Форумџика на годината

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    788 глас(а)
    76,3%
  2. Против

    245 глас(а)
    23,7%
  1. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    826
    А види, не треба некое специјално правно знаење. Треба познавање на тековни закони и правила. Други пред тебе го оделе патот. Ако треба помош тука сум.
     
  2. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.636
    Допаѓања:
    26.443
    Пол:
    Женски
    Ѓорче не бараат.
     
  3. RavenTheMystique

    RavenTheMystique Нов член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2026
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Сите што се двоумите за вакцинација за дечињата ваши... сте горе-доле самите ВАКЦИНИРАНИ... :tmi:
    Вакцините, односно живите и инактивираните вакцини предизвикаат side effects: температура, потење, забрзано срцебиење - тахикардија, омалаксаност...итн. но тоа не значи дека не треба да се вакцинираат! Ова го кажувам врз основа на медицинското образование што сум го стекнала и научни факти :!:
    Во секое училиште се бараат картоните со примени вакцини (образованието е задолжително).

    Ако постирате само негативни исходи од вакцини, нема да ги конвертирате родителите да станат антиваксери, само од памет ќе ги извадите. Вакцините се створени за да певентираат/сузбијат заболување, медицината со ПРИЧИНА постои:rock:
    П.С. во ретки случаеви, индивидуалните имунолошки и генетски фактори можат да влијаат на реакцијата од самата вакцина, а со напредокот на медицината и самата дијагностика, се повеќе се јавуваат различни генетски состојби

    - еве ви линкче за програмата за задолжителна имунизација согласно 2025 ако некој го интересира: Програма за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2023 година
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.237
    Допаѓања:
    8.276
    Пол:
    Женски
    Може и да прогледуваат низ прсти некои градинки додека не избие епидемија, кај син ми во група имаше 2 невакцинирани деца до 4 години одеа, ама кога излезе пертусис пред 2 години, не примаа без дитепер и прекинаа да одат. А во школо не може да не примат невакцинирани деца мислам.
     
  5. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.636
    Допаѓања:
    26.443
    Пол:
    Женски
    ММР не и е ставена само. Не дека нема да и ја ставам, ама не сега.

    За во школо законски несмеат, а да не ти запишат дете поради вакцини.
    Задолжително е, за секое дете.
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    4.406
    Образованието е задолжително, но не е задолжителен картонот со примени вакцини ако родителите дадат изјава заверена на нотар/адвокат(?)
    Што мислиш за Норвешкиот модел? Таму вакцините за деца не се задолжителни, додуша над 95% од населението си се вакцинира, имаат свесност за општествената одговорност кога е личното и колективното здравје во прашање.

    *****

    @yarre дали вие антиваксерите сте размислувале за основно домашно образование т.е. иницијативи да се овозможи легално спроведување на истото во Македонија? Таква практика постои во дел од ЕУ земјите како Ирска, Белгија, Австрија, Италија, Франција но и Обед.Крал. а со извесни ограничувања постои и во Полска, Чешка, Словачка.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    826
    @daylight

    Согласно досегашние уписи во училишта на деца без примени вакцини (без картонче) сите постапки по пријава на родител до инспекторатот за образование се одлучени во корист на родителите и децата се упишани. Оние училишта кои имале искуство со ова, веќе наредната година без проблем упишуваат невакцинирани деца, бидејќи ја имаат одлуката и не сакаат да добиваат пријави од родители.
    Изјава нема никаква правна тежина, бидејќи едноставно нема што родителот да изјавува.

    Ние „антиваксерите“ сме само обични родители како и „ваксерите“ но со право на избор. Што законот за здравствена заштита го овозможува, со оглед дека секоја медицинска интервенција (па и вакцинацијата) мора да е со одобрување на пациентот или старателот. И секако, неретко човек треба да го докажува тоа право.

    Јас како родител би го поддржал домашното образование. Ја видов функционалноста во Словенија кај мои роднини. Но тука е и проблемот да имаш финансиска можност тоа да го издржиш, бидејќи едниот родител не може да работи. Видов и многу интересни онлајн образованија за основно.

    Кај нас за жал политичките гарнитури од партиите слушаат само што ќе им кажат од брдото горе. И се неми извршители на многу погубни политики. И ние самите имаме некое убедување дека чим „на запад“ е така мора да е добро.
    Еве сегашнава министерка бесрамно и арогантно ја турка родовата идеологија во македонскиот образовен систем, директно газејќи ги предизборните ветувања на партијата за жестока заштита на традиционалното семејство, Истата таа родова идеологија веќе нанесува огромни проблеми во образованијата и во целокупниот живот токму „на западот“
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.242
    Допаѓања:
    44.199
    Пол:
    Женски
    IMG_8702.jpeg
    Вакцините не се идеологија.
     
