Sigal мислам се викаат сега. И кај нас секоја година обновуваат и нови услови даваат, годинава се најлоши условите ама сепак уплатив. Најбитно од се им е да имаш причина зашо одиш на лекар за да ти рефундираат и треба да е наведена на самиот извештај. Ако одиш из чиста мира шо викаат тогаш потешко рефундираат. Мене до сега само еден преглед ми немаат рефундирано.
Без воопшто симптоми. Всушност не знам за бебе што пројавило некаков симптом од рсв вакцината, да бидам искрена. Во Германија. Бебето имаше само 8 дена, значи новороденче, лани во Март. Се консултирав со докторите како и со други луѓе, сакав да слушнам и лични искуства, а и бебето се роди со респираторен дистрес во ек на респираторни вируси со брат и сестра кои одеа во градинка и лесно можеа да донесат дома било што, така донесовме одлука да ја прими и ја прими на последниот ден кога го испуштија од нео. Во Германија оваа вакцина се става на новороденчиња во ек на респираторни вируси од Октомври до Април уште во родилиштата, на другите бебиња родени во останатите месеци се става овој период пред да почне сезоната на вируси.
Ја има оваа вакцина во Мк? Тежок вирус е РСВ и може да направи беља на плуќа па би ја ставила и јас на ќерка ми да имав можност.
Прв пат слушам за вакцинава, не знам ни дали во Мкд ја има. Е сега се става еднократно и има долгорочно дејство или се повторува годишно, на одреден период?
Нова е. Мислам, ги има поминато сите 3 фази низ години клинички тестирања и е во официјална употреба од 2023. Од 2024та во Германија, овде е широко прифатена иако не е во редовен календар и оди само со препорака. За сега се става само еднаш на бебињата, не ми ја препорачале до сега за поголемиве.
Имате тема вакцини и реакции од вакцина. https://forum.femina.mk/threads/Вакцинирање-и-реакции-после-вакцина.16027/page-632 Толку не го гледате топикот ?
Здраво на сите, незнам дали некој има дискутирано на темава и дали им е познат документарецот, ова е истражување за реакција и напредок кај вакцинирани и невакцинирани деца направена од Институтот Хенри Форд, податоците се застрашувачки. Нема врска дали сте за или против вакцини ова истражување ги вклучува двата типа. (Вклучена е документација со самите податоци од истражувањето) Овде можете да го гледате: https://www.aninconvenientstudy.com/ Вистински, блага препорака до секој родител
Здраво девојки, дали некој успеал со битката да не го вакцинира целосно своето дете? Имаме две вакцини примено во родилиште, следните не сум во план да ги прима. Ве молам тие кои сте го терале процесот да ми пишете приватно би ви била бескрајно благодарна
Не очекувај одговор. Или се срамат да кажат или се каат. Или наједноставно е да мислат како што мисли стадото. Секако се прават обиди да се дисквалификува студијата без тронка аргумент. Некоја страна наназад ја дадов и јас препораката Со МК превод кој може да се селектира. Со хрватски превод.
https://dnevnik.hr/vijesti/hrvatska...vrqhoIQzX1_mYLoy8A_aem_ZAn8cQnuckbAdVqMoqOh2w Којзнае каква е ситуацијата кај нас, се надевам нашиве вакцини не се од тој производител..
Имаат објавено. На ова треба да се работи - исправност и транспарентност во поглед на вакцините, а не антиваксерство. И витамини да дадете некому, ако се неисправно направени можат да доведат до труење.
Мислам дека членката не мислеше дали веста е преведена кај нас туку дали нашето здравство се одважи да појасни дали и нашите вакцини се од ист производител нормално е таква вест да предизвика паника и тука
еве во меѓувреме излезе вест, ист производител но кај нас само една нус појава била пријавена и не е истата од хрватска https://www.slobodenpecat.mk/vo-mak...t-od-besezhe-vakcinata-i-ne-e-za-osteomiolit/
Многу убаво ние што вакциниравме ќе се тресеме сега во наредниве години не сум антиваксер но еве како да не станеш. Па уште матичната ми се траска ми се заканува кога реков не сакам со дитепер да вакцинирам бебе мало со 6 валентна нејзиното објаснување “во цел свет е така”