Убава ти е и оваа боја, баш ми се свиѓа. Плавата стварно убаво ти стои тебе ама и вака поноси ја, убава е.
Фала ти Имам права, тенка коса, често ми се мрси секој ден ја мијам. Не користам многу производи, имам ставено некоја капка масло од чајно дрво во шампонот, шампон од Афродита тој со лук против опаѓање користам. Го користам овој регенератор на Gliss кој можам секому да го препорачам, ми се прероди косата од кога почнав да го користам (го има во ДМ). Два пати ставам, еднаш после шампон и еднаш пред да излезам од купање, и само ќе го ставам и исплакнам многу малку за дел да остане. Сјајот е од регенераторот ама и од фарбата. Мешам црна и кафена боја, некаде 2/3 црна и 1/3 кафена за да има ваков сјај на сонце. Исто така гледам никогаш да не ја врзувам косата, да ја чешлам многу нежно и трпеливо и така..
Прекрасна косата! Ме потсети за врзувањето. Јас само ја врзувам и можда се крши повеќе така. Туку сакам шишки ко твоите. Собирам храброст за да направам, плус арна фризерка да најдам и неколку сликички. Што мислите, на какво лице одговараат шишки?
Бев на фризер ми стави бланш под фолија , се шишав па ми стави прелив. Сега ми рече веќе никако бланш. А и дека не е веќе потребно. Доволни се фарба или прелив
Ок, вака сега... Гледам 2020 сум постирала слики и било прилично бурна година. Ме инспириравте и 2021 да видам шо се случувало со косата. Го чекам денот кога ќе издржам барем некој месец да не и' напрам нешто. Моментално ја растам и намалив со пеглата. Слики понормални немам, то е. Еве: Спојлер Февруари: Јуни, ми порасна и не можев да ја трпам плава па ја исфарбав темно кафеава, потемна беше од сликава (плачев): Септември, пред да ме фати лудилото пак, почна да паѓа кафеавата боја, се врати плавата: Декември, ја истрижав: