Слушав моментално вести и викаат дека иделе од Тетово и Гостивар да примаат сезонски вакцини за грип. Јас порано примав и секад истатата година имав намален имунитет и решив да прекинам и до ден денес се помалку се разболувам од кога прекинав да ги примам. Ме интересираат ваши искуства? Со каков квалитет се? Јас знам порано примав од зегин демек некои француски. Дали сте задоволни,незадоволни или чисто лага на фармацевските компании?
Темава не е активна со години, ама е соодветна за оваа информација https://mk.tv21.tv/mz-od-deneska-zapochna-prijavuvane-za-vaktsinatsija-od-sezonski-grip/
Да ја живнеме темава Сакам да се вакцинирам од сезонски грип ама не влегувам во ниедна од категориите, а мора да изберам една при регистрација на сајтот. Чаре?
Можеш да се вакцинираш ама да платиш зашто за овие категории е бесплатно. Прашај кај матичен дали може со упат или директно да отидеш на пункт за вакцинација.