не лекарка ) седнала и истражила. Досега е не попила тужба за некакво лажирање ( го проверив и ова :) ) , а да сакаа жива ќе ја растргнеа. Да ги објавела доказите, досеа ќе завршеше под некој трамвај или ќе имаше вила на некој остров ( Да, и ова го истражив ).

    И да безгрешни нема. Само грешките се намалуваат кога повеќе ќе навлезеш во одредена област.
     
    На Centurion му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Се читаш ли ти девојче, @Annath те рашамара со факти и аргументи после кои треба со наведната глава да и кажеш: извини и фала, а не да се закопуваш во својата неукост. Те просветли како да ти кажам - Ако те вреѓа реалноста, те молам чувствувај се навредена. Самата себе си се дисквалификуваше на темава.
     
    На emkaemka и joy1 им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.191
    Допаѓања:
    88.806
    Пол:
    Женски
    До сега, не постои релевантно,докажано и признато научно истражување кое докажало поврзаност меѓу ммр и аутизам.
    Крај.
    Ти можеш да пишуваш колку сакаш ,да им правиш штети на тие кои читаат,да се правиш поголем стручњак од стручњаците,но во суштина си едно мало човече кое препознавањето го прави играјки со најдлабоките стравови,а воедно ги остваруваш тие стравови.
    Е па радувај се ,морбилите секако до лето ке се пренесат кај нас.
    Ке мудруваме тогаш за хигиена кога ке ги испракаме луѓето во бутел?

    Епидемијата во Србија однесе 10 животи,тоа е преголема цена,но малку се за вашите антивакцинални мозоци кои за жал неможат да ја сфатат користа на колективниот имунитет.
    Колку треба да умрат за да го задоволи вашиот таргет на опасност?
    Едно е јасно како бел ден.
    1 .Најголем број од заболените (94%)во Србија се невакцинирани или вакцинирани со една доза.
    2.Најголем број на заболени во Европа за 2017 се 87% невакцинирани.
    3.10 смртни случаи во Србија(невакцинирани,вакцинирани со една доза и со непознат статус)

    За жал најголеми жртви на вашата кампања се овие деца,кои не смееле да бидат
    вакцинирани.
    Njih krivim za sve što se Nađi dešava, jer da se nije dogodila epidemija, moje dete ne bi sada bilo biljka - kaže Dragana, koja dva meseca svoju ćerku nije držala u rukama.

    Честитам.
     
    На fana и Yowannty им се допаѓа ова.
  13. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Кај нас на децата односно бебињата не им се прават генетски испитувања пред да се вакцинираат, дури до пред некоја година ниту крвна слика не им правеа.



    Ова е линк на кој можете да слушнете што кажува Нада Поп Јорданова (педијатар и детски психолог) која е академик на МАНУ, од 1 минута на снимкава до кај 3-та минута барем ѕирнете
    вакцината е тригер за појава на аутизам - мене како родител ме боли уво дали е тригер или причинител, кога на крајот на денот си играм руски рулет со детето, и завршувам со аутистично дете. На крајот на денот немора само да се ориентираме на аутизмот како последица од вакцината, има во тоа упатството од вакцините уште низа болештини кои можат да те спопаднат.

    Никој јавно нема да се противи на вакцинацијата од педијатрите, ниту ќе има студија која тоа ќе го докаже бидејќи ние не можеме ниту да си го замислиме профитот од вакцините.

    Мојата пријателка со која во иста година го добивме првото дете, веднаш после ставањето на ММР вакцината во државна болница три дена на својата ќерка и бришеше пена од уста, малата падна у кома.
    Од здраво и право дете да добиеш болежливо дете, што беше одличен исход од она што се прогнозираше.
    Никој во Македонија не го забележа тоа како последица од вакцината.

    Колективниот имунитет може да настане само по природен пат, кога 80% од населението ќе си ги прележи сипаниците пример.
    Вакцинацијата не може да обезбеди колективен имунитет, бидејќи нивната заштита во најдобар случај трае 10 години, а ние според календарот за имунизација последната вакцина ја примаме на 18 години, значи популацијата која има над 28 години не ти е во стадото. Си играат со терминологијата како им одговара. Парите одредуваат што ќе ни се сервира.
     
    На Stories, yarre, Centurion и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    JUNK SCIENCE или срам на модерното време. Погледнете само како ги штелуваат студиите најпознатите имиња во модерната наука, како CDC, Harvard, Yale. ГИ исфрлаат од студијата сите случаи кои покажуваат врска помеѓу вакцината и болеста.

