сакав да ја отворам од многу одамна темава ама се предомислував бидејки нема никаква функција само за забава се надевам дека темава ќе се прифати ако не се знае каде ќе оди Целта на темава ми е да си ги сликате вашите коси и да ги прикажете на форумов ,ако ви остави впечаток некоја слика можете слободно да дискутирате бидејќи сум опседната со мојата коса јас ќе го скршам мразот
браво што прва го скрши мразот морам да признаам убава тема баш ми се допаѓа твојата коса фарбана е или таква ти е природна ? Aко не е ми изгледа баш убава нијансата Hемам многу убава коса многу ми е разлетана а инаку ми е права косата со мали таласи
фарбана ми е косата па ајде можеш и ти да не почестиш со една твоја слика АЈДЕ ДЕВОЈКИ НЕМА НИКОЈ ДРУГ КАНДИДАТ ЗА ТЕМАВА
еве сум и јас стандард вака ја носам косата пуштена и со шишка само да напоменам дека од позади косата ми е многу подолга ( и често ја носам степенасто иако сега планирам боб фризурче да си направам )
Еве ја мојата коса, најтазе слика, од пред некој ден. Темно кафеава, со некој чуден златен сјај, кој сакав да го постигнам, речиси рамна, со степен кој не се познава скоро ич. Деновиве планирам да направам баш степен, кој ќе се познава. П. С. Не се чудете што сум по кратки ракави, дома е толку топло, што морам да седам по маичка.
косата е лично моја немам надградба koritsaki мене ми се допаѓаш секако и со црвена и со црна сеа незнам како би ти стоела плава lepaaa природно ти е права косата ? инаку во право си за степенот може до поубав израз ќе ти дојде косата Little-MK какво е тоа натажено човече ? девојко ти треба да се гордееш со косава колку само ти е долга и убаво виткана и плус убав степен имаш знаеш колку девојки сонуваат да имаат таква коса како тебе ?
heart.stelaer и јас си се свиѓав црвенокоса ама другиве ме премислија, а бев и плавуша лани сакав да достигнам плава бисерна ама пак ме премислија дека и таа не ми стои А инаку сите имате убави долги коси , блазеси ви , се надевам и јас еден ден ке ја исчувам толку косата
Природна ми е темно кафеава,средно виткана Ама мојава коса има претпено мнооогу промени, од кафеава во портокалова, па црвена , па безуспешен обид за плава, па пак црвена, и сеа пак постепено одам на кај плаво
Talita-убава ти е косата,и мојата е така средно виткана,но ретко ја носам така Инаку најмногу ми се допадна бојата на првата слика,како златна што е ,и онаа кадешто си во бела маичка со наочари