Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Discussion in 'Бебе' started by bebaa, Jun 9, 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    761 vote(s)
    76.2%
  2. Против

    238 vote(s)
    23.8%
  1. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Joined:
    Jul 28, 2020
    Messages:
    3,464
    Likes Received:
    12,265
    Gender:
    Female
    Ај не шири дезинформации кога се користеше тровалентната се регистрирани случаеви на полио, денес не се користи тровалентна туку двовалентна, и олади малку оди живеј не ги замарај 10 години сите на форумов со твојте теории како давеник за стап
     
  2. yarre

    yarre Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2012
    Messages:
    915
    Likes Received:
    801
  3. Ангелче7890

    Ангелче7890 Активен член

    Joined:
    Mar 27, 2024
    Messages:
    6
    Likes Received:
    3
    Gender:
    Female
    Здраво мајки детето ми е 18 месеци а уште го немам однесено за да ја примни вакцината што е за година МРП денеска добив покана да го однесам ама мене ми е страв ве молам за искуство.
    Ви благодарам.
     
  4. ija

    ija Популарен член

    Joined:
    Mar 21, 2013
    Messages:
    1,140
    Likes Received:
    809
    Јас ја вакцинирав на 15 месеци ме побараа на телефон собрав храброст и ја однесов никаква реакција немаше, мене искрено да не ја примеше шубе ќе ми беше да ја мешам со деца.
     
    see.emily.play likes this.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Joined:
    Feb 11, 2022
    Messages:
    3,599
    Likes Received:
    7,434
    Gender:
    Female
    На 13 месеци ја прими, без никаква реакција и без последици.
     
  6. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Joined:
    Aug 28, 2021
    Messages:
    6,404
    Likes Received:
    31,889
    Gender:
    Female
    На 13 месеци ја прими, минимални реакции.
    Слаба тт на 8-11ти ден и тоа беше се
     
    SummerGirl and see.emily.play like this.
  7. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Joined:
    Dec 23, 2012
    Messages:
    814
    Likes Received:
    3,195
    Утре имаме закажано за мрп, 25 месеци е мојата. Страв ми е и мене, за никоја друга вакцина не се плашев вака. Ама наесен се очекуваат морбилите, па не ми се ризикува, страв ќе ми е да ја мешам со дечиња, како што пиша членката погоре. Си викам ако не ја прими воопшто цел живот ќе се тресам да не фати, вака ќе помине стравот за неколку дена. Сите дечиња што ги знам од роднини и пријатели ја примиле и освен температура после првата недела, немале други нус појави.
     
    T.iv likes this.
  8. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Joined:
    Jul 28, 2020
    Messages:
    3,464
    Likes Received:
    12,265
    Gender:
    Female
    Еден текст од проф Д.Даниловски

    ЛЕТ ВО МЕСТО

    Во услови кога се соочуваме со постојан ризик да дојде до избувнување на морбили,

    кога пертусисот ендемски варира,

    кога ковидот дојде за да остане,

    кога пред нас е сезоната на грипот,

    кога неповолните климатски промени сѐ повеќе го зголемуваат ризикот од вектор-преносливи болести (денга, зика, хеморагични трески, маларија, лајмска болест и други)...

    и кога, истовремено, опфатот со задолжителни вакцинации на децата и други ризични популации останува опасно низок (со тенденција на опаѓање), затоа што расположението на населението кон вакцините е на најниско можно ниво – и сѐ повеќе се влошува,

    не може да не се констатира дека од јавно-здравствен аспект, седиме на „буре барут“!

    Со децении превентивно-медицинскиот сегмент на здравството е на последно место на листата на здравствени приоритети! Иако е законска обврска сите превентивно-медицински програми, (на пример, како што е онаа за имунизациите), да се финансираат со средства од буџетот, редовно едвај се одвојуваат средства кои не покриваат повеќе од 7-10 отсто од вредноста на програмите. Остатокот до 100 отсто се покрива од средствата на Фондот за здравствено осигурување! Значи, од средствата на осигурениците наменети за лекување! Што е неприфатливо!

    Исто така, со децении, (дозволуваме да) се покриваме со хуманитарна помош од УНИЦЕФ, СЗО и УСАИД.

    И така, „ред се редат“ проекти.

