Може копии , делот за хотел останува празен, сабајлево поднесував. Гужва е многу, среќа брзо иде. Побрзајте, 980 бев на број, а даваат само 1250.
Најверојатно и годинава се пријавиле истите угостителски објекти како лани. Ако ве интересира некое посебно место, пронајдете ги на фб и контактирајте ги, прашајте дали и годинава спаѓаат во таа листа. Ланската листа https://list.domasiedoma.gov.mk/
Имаат ,имаат, да видиш како си ги средуваат проверуваат документите меѓу себе Еден дошол донел документи за петорица бројката од 1250 ќе се надмине уште денес Сепак нека поднесе не губи ништо.
Нема потреба од оргинал копии за изводите може... и нема да пополниш нешто што не објавиле сеуште... Тој е барателот во тој случај
Копии, ама заверени на нотар? Документи не постари од 6 месеци? И сакам да прашам, извод од матична книга на родени, дали можи да се извади од градот кај што си се преселил или мора од градот каде што си роден?
Изјавата што ја имаат објавено заверена на нотар... не е наведено да не се постари изводите, а како се вадат сега за др град незнам
А другите копии демек не на нотар? Или таман за да дисквалификуваат куп луѓе... А за каде можи да се извади општо прашав, можи и другите да одговорат ако имале таков проблем...
Вчера поднесов , дадов и копии и оригинал изводи , ми ги вратија оригиналот и ме прашаа дали имам копии од сите. Ако гледаме така тогаш и копиите од личните карти треба да се заверат Извод на родени се вади каде што си родена. Можеш и електронски да поднесеш.
Денеска поднесов, бев 1700 та по архивско бројче... Шансите се мноооогу мали. Не знам како ја водат архивата, дали сите предмети за ваучер под тоа бројче. Или од почеток на година си одат...
https://tocka.com.mk/vesti/379848/d...auceri-za-odmor-na-rabotnici-so-niski-prihodi Нели до 30 јуни може да се аплицира? Шо е ова?