Ова мислење го прочитав, но ме интересира дали би го вакцинирал детето против беснило конкретно, доколку биде каснато од бесно животно. И ако не, што би превзеле?
Секако дека мора да се прими Serum Antirabicum,Tetanus ако е каснато од куче(животно) кое што не е вакцинирано и е под сомнение за Беснило. Специфична терапија против Беснило за човек нема, освен серумот, а смртноста без него е 100%. (Не ве напаѓам, дискусијата конкретно е за редовната вакцинација, овој серум не спаѓа под редовни)
Јасно, но сакам тој да ми одговори. Мене поентата ми е дека не е сѐ црно-бело. Еве нека биде и тетанус. Доколку дојде до повреда, дали би вакцинирале превентивно или ако има бактерија би ја лечеле?
11жртва во Србија. Според српските епидемиолози,најзаштитени се вакцинираните со две дози и ммр.Бедемот на колективниот имунитет го прават вакцинираните деца. Но,За жал антиммр кампањата што се водеше последниве 10 години во Србија ,и екстремниот пад на вакцинирани ,а со тоа и падот на колективниот имунитет ,донесе до оваа трагедија во 21 век да умрат 11 луѓе. . Интересно главниот лидер на антивакциналците во Србија,психијатарот Јована,подржувач на еугенетиката и на Слаѓана Велков и што има за неа и нејзините ставови,да каже универзитески професор-епидемиолог. https://www.danas.rs/dijalog/licni-stavovi/doktorkin-krstaski-rat-protiv-vakcinacije/ Зар може некој со здрав разум да дозволи да биде заведен од ликови ко Јована.
Дајте, почнете да употребувате Search, треба да се повторувам. Под претпоставка дека ви делува екстремно, јас само ќе ви кажам дека не . Прво, за беснило има процедура, како и што се прави, и кога се прави. Серуми не би примил по никаков автоматизам. Чинам последниот случај на беснило беше 2014 година во Велешко. Вакцините беснило се изборни по светот, не знам дали ги има кај нас, а серуми кај нас се шприцаат и за гребаница од мачка. За тетанус. Ни вакцина ни серум. Да не се објаснувам пак. Упалете логика пред ( ако ) го прочитате краткото објаснување. http://holisticlifemama.com/no-dont-need-tetanus-shot-4-reasons/ @Cosmi А што конкретно вика овој психијатаров Јована ?
Јас да ти кажам,ефтино пробуваш да ме вовлечеш во расправа за неа,Па си знаеш ти што вика,а и прифатливо ти е бидејки го спроведуваш она што таа го пропагира,одење на форуми каде што се претежно трудници и мајки и сеење страв,нели.Имаш ти долгорочно такво искуство. Блог на домакинка од Австралија.Сериозно. Заради вакви блогерски написи,деца се оставени невакцинирани Витамин Ц? Време е државите да си ги заштитат децата.
@yarre на форум си, ќе се повторуваш ако сакаш да докажеш нешто. Овде не сме ученици кои мора сѐ да научат до јуни, инаку нема да поминат година. За беснилото, ќе го преформулирам прашањето. Доколку се испита и испостави дека животното е заразено со беснило, дали би примил серум? Значи не по автоматизам и не поради гребаница од мачка. Јасно ми е дека не би примил вакцина превентивно. Инаку темата е Вакцини: за или против. Јас подразбирам дека не е само за редовната вакцинација. Во врска со тетанусот, единствено логично од тоа што го прочитав, е дека доколку се зарази лицето со тетанус, вакцината нема да помогне, затоа што треба време за да створи антитела. Значи без претходна имунизација. Сѐ друго мене ми е непозната област и не можам да тврдам дека е или не е така, едноставно не е моја струка. Зедов прогуглав и изгледа гугл е повеќе за вакцинација превентивно. Сајтот кој ти го постираше мене не ми изгледа веродостојно. Најдов само еден сајт кој го содржеше зборот holistic, со слична содржина на твојот и тука сѐ ми стана јасно. Овде веќе станува збор за различна философија и поглед на медицината.
@Cosmi Во отсуство на конкретни аргументи, познати се начините на девалвации на личности. Нит ти си го измислика нит е ново. Прашав конкретен аргумент и не е никакво навлекување. @NarCis@ Мислам дека доволно и добро се објаснив. Докази прават некои други, а јас споделувам оние кои за мене се логични. Не е до погледот на медицината, до погледот на животот е. Јас го правам она што за мене е логично и најиздржано. Не сум слеп фоловер на догми, особено оние кои низ времето се покажуваат за неучинковити и опасни.
Јас сум ПРОТИВ вакцинација 100% и сигурна сум во својата одлука, секако ми требаше време додека да се осетам целосно сигурна. Мораш да правиш разлика помеѓу вакцина и серум против тетанус или беснило, тоа се две различни работи, освен тоа се дава кога навистина за тоа имаш потреба ако некогаш имаш, а не на бебе од 4-5 кг. Секогаш дома имам хидроген 3%, со тоа ја чистам секоја рана. Уште кога ќе се сетам дека ДиТеПер вакцината кај нас до пред три години воопшто ја немаше во регистарот на лекови, а беше со жива, од Бугарија - си викаш во нашево здравство на се` можеш да налеташ. Се залагам за слободен избор, кој верува во заштитата со вакцинација нека се заштити на тој начин, а кој несака да се вакцинира не мора да се вакцинира. Секој ќе си се грижи за своето здравје на начин на кој што сака и верува. Ги бројат жртвите од морбили, ајде да почнеме да ги броиме починатите од карцином.
