Дали некој искористил ваучер за ручек/вечера во ресторан/хотел во својот град? Значи, во истиот град на живеење да е и објектот во кој се користи.
Тоа никој нема да Ви дозволи бидејќи такви се правилата од владата. Мора да се искористи во друг град и се користи за сместување воглавно. Може да има оброк со сместувањето, но само како дел од сместувањето а не посебно.
Дали некој веќе престојувал вака со купени ваучери од некој друг некаде? Би купила и јас два ако има некој да сподели искуство прво.
Може само ако имаш лична карта од носителот, или ако ти дозволат со копија од лична карта од носителот. Тоа се разбира ако ти дозволат таму каде што имаш намера да го искористиш. Краен датум е до 15.12.2020.
Здраво, дали има некој што НЕ го искпристил ваучерот и не може да го најде на email, а му следува? Бидејќи нели биле испратени во junk, а во тој фолдер самите пораки се бришат после 10дена и не е преземен ваучерот на време
Да јас скрос иста ситуација. Оди до министерството за економија, на информации ќе им кажеш за што си, препраќаат до некоја канцеларија горе. За минута ми го препратија меилот.
Се ми е јасно,ама вие што ги продавате ваучерите,како се осмелувате да дадете на некого копија од лична карта?
Ве молам кој знае,нека ми пише во лп во кој хотели можам да искористам ваучер за туризам кој не е лично мој?
Па никој без лична карта нема да го прифати во хотелите. Едноставно во документација за реализација бараат копија од лична карта која мора да се достави во Министерство за Економија.
Здраво, неколку денови се јавувам во министерството за економија меѓутоа тие броеви што се дадени на нивната страна не работат или пак никој не се јавува, исто не враќаат ниту на меил. Па би сакала да прашам дали некој знае број на кој се достапни, ми треба да ми го пратат повторно ваучерот за туризам, дека не сум од Скопје па специјално да не одам само за тоа.Фала ви
Денес јас се јавив, и за 1 мин ми го препратија на друг маил. Само матичен број ми побараа, и уште додека зборев со човекот, ми стигна маилот со ваучерот. На овој број се јавив, само биди упорна во вртењето
Zenski nekade po grupite na fb procitav deka vo nekoi mesari moze da se iskoristi vaucerot za kupuvanje na meso.Ama nemozam da go najdam postot,pa sakav da prasham dali nekoj od vas znae neshto za toa