    Да се осврнеме само на некои најсвежи примери:

    1. Иницијативата „Преку стратешко управување со погрешни информации и квалитетно медиумско известување, до поголема доверба во вакцините“ (декември 2022).

    Оттогаш поминаа повеќе од две години. Што е сработено во овој период? Видовме ли континуирани едукативни написи/прилози во медиумите/порталите или на социјалните мрежи, освен сувопарно пренесување (најчесто со сензационалистички наслови) на рутинските извештаи на Институтот за јавно здравје? Кои се проследени со коментари од граѓаните, кои речиси без исклучок се „говор на омраза“!

    2. Во април 2023 година, била претставена платформата Е-здравје, изработена од страна на „Мој термин“, повторно со поддршка од УНИЦЕФ и УСАИД. Извонредна дигитална алатка! Арно ама, таа функционира само ако некој пројави желба да ја консултира!

    Колкумина граѓани ја користеле платформата Е-здравје за да се информираат за вакцините? Како постоењето на оваа платформа се реперкуирало врз општиот став на граѓаните кон вакцините?

    3. Во јануари оваа година, во организација на УНИЦЕФ и УСАИД се одржал настан на кој здравствените експерти и партнерите заклучиле дека е неопходно превентивната здравствена заштита на децата да се реорганизира за да се постигне поголем опфат со вакцинација.

    Според анализите на УНИЦЕФ, постои нееднаква распределба на тимовите за вакцинација според бројноста на опслуженото население, недостиг од персонал, отсуство на координација и соработка со патронажните сестри, матичните лекари и педијатрите. Згора на сѐ, нема доволно опрема.

    На крајот, како што е ред, УНИЦЕФ нуди соодветни препораки за надминување на тешкотиите и препорачува тие да станат дел од Националната стратегија за имунизација (која, наводно, била во подготовка) и други релевантни стратешки документи на Владата.

    4. Конечно, деновиве бевме сведоци на настан по повод успешно завршување на проектот - Посилен здравствен систем спасува повеќе животи - „Засилување на напорите за имунизација во Р. Македонија", реализиран во соработка со СЗО, а финансиран од УСАИД.

    И за овој проект јавно не се достапни информации кога проектот почнал, кои активности се спроведени и најважно – кои се резултатите од тие активности.

    Во јануари годинава, како што спомнавме погоре, УНИЦЕФ препорачал нивните препораки да станат дел од Националната стратегија за имунизација, која е во подготовка.

    Таква стратегија постои за периодот 2012-2020 година. Но, за нејзина реализација, бил изготвен Акциски план само за периодот 2012-2015! Таков план за периодот 2016-2020 не постои! Зошто?

    Дали „стратегијата што се подготвува“ ќе биде сосема нова стратегија? Или само ќе се ажурира постоечката (онаа за периодот 2012-2020)?

    Инаку, воопшто не е спорно дека поддршката на УНИЦЕФ, СЗО и УСАИД отсекогаш била - и е – драгоцена!

    Меѓутоа, сите нивни проекти, колку и да се квалитетно дизајнирани и спроведени, претставуваат дисконтинуирани настани, честопати неповрзани едни со други.

    Најчесто се сведуваат на експертски анализи со констатации на слабостите и соодветни препораки.

    Препораките, меѓутоа, некој треба да ги преточи во конкретни оперативни мерки. И потоа тие мерки некој да ги спроведе. А потоа да се евалуираат ефектите од спроведените мерки.

    Ги преточил ли некој препораките на УНИЦЕФ и СЗО во конкретни оперативни мерки?

    Ги спроведувал ли досега некој тие мерки на терен?

    Ако не, зошто?

    Ги евалуирал ли некој ефектите на спроведените мерки?

    Ако не, зошто?

    Судејќи по состојбите на „терен“, и без официјална евалуација, јасно е дека ефектите се никакви!

    Превентивната здравствена заштита на децата е во хаотична состојба. Негативното расположение и недовербата кон вакцините се на многу високо ниво и (дури) покажуваат тенденција на влошување, особено по пандемијата. Заради тоа, опфатот со задолжителни вакцинации постојано се намалува, што доведува до потенцијални ризици за епидемиско ширење на одделни болести.