    На RavenTheMystique му/ѝ се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    4.406
    Зарем во Словенија не е исклучена таа опција на одбивање вакцини за деца? Мислев дека Словенија е една од најстрогите земји во тој поглед?!
    Или твоите роднини од други причини ги школуваат децата дома?

    Јас лично сум за вакцинација, но не сум за фашизодино одземање на право на избор.
    Државата би имала многу повеќе успех и симпатии кај многумина кога би го почитувала тоа обезбедувајќи трајна правна (но и здравствена) рамка - ете на пр. школување од дома кое е може да биде корисно и во други случаеви, не само за противниците на вакцинирањето.
     
  10. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    826
    Наполно се сложувам. Но ретко се картите отворени. Без плацебо очигледно дека се нечива идеологија.
    Погледни го документарецот. Токму со математичка прецизност има очајни докази.


    Да, Словенија е дури фашизоидна по прашањето на вакцините. Конкретно моите роднини од други, лични причини ги хендлаат децата со homeschooling. Но тоа е некакво решение и за родителите од Словенија кои одбиваат вакцинација. Едноставно се снаоѓаат, кој како знае и умее.
    Тие што тераат homeschooling се задоволни и тврдат дека децата добиваат повеќе знаење, но и тие тераат по учебниците од школо. На крај на година децата полагаат пред комисија. Другите онлајн што се, обично се училишта онлај од Америка, па таму и полагаат. И едните и другите добиваат сведителства признаени во средните училишта во Словенија. А во средните - вакцини не се бараат.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. NewMommy

    NewMommy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2015
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Еве јас сум за вакцини и пред 2 недели имав повреда со потреба за шиење на рана. Примив серум против тетанус, но вакцина не затоа што нема никаде. Од тогаш 3 пати имам одено за вакцина и ја нема. Утре ќе вадам конци и пак ќе одам да видам но чисто се сомневам. И сега што ако се разболам од тетанус? Кој ќе одговара? Ја нема ни да си ја купиш на приватно
     
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.725
    Допаѓања:
    188.851
    Вакцина и да си најдела и ставела антитела одма нема да имаш
    И така пак ризик имаш од заболување
    Затоа и серум ти дале
    Информирајте се поубаво се со цел заштита,на вашето тело
     
    На RavenTheMystique и BellaBibi им се допаѓа ова.
  13. MorskaSirena

    MorskaSirena Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    6.174
    Пол:
    Женски
    Јас сум за вакцини. Поголемата ми е редовно вакцинирана со сите вакцини што се задолжителни, сега и помалово ќе си прими се по ред здравје боже.
    Ама сум и за тоа да им се даде на родителите опција дали сакаат или не сакаат да стават вакцина на својте деца. Да нема забрани, ограничувања за упис во градинка/школо.
    Сите деца нека имаат право да се запишат.
    Но кога невакцинираните деца ќе се заразат и не дај боже да дојде до најлошото на родителите после цацко ќе им биде крив. Ќе ги криват и држава и систем и здравство и доктори.
    Истото важи и за родителите на вакцинирани деца.
    Не мора да значи дека ако е невакцинирано и ако се зарази ќе биде фатално или дека на вакцинирани деца не може да се случи истото, да биде фатално ама ризикот е помал.
    Затоа треба да посоти избере на родителот за своето дете, без право на побуна при сакани/не сакани нус појави
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    4.049
    Пол:
    Женски
    Дали после примање на вакцина , лепете лепенка за ладење на местото?
    Дали би имало некој ефект? За некој ден треба да прими вакцина, па да се припремам психички и со некој совет плус , како да и олеснам.
     
  15. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.636
    Допаѓања:
    26.443
    Пол:
    Женски
    Нас ни рекоа ациди да ставаме. И оток и лади. Ама и лепенки сум ставала.
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.074
    Допаѓања:
    16.835
    Пол:
    Женски
    Сум лепела и лепенка, и ациди на памукче, па го лепам.
    Конкретно го смирува и лади местото од боцнатото, ништо посебно, пак си беа кенкави моиве.
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.237
    Допаѓања:
    8.276
    Пол:
    Женски
    Мора да ставиш нешто, или облога со ациди борици или лепенка за температура, во диспанзер не препорачуваат лепенки ама мене ми се попрактични, тоа ставам.
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    471
    Допаѓања:
    976
    Пол:
    Женски
    Sekoj pat lepenka na mestoto kaj sto e bocnat.Do sega pominavme lesno nemase kaceno temp od vakcinite.Prviot pat bese kenkav ama slednite vakcini bese dobar.
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    826