Овој период е се' полно во Охрид. Резервираат еден месец унапред. За други места не знам како е. Инаку јас немам ваучер, само ја видов темата и си викам ако @Ninna1 не го добила ваучерот можно е да е во спам.
Дали се продава ваучерот за туризам? Јас не сум во можност да го искористам, а гледам на фб дека се продаваат ваучерите. Не ми е јасно како може друг да го искористи освен сопственикот на ваучерот?
На некои места прифаќале со копија од лична карта. Пред некој ден имаше на вести на ТВ за тоа преку групите на ФБ што продаваат и од министерство изјавиле дека ќе истражуваат кои лица се и ќе бидат казнети за злоупотреба. Ако се решите на продавање добро информирајте се пред тоа.
Ваучерот знаете дека важи до нова година , така ?!?! Не мора сите да одиме летово во најголемите гужви и да си го ризикуваме здравјето. Може и есен или пак зима при крајот на декември да се оди на зимување неколку дена. Бар јас вака ќе направам бидејќи не гледам причина периодов да се изложам на ризик а и летувањето да ми помине во гужви, нервози и расправии.
Дали има некој проблем со Gmail (google) и добивањето на ваучер? Пробав 2 пати на страницата и ми рекоа дека е испратено, отворам на мејл и нема ништо. Ми рекоа да проверам trash/spam но немам таква секција во мејлот. Дали гугл активно ги блокира спамовите или може некако да го средам проблемот?
Дали знаете некој што продал или користел туѓ ваучер?Бидејќи еден мој познаник има ваучер и сакаат да му го откупат.
Сакам да си резервирам викенд со ваучерот, но сакам да одам по еден месец. Е сега за да ми ја потврдат резервацијата од хотелов ми го бараат ваучерот да им го испратам. Им пишав што ако поради ситуацијава( карантин,полициски час) неможам да дојдам, дали ке ми пропадне ваучерот, ми одговорија дека ако е благовремено исвестено ке одкажат. Ама не ми е јасно ако јас им дадам ваучер и пин код како би ми го вратиле тогаш?
Ти благодарам, кога задржувам да го зачувам ми се зачувува само оној дел кој е со баркод. Како да направам?
Дечки јас имам ваучер (всушност видов на страната дека треба да имам и дека ми е испратен на маил), ама јас во ујп сум оставила некој меил шо не го знам пасвордот сега. Има ли некој ваков проблем и чаре .....