    Оттаму, се поставува прашање, зошто за решавање на проблемот не му пристапиме проактивно, со сопствени сили, наместо пасивно, потпирајќи се на стручната и финансиската помош на УНИЦЕФ, СЗО и УСАИД?

    Зошто проактивниот пристап е поквалитетно решение? Затоа што, проектите на спомнатите меѓународни агенции никогаш нема да бидат во состојба целосно да ги идентификуваат сите релевантни фактори асоцирани со лошата состојба.

    А меѓу нив, најрелевантниот е „вакциналниот скептицизам“ на огромното мнозинство доктори (матичните, пред сѐ)! А кои, нели, имаат мисија здравствено да ги едуцираат граѓаните.

    Како еден родител да одлучи да го вакцинира своето дете, ако се соочи со совет „во четири очи“ на својот доктор, на пример, за морбилите, дека е „подобро да почека додека детето да проговори“? Нема проект на УНИЦЕФ или СЗО што тогаш би можел да го смени ставот на родителот!

    Значи, токму главните „играчи“ за спроведување на мерките, всушност, вршат „тивка саботажа“!

    Лет во место!

    Ова не е непозната појава кај нас. Но, стручната јавност со години „ја туркаше главата в песок“ (наводно, се работело за „изолирани случаи“) и се дозволи појавата да земе замав. Особено во текот на пандемијата на КОВИД-19 и по неа.

    Што да се прави? Кој треба да ги едуцира докторите и другите здравствени работници?

    Во април 2021 година формирана е Национална комисија за имунизација со која раководи Национален координатор за имунизација (член 248-в од Законот за здравствена заштита). [1]

    Од став 2, точка 4 од тој член видливо е дека Националната комисија за имунизација има (законска) обврска да „врши запознавање на здравствените работници и јавноста за потребата и предностите на имунизацијата“.

    Се поставуваат две прашања:

    1. Кои активности оваа комисија ги има спроведено за „запознавање на здравствените работници за потребата и предностите на имунизацијата“, откако е формирана?

    2. Кои активности оваа комисија ги има спроведено за „запознавање на јавноста за потребата и предностите на имунизацијата“, откако е формирана?

    Успешноста на спроведените мерки и активности се евалуира врз основа на постигнатите резултати.

    Судејќи според актуелната ситуација на „терен“ (присутната нееднаква распределба на тимовите за вакцинација, недостигот на персонал, отсуството на координација и соработка меѓу патронажните сестри, матичните лекари и педијатрите, недоволната опрема, опасно нискиот опфат со вакцинации на децата, масовно распространетиот одбивен став на населението кон вакцините и – најважно - „вакциналниот скептицизам“ кај голем дел доктори), заклучокот за успешноста на работата на Националната комисија за имунизација самиот се наметнува!

    Р.S. Бидејќи Националната комисија за имунизација претставува државна комисија, таа не треба да заседава само врз основа на иницијатива на Министерот за здравство, (како што е тоа случај со Комисијата за заразни болести, која е само стручно-советодавно тело на Министерот)!

    Националната комисија за имунизација има законска обврска континуирано автономно да функционира, да ги следи состојбите и да се состанува најмалку еднаш месечно.

    И за својата работа континуирано да го информира Министерот, за тој да може да носи информирани одлуки.

    За таа своја работа Националниот координатор и членовите на комисијата добиваат месечен паричен надоместок!

    Неисполнувањето на обврските претставува кршење на Законот!
    ----------------
    1. Закон за здравствена заштита
    https://www.slvesnik.com.mk/Issues/5d858e6fa8084b6cb6450d2b787aef83.pdf
     
    Bubamaricka, SummerGirl and marrisa like this.
  9. yarre

    yarre Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2012
    Messages:
    915
    Likes Received:
    801
    Имате група наменета токму за овие прашања.

    https://forum.femina.mk/threads/Вакцинирање-и-реакции-после-вакцина.16027/page-566

    Во меѓуреме за останатите. Дежурниот паничар се јави. Погледнете од каде се иницијативите.На некои ќе им стане и јасно ако го следат мирисот на парите.

    „Од здравствен аспект седиме на буре барут: Даниловски алармира дека има постојан ризик од морбили, ковид и епидемиско ширење одделни болести“


    https://makfax.com.mk/makedonija/од-здравстевн-аспект-седиме-на-буре-ба/
     
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    7,282
    Likes Received:
    28,013
    Кои пари бе Јаре. И донаторите ќе укинат секаква поддршка кај и да е.
     
