Кај пиши така..дај линк.. Јас знам ресторани во склоп на хотели шо и гостите за вечера одени ги пријавуваат ко да престојуваат таму за да не им е потребен сертификат.
Кога се јавив во хотелот, го искористивме минатата недела. Прашав да не треба сертификат, ми рече од 01 септември ќе барале. Колку е точно не знам...
Колку што сум информирана за гости на хотели не е потребен сертификат за вакцинација. Јас се обидувам да најдам сместување и нашиве хотели се безобразни. Бараш термин слободен, ти викаат има соба, им викаш добро да резервирам со ваучер - и као немаме се продаде веќе само ако сакате преку неделата. Т.е викенд не сакаат да ги даваат собите со ваучери зошто секако им се полнат. Сакаат кроз недела да користиш (кога сме на работа, бидејќи ваучерите на вработени ги даваа со ниско приходи). Вие каде резервирајте?
Да, ама на листата како што гледам сите големи хотели се, до 3 ѕвезди, со што верувам дека капацитетот им е над 30 луѓе. Ние, кај што бевме така ни кажаа, после први ќе барале сертификати.
За да престојуваш во хотелот не треба, за да користиш ресторански услуги во истиот хотел треба сертификат.
Да, потврдувам и јас исто, не бараа во хотелот и ресторанот сертификат, само на кафичот на плажата бараа (на отворено,без 30 гости) Иначе бевме во викенд, последните сончеви денови, среќа, услугата супер беше, без доплати и имаше место.
Дали имавте проблем заради грешката? Бидејќи кај нас една бројка в мат број ја имаат утнато, 84 а треба 34... Сеуште не го имаме искористено ваучерот.
Не, не ни направија. Ни земаа телефонско бројче за секој случај, ама не се јавија... Ни рече менаџерката се гледа дека е печатна грешка.