Се сеќавате ли на вакцините во основно и средно? Кога ве лажеа дека ќе боли (децата) и кога ви обеќаа играчки (возрасните) ? Денес беше втор пат да одам сама на вакцина, ама во суштина не сум плашлива и мирно си поминав. Вие што мислите за нив? Страв ве фаќа или сте онаа храбрата? За да не биде темава само за основци и средношколци, а и да ја уозбилиме темата, ме интересира дали ја примивте онаа за H1N1 ? Јас не сум, незнам дали требаше.
Ја за свински грип не ја примив, а шо е до другите вакцини.. Ко мала многу се плашев, али сеа воопшто не, сеа само ми е страв од вадење крв од вена. Еднаш ми извадија иии.. Али сепак не беше толку лошо.
лелеее..како помала многу се плашев..дури и у сон станував плачев од шо ми беше страв..али сеа више не..само за крв ако треба некад да ми зимаат ми е страв мнооооогу
Nезнаев каде да го поставам прашањето , оваа тема ми изгледаше најсоодветна. Mе интересира каде во MK мозе да се прими вакцина за хепатит A ?доколку знаете приватна болница/ординација уште подобро. Mинатиот пат ја примив во странство ама сега сум кнап со време патувам за две недели во Aзија ми рекоа дека надобро е да не ризикувам
Денес бевме вакцинирани - Тетанус , забораив да прашам шо НЕ-Треба да праиме извесно време после вакцина. А мајками замара,дека не треба да се бајнам денес, демек ќе наштети на вакцина. Знае некој ,нешто?
Официјално надлежни би биле во Заводот за здравствена заштита во Скопје, населба Пролет, веднаш до тутунски комбинат. Цената пред некоја година била околу 4000МКД за една доза, но треба да се примат 2 дози во растојание најмногу до 1 год. Велат дека имунитетот траел и повеќе од десет години. Вакцината е добиена со генетски инжинеринг. Инаку таму ги чуваат во фриждер и во поединечни ампули, значи се води сметка за нивната исправност и рок на траење. Таму имаат и други вакцини, против жолта треска, против хепатит Б и др. Воедно таму се издава и меѓународен картон за вакцинација, цената била околу 500МКД но датумите мора да бидат точни значи не фалсификуваат па да испадне демек порано била примена вакцината а уствари вчера ја ставиле. Инаку за темата вакцини постојат и разни контроверзи - дали вакцините треба да се даваат на деца? Кај помалите наводно можеле да предизвикаат аутизам, некои вакцини содржат хемијски елемент жива која пак е отровна, или ако се даваат несоодветно го губат дејството. На пр. при групно вакцинирање на ученици некои вакцини се вадат од едно големо шише а не од засебни ампули. Така оди побрзо но и при секое отворање на капакот течноста доаѓа во допир со надворешниот воздух кој може да дејствува пореметувачки на течноста (на пр. да го изгуби дејството).
Вкацина против тетанус дали имавте црвенило после месец дена од вакцинирањето?? Имам црвенило и чешка а и како грутка е, дали е воред??
Дали некој знае која е таа вакцина што ја даваа само на девојчиња отприлика на 13-14 годишна возраст ама пред 8-9 год (може уште ја даваат). Многу добро се сеќавам дека примив таква вакцина, иако се противев, а и не се сеќавам дека некој ни објасни за што е.
HPV се вика вакцината, наводно штити од неколку видови на HPV кои предизвикуваат рак на цервиксот а штити и од генитални брадавици исто предизвикано од вид на HPV (humanpapilomavirus), сеуште не е потврдено дали вистина штити или не бидејќи кратко време е во употреба за да се има дали позитивни или негативни реакции од истата.
Не верувам дека се работи за ХПВ, бидејќи кај нас во Македонија со неа почнаа редовна вакцинација пред најмногу 5 години. Поверојатно ми е дека се работи за вакцината против рубеола која ја примаат девојчиња од 13-14 години, ХПВ ја даваат на помала возраст.
ХПВ се прима на 11-12 год. , како што кажа Annath вакцината за ХПВ почна со вакцинација пред 4 години. Точно е тоа за вакцината што праша Наде, на 14 години ја имаш примано рeвакцинацијата за рубеола.
Рубеола од скоро (пред неколку месеци) не се дава, инаку таа е вакцината на 13-14 години што се даваше само кај женските деца.
Имам 17 год и ми стигна покана за вакцина,каква е таа вакцина ако може да знам...? се извинувам што тука отварам нова тема слобоно може клуч само одговорете ми ако можете и знаете ВИ БЛАГОДАРАМ!
Јас бев од тие похрабрите кога се примаа вакцини. Не ми беше страв, а и сакав вакцини знаејќи дека се корисни. Сите досега што требаше да се примат ги имам примено.
Во Понеделник примаме вакцина цел клас,не знам за што е,спона нешто класната за детска парализа,како и да е,знае ли некој што (не)треба да се прави откако ќе се прими вакцината? Дека после 5-6 саати од терминот за вакцинација имам натпревар кошарка па некои викаат ќе смееш да играш.други викааат не?