    Во најновата студија ја тестираат безбедноста на вакцината за пертусис која ја даваат на бремени жени (да, во Америка вакцинираат бремени жени, лудаци)
    За да студијата покаже дека вакцината не е штетна во бременоста, исфрлиле 84.000 случаи и тоа:
    19.000 близнаци
    16.000 кои немале специјална нега која вклучува купување pre-mama типови на вештачки препарати кои ја полнат фарма индустријата со пари. Сите знаеме дека производите за трудници се неколки пати поскапи.
    13300 со вродени дефекти
    8300 невакцинирани
    7800 предвреме родени
    1050 вакцинирани трудници со жива вакцина.
    16.000 кои се родиле природно
    60 кои умреле при раѓање во болница

    Со ова ги тргнале од студијата сите случаи кои може да покажат дека вакцината може да направи штета. Вродените дефекти може да бидат директна последица на отровите од вакцината, како алуминиум или жива.
    Тргањето на невакциниранит е одлична прилика да се тргне контролната група настрана, да не се види колку невакцинираните се поздрави...Се што му сметало исфрлиле од студијата. Жалосно е што се се продава како наука денес.

    Прочитајте ја целата статија

    https://jameslyonsweiler.com/2018/0...of-junk-science-pertussis-vaccination-in-pre/
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  15. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.218
    Допаѓања:
    181.540
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира нешто, дали вие кои сте категорично ЗА или ПРОТИВ, сте 100% сигурни во тоа што го тврдите. Во смисол, дали се појавува барем малку сомнеж околу одлуката, дали е правилна? Јас генерално сум за, но моите стравови постојат и кога вакцинирам, и ќе постојат и кога би се одлучила да не вакцинирам. Секогаш постои она "што ако". За аутизам верувам, но не можам да тврдам дека не постои поврзаност, но дека можат да се јават страшни реакции од вакцина, можат. Од друга страна, вакцините против тетанус и беснило, се неизбежни доколку има потреба. Инаку, како бебе и тодлер ги имам прележано рубеола и мали морбили, и повторно ме вакцинирале, по препорака на педијатар. Според мене непотребно. Мали морбили префатив од братучед ми кој имал 17год. и не смеел да се вакцинира поради лоша алергиска реакција. Поминал без последици. Варичела прележав на 6год., тоа се сеќавам. Сум за вакцини, но против задолжителна вакцинација, од причина што времињата се менуваат, со тоа може и нашите ставови да се сменат. Веќе воведуваат вакцини кои според мене се непотребни, а може да станат задолжителни.
     
    На koste81 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    @Centurion
    Благодарен за ликов - James Lyons-Weiler Одличен логичар.

    @NarCis@
    Мислам дека прашањето кое го поставуваш наназад го има барем 5 пати на темава. Иако е огромна, ти препорачувам да ја фатиш од почеток. Има одлични информации, има барања на логичности. Одлуката мора да биде само твоја. Прескокнувај ги караниците - не се продуктивни. Имаш и доста сведоштва...
    Греби ! :)
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.218
    Допаѓања:
    181.540
    Пол:
    Женски
    @yarre ја пратам темава колку што можам и логичности има и на двете страни, ако мене ме прашуваш. Но, еве конкретно на прашањето колку сте сигурни во вашата одлука, би сакала одговор. Се разбира, тоа важи доколку имате деца. Тогаш сѐ се менува.
     
  18. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.621
    Пол:
    Женски
    Секоја чест :) Кажав и погоре "Времето ќе покаже..." затоа и не им реплицирам.
    Невакцинираните деца кога ќе заболат нека си ги лекуваат сами дома! Па, ќе дознаат што значи Имунизација.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.218
    Допаѓања:
    181.540
    Пол:
    Женски
    Раните знаци на аутизам пред да наполни детето 1год. може да ги препознае само стручно лице. Се остава до 3год. да се види, доколку има аутизам да не се поврзува со вакцината. Ова ми е кажано од неколку дефектолози.
     
    На JoyJoy, tamche995 и Stories им се допаѓа ова.
  20. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Пред 9 страни го објаснив во целост мојот пат и мојот став. Не постои родител кој одлучил да не го вакцинира своето дете, па се предомислил.
    Јас тешко стигнав до сигурноста во мојата одлука, впрочем секако дека не е лесно. Во проценти ? 100!
    Низ постовите, пак ќе кажам ако ја фатиш темата, ќе видиш дека имам деца.

    https://forum.femina.mk/threads/Вакцини-ЗА-или-ПРОТИВ.12657/page-191#post-3821342
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.