Темата е за вакцинација воопшто, јас колку што гледам. Инаку конкретно прашав за серумот во дадената ситуација, не за вакцината (со тоа правам разлика, нели ) но сепак не добив одговор. Нешто со кое се сложувам со тебе, е дека кај нас сѐ и сешто може да се протурка, непроверени вакцини, фалсификат лекови итн., и тоа кај секој разумен човек предизвикува сомнеж. И пак ќе кажам, иако вакцинирам, сум против задолжителна вакцинација и мислам дека треба да биде право на избор, баш поради причините кои ги наведов погоре.
Ти не праша за серумот ти посочи конкретно цитирам: "Од друга страна, вакцините против тетанус и беснило, се неизбежни доколку има потреба." Одговор од мене доби.
Прашањето го преформулирав во наредниот пост, да се самоцитирам: "Доколку се испита и испостави дека животното е заразено со беснило, дали би примил серум? Значи не по автоматизам и не поради гребаница од мачка. Јасно ми е дека не би примил вакцина превентивно." На ова прашање не добив одговор, кое не беше упатено до тебе.
11тата жртва во Србија. Само да ги потенцираме лагите што ги пропагираат. Женава е вакцинирана а ја претставуваат како невакцинирана!!! Таа е родена 85та година, а во периодот 1973-2005 сите добивавме по 1 вакцина. Втора не постоеше, ја воведоа втората вакцина по 2005та бидејќи вакцината не е ефикасна. Сега вакциниранава жена ја ставаат во групава нецелосно вакцинирани односно невакцинирани а таа е уредно вакцинирана. Ја укривуваат жената дека сама е крива што умрела, бидејќи била неодговорна и невакцинирана. Да не била вакцинирана ќе се прележала сипаници на 10 години и ќе имала доживотен имунитет, вака ја фати болеста на 32 години кога потешко се прележува. Вакцинава ја уби женава, а медиумите ја осудија жртвата. Билансот на вакцинирани вс невакцинирани жртви од орбили во Србија сега е 9:2 во корист на невакциираните. Вакцинираните далеку повеќе умираат од морбили и време е да се прашаме зошто? Можеби затоа форсираат на 100% вакцинација, за да нема доказ дека невакцинираните многу полесно ја пребродуваат болеста, нивниот имунитет е посилен? Втората лага е дека пневмонијата е предизвикана од морбили. Вирусот на морбили не предизвикува пневмонија. Тоа го прават други вируси и бактерии. Вирусот на морбили го ослабнува имунитетот кога организмот се бори со него. Ако имунитетот е слаб организмот е подложен на бактериска или вирусна пневмонија. Тоа се случува често при настинка, грип, или општа слабост на имунитетот. Медицината треба да ја излечи пневмонијата која убива по 4 милиони луѓе годиншно, ама не знае. Знае да лаже и да ги укривува невакцинираните за се. Ако не може нив, тогаш удира на вакцинираните.
И за ова ли се виновни вакцините? Интересно. Го најдовме виновникот за сите болести. Само... што правиме што карцином како болест постои и пред воведување на вакцините?
Има корелациона и каузална врска помеѓу вакцините и ракот и многу други болести. Но остави го тоа за момент, нели ти смета тоа што медиумите лажат и манипулираат со народот? Вакцинираните жртви ги претставуваат како невакцинирани. Ти утре ако се разболиш ќе те кажат на телевизија и ќе речат дека си нецелосно вакцинирана и ќе те стават во групата на нецелосно вакцинирани, односно невакцинирани. Нели ти смета ова?
А каде прочита тврдење дека вакцините нудат 100% заштита? Го игнорираш фактот дека 99% жртви се невакцинирани, а се фаќаш за тој 0,01%? За да докажеш поента? Хм.... нели ви беше гајле за здравјето?
Па токму на овој начин ги прават тие 92% невакцинирани, нецелосно вакцинирани, лица со непознат статус. Сите вакцинирани ги прикажуваат како нецелосно вакцинирани или со непознат статус. Ти ако се разболиш утре од морбили ќе те претстават на телевизија како нецелосно вакцинирана, а ти си вакцинирана. Односно тебе ќе те стават во групата на невакцинирани. Ти смета ли тоа? А биди сигурна дека ќе се разболиш ако дојдиш во контакт со вирусот, таа вакцина од пред 20-30 години штити помалку од амајлија. А не дај боже ако умреш од пневмонија, медиумите ќе те направат тебе крива што си нецелосно вакцинирана. Тебе ова нема ли да ти смета??
Лажната сигурност на вакцините. Како и кај првите двајца од К.Митровица, поради кои беше прогласена епидемија - вакцинирани обајцата. Вирусот на морбили го шират вакцинираните и ревакцинираните. Јас ќе причекам за типот ( сојот ) ако го кажат. http://dnevnizurnal.com/sok-u-vrticu-u-beogradu-vakcinisano-dete-dobilo-morbile/