  11. yarre

    yarre Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2012
    Messages:
    915
    Likes Received:
    801
    Не досегаш до таму. Прочитај му го текстот пополека, и обиди се да прочиташ и меѓу редови.
    И уште нешто. пази му го таргетот. Матичните лекари му биле виновни па вели:

    „А меѓу нив, најрелевантниот е „вакциналниот скептицизам“ на огромното мнозинство доктори (матичните, пред сѐ)! А кои, нели, имаат мисија здравствено да ги едуцираат граѓаните. Како еден родител да одлучи да го вакцинира своето дете, ако се соочи со совет „во четири очи“ на својот доктор, на пример, за морбилите, дека е „подобро да почека додека детето да проговори“?

    Ни докторите не цицаат весла повеќе, барем некои од нашите. Некои од нив уште порано ги советуваа блиските родители да не вакцинираат или барем да одложат. Докторите не се глупави, многумина од нив размислуваат со своја глава и лично ги гледаат последиците од вакцините.

    Спонзорите (не донаторите) ги имаш на сликичките од повикот во општина Ѓорче и Карпош. Политичарите мислат дека прават добро и ете плус самопромоција, Останативе учесници не одат беспари, а спонзорите ти се горе на листата. Особено интересни се „вакциналните амбасадорки“. Да не е трагично ќе е смешно.

    gp.jpg kar.jpg
     
  12. yarre

    yarre Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2012
    Messages:
    915
    Likes Received:
    801
    Бидете слободни да ја проверите точноста на оваа информација.
    Добар ден.
    form.jpg
     
    Viveki likes this.
  13. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Joined:
    Nov 22, 2022
    Messages:
    1,492
    Likes Received:
    10,546
    Gender:
    Female
  14. ele.na

    ele.na Истакнат член

    Joined:
    Sep 1, 2019
    Messages:
    79
    Likes Received:
    27
    Здраво, дали за вакцинација на новороденче треба прво да се извади здравствена книшка ?
     
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,758
    Likes Received:
    38,576
    Gender:
    Female
    Да. Таму запишуваат на која дата се примени вакцините.
     
    ele.na likes this.
  16. macalavica

    macalavica Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2013
    Messages:
    3,269
    Likes Received:
    4,935
    Gender:
    Female
    Здраво, син ми нема примено мрп вакцина, сега има 6.5 години, на интернет пишува прва доза дека се прима до 5 години, а сега ни стигна покана да одат цело одделение на ревакцина, како да ја одложам или избегнам скроз? Сметам дека нема потреба веќе да ја прими и не сакам да го изложувам без потреба.Дали може некоја мајка што има искуство да ми пише да ме посоветува?
     
  17. yarre

    yarre Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2012
    Messages:
    915
    Likes Received:
    801
    Здраво @macalavica

    Некои родители не се појавуваат воошто на систематскиот преглед, а некои го носат детето на прегледите но директно им кажуваат на докторите дека одбиваат да дадат или одлагаат (донесат накнадно).
    Јас со двете деца директно одбив, се потпишав во картонот дека Одбива родител - Име презиме.И толку, крај на прикаската.
    За среќа во државава сеуше нема насилно вакцинирање, основното образование е задолжително.
    Секако без нервоза. Ставот е тој што те води.
     
    macalavica likes this.
  18. ina..ina

    ina..ina Истакнат член

    Joined:
    Jun 4, 2013
    Messages:
    308
    Likes Received:
    109
    И ние имавме покана, јас не го носев детето за ревакцина.
     
  19. MissDior

    MissDior Популарен член

    Joined:
    Dec 24, 2011
    Messages:
    1,214
    Likes Received:
    10,130
    Дали превенар е задолжителна?
     
  20. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Joined:
    Mar 4, 2021
    Messages:
    1,218
    Likes Received:
    1,739
    Gender:
    Female
    Мислам не е задолжителна ама не сум сигурна. Според мене ова е најефикасна вакцина. Кај ќерка ми streptococcus pneumoniae никогаш не е третирана освен со солен раствор. Имам колега чие дете 3 пати годишно беше по болници од пневмонија се додека не му ставија превенар вакцина.
     
    MissDior and KuklickaSk like this.