Кога е пеглана фина е, ама оди па најди и' го крајот кога не е пеглана. Ама не со преса, него со таа за алишта. Пресата не и' делува. Сликава ми е од поодамна, ама сега слично сум шишана, само што не ми е на степен, туку рамна. И да ми извините, ама немам слика од позади.
Може ли да ми кажеш со каква фарба ти е фарбана косата? ми се допаѓа бојата, јас одамна сакам таква боја ама не знам како да ја погодам фарбата...
^^ Природна ми е таква. Само што не ја чувам оригиналната слика, на оваа имам неколку ефекти, дека ми е малку постара. Ама тука негде, за некоја нијанса, таа ми е. Смеѓо-кафена, не знам ни јас што сорта е.
За на школо ми е најобично пуштена или во репче,а за други пригоди си правам некогаш фризурки,некогаш за пеглам(затоа што не ми е extreme права,посебно долгите „шишки“ хахаха),а некогаш ја виткам.Летово '13 си ја правев доле со степ црвена(одвај сум ги натерала моите хах). Еве ја мојата коса виткана
здраво женска косата ти е многу убава и јас имам виткана но ми е многу побујна од твојата и појке виткана ...сакав да те прашам што и ставаш ...како ја правиш така скоро мазна ..мојава виктана наелектризирана скоро секогаш...најгрозна коса имам