Промена има само во должина и густина , ова е пред година и пол , кога ми беше како метла ( ред прамен ред промаја ) а ова е сега , по неколку месеци ( со пауза ) користење шампон од Фармаси ( месецов и маска ) . Бојата е моја , природна ја фарбав едно време , ама откако ми отпадна повеќе од половина коса , престанав ( пост-породилно опаѓање , од кое никако да ми се врати во нормала ) . Кога бев на фризер пред некој ден , фризерката ми рече дека имам нови прамени низ целата коса и многу се радувам , како дете на точаче .
На кој начин ја негуваш? Дали ја пеглаш често, фен, препарати? Многу ти е убава, здрава, ваква имав само кога имав 5-10 години. Многу се извинувам сум заборавила да вратам. Инаку не ми е фарбана тогаш, само ми паднала кафеавата боја која ја имав ставено последно. А кога ја фарбам плава тогаш е со Garnier diamond blond за посветла плава и Garnier 8ка кога сакам да е поблиску до природната. Не дека сум задоволна ама не ми се експериментира.
Фалаа Ништо посебно само шампон и млеко за коса на врвовите ставам. Шампони знам често да менувам бидејќи ако одам со ист некое време ми се мрси брзо. И тоа е недостатокот, што ја мијам на 2-3 дена.
Заборавив да ја прашам фризерката што ме фарба (требаше и на друга феминка да и кажам), ќе и пишам утре баш Косата ми падна пола (пост Ковид), 2м ми паѓа и сеуште.. Може малку помалку, ама пак си паѓа
Фала! Сменив два до сега, џабе е се. Ампули, апчиња се пробав, природни препарати. Сега уште други апчиња да пробам. Намалено е паѓањето, ама си паѓа. Знаело по 6м да паѓа... Да не сум оф, слика пред да почне да паѓа декември месец. Сега како искубана кокошка сум, да намали паѓањето и одам да се шишам... Инаку бојава е од темните бакарни нијанси, но за точно ќе прашам утре
А си пробала да се триеш со лук на скалпот? Грдо мириса, ама навистина расте нова коса и се спречува опаѓањето. Исто и од Тианде има нешто спреј или капки некои, знам другарка ми користеше, многу и помогнаа за опаѓање, ама малку е скапичко. И од апчињата Миволис, ги има само во ДМ, читам дека се задоволни феминките. Мене лично за опаѓање, ми помагаат ампули од Б витамини, во шампон од коприва или лук, исто имам испробано се и сешто, години се измачив со косата.
Ти ли беше Ја прашав ми рече дека секогаш си мешала сама комбинации од 2 фарби (како што реков овие се од темните бакарни), а користела фарби на Dikson, Туто линија (така нешто) @Rama имам нова веќе доста, паѓањето е намалено, но сеуште си паѓа, слушнав дека до 6м знаела да паѓа пост Ковид. Сега почнав и со ампули едни од фризерница кои супер ми пријаат. Се надевам дека нема да сум од тие што 6м им паѓа Спојлер: Антени
Јас го зедов шампонот и маската со лук на Фармаси. Се изненадив колку нова коса ми израсна само по неколку миења.