Затоа прашувам и во дилема сум, од причина што на мои познаници кои живеат во Германија детето им прими rotarix, педијатарот им рекол во смисла таа е поефикасна за разлика од другава.
Прекини да шириш паники на форумов, има мајки кои патат од анксиозност, не им помагаш со твоите демагогии на празно. Јас не знам модераторо дали има овој форум и како се толерираат вакви работи. Океј е да не веруваш во медицината и вакцините и да имаш спротивно мислење ама ова твоето е претеризам.
Жалам што моите постови ти предизвикуваат паника. Но подобро паника пред отколку солзи потоа. Има мајки со аноксиозност, има и мајки со дечиња осакатени после вакцина. Сите мајки се мајки. Ако ти пречат моите постови, прерипувај ги.
Здраво, бебе е 3 недели, сеуште имаме време за вакцините во 2от месец па сакам да прашам ако може некој да ми објасни како оди процесот, во календарот се само наведени вакцините за тој период- па ме интересира кога треба да почнам да ја носам дали пред тоа треба некоја анализа да се направи… ?
Ја носиш во матичен диспанзер зависно во која општина живеете со здравствена книшка и картонот од болница. На полни 2 месеци, и не подоцна од 12 недели за да може да прими Рота. Предуслов е исто бебе да има минимум 4 кг. Добро е претходно да ја однесеш на матичен педијатар, макар што и во диспанзер ги прегледуваат и мерат ако не се скоро мерени. Некаде бараат и крвна слика, кај нас ни рекоа не сме требало да боцкаме бебе.
Nie primivme sega na 2 meseci i 10 dena ne pravevme analizi ja pregleda samo infektolog i ja bocnaa na 2te noze i edna ja ispi. Si nosev i lepenki za temperatura so mene i gi stavija odma. Nemavme nikakov problem samo toj den bese istraumatizirana od bockanjeto.
Има мајки со последици и од прележан вирус, па сеа... Нека се надеваат само тие со непримени вакцини да не ги дофатат искоренети вируси. Морбилите после години може да предизвикаат тешка компликација во мозокот.
и јас познавам случаи со компликации од вируси на невакцинирани деца па не пада ми напамет да ширам паники на форуми.
Имаш посебна тема на форумот. Вакцини и реакции после вакцина тука https://forum.femina.mk/threads/Вакцинирање-и-реакции-после-вакцина.16027/page-632 Вакцините не се гаранција. Да, морбилите можат да предизвикаат компликации. И кај вакцинирани и кај невакцинирани. Во зграда имам случај. Вакциниран редовно. Каква поточно компликација познаваш кај невакциниран ? Невакцинираните не се болни. Во темава нема ниту една пријавена компликација на невакцинирано дете. Наспрам 30тина очајни неповратни состојби. Уште еднаш, не се тревожи, прескокнувај ми ги постовите.
На золва ми детето рота вирус фати, 10 дена на болница заглавија, детето дехидрира, со висока температура која не се спушташе никако, го скапаа со инфузии во главата. Од сипаници можи сериозни компликации кај бебиња да се јават, прееска на фб една мајка имаше споделено пост од варичела како завршија на болница со компликации. Кои се тие неповратни очајни состојби оти стварно не ви ја следам темата, и дали е поткрепено со факти дека е последица од вакцини, ме интересира стварно
Да те замолам да се концентрираш. И ? Што сакаш да кажеш ? Можи. Исто и кај вакцинирани и невакцинирани. Ако сакаш почни да ја следиш, врати се наназад. Ако те интересира, Ако не прескокни.