Убаво е тоа со ваучерите за туризам, но да се користеа правилно, и да беа осмислени подобро. Мои блиски добија ваучер, отидоа дури до Охрид за да го искористат и таму им рекле не покрива ваучерот доволно, требало да доплатат. Значи нели ваучери добиваа луѓе со ниски примања? Требаше да се назначи и јасно да се каже што и колку покрива ваучерот и луѓето ќе ги користеа, а не да ги продаваат за пола цена или да одат некаде па уште и да доплаќаат.. Јас не добив ваучер, но и да добиев сигурно немаше да го искористам за престој некаде и да доплаќам, туку ќе го продадев. Имаше случаеви и луѓе да ги даваат ваучерите на хотели и ресторани за да им исплатат 3-4 илјади денари во кеш. Знам дека различни хотели и ресторани имаат различни цени за услугите и ако некаде едно ноќевање е 1000 ден на друго место е 4000 ден, ама корона е, нема никаде работа, па можеше да се направи со ваучерот луѓето да добиваат две ноќевања во секое од местата или еден ручек во ресторан за 4-ца со прилагодено мени за таа цена. Не мора бифтек, лосос и октоподи да јадат гостите.
Па требало да се договорат преку телефон прво. Ние бевме 2 ноќевање со појадок и не плативме ни денар,всушност 80 евра би не коштало да платиме во готово за двајцата за тие 2 ноќи. Ако требаше да доплаќаме, ќе си баравме друг хотел. Не знам како оди некој без да се договори и праша.
Не знам. Не добив ваучер, не знам ни како оди. Виделе тие на букинг цени и си отишле на лице место мислејќи дека ќе покрие ваучерот. Не велам дека не треба, подобро е да се јавиме и да прашаме. Ама мене ме нервира што за вака убава идеја со ваучерите се измислија начини како пак да се профитира а да не биде тоа легално, како што заменуваа ваучери за пола цена и сл.
Да не искочи случајно јавниот повик за пријавување на граѓани - корисници на ваучерите за домашен туризам?
Не, ама би требало месецов да излезе бидејќи заврши пријавувањето на сместувачки капацитети. Мислам дека и годинава ќе рекламираат на тв кога ќе може да се пријавуваме.
Пишува до вкупно 30 000 месечни примања во семејството. А точно како ги сметаат тие примања не знам. Пример ако детето е вработено, дали и тие примања се додаваат тука?
Се надевам дека е така. Мислев дека тие што се над 18 а живеат на иста адреса со родителите дека можеби ке ги сметаат заедно. Ама ако се сметаат посебно е ферски
и јас сум на иста адреса ама во кука на 3 спрата, не значи дека не сме делени малку е глупо ова али тупа ни е државата
Семејство е семејна заедница која се состои само од брачен пар или од родители (двајца или еден) и нивните деца кои не се во брак. Под семејство се подразбира и заедница на партнери кои живеат заедно, а законски немаат засновано брачна заедница... Е сега до колку години ќе ги сметаат "деца" тоа незнам
Лани беше за лице кое зема ниски примања а не за вкупно колку буџет влага во семејството. Лани бевме и јас и маж ми вработени па мене ми следуваше нему не. Годинава не знам некако ми нема доволно информации.
Доволно информации ќе има кога ќе искочи јавниот повик за пријавување на граѓани... а, кога ќе биде тоа...
Tоа да ти било уште истиот ден )) П.С. Повелете, пријавете се Немојте да се изненадите кога ќе видите дека за ваучерот вреден 12.000 ден. се потребни толку документи, што не верувам дека се потребни за запишување на Оксфорд... https://www.economy.gov.mk/doc/2974