Пак шлакав јас. Аура зедов овај пат, ме бендисва сјајот, личи како негувана. Нијансата не ми е баш погодена, помалку ми стои на ликот.
Јас вакви нијанси на себе ич нејќам ама на друг многу ми се допаѓаат, посебно кај тебе, многу нежно ти стои и на лицето. Преубава ти е
Мене многу ми се допаѓа како ти стои. Сакам и јас да пробам некоја ваква нијанса ама додека не се сликам за табло за дипломска, ништо не и правам, да не ја зезнам, па додека ја оправам после... После тоа ќе експериментирам со ваква слична боја ако соберам храброст. Сличен тен имаме и баш убаво ти стои, сега уште појше се убедив да ја направам во иднина вака. Иако мене сите ме премислуваат, тешко се вадела ваква боја после, не знам што. Не ги слушам.
И јас секогаш пред битни сликања не ја гибав. Природна и долга гледав да ми е. Мајка ми е против моето фарбање секогаш. Искрена да бидам од една страна е во право. Често се зезнувам, па со здравје да си ја носиш зезната, мачно е еднаш месечно да се замараш, се уништува. Нема поубо од пери-носи. АМА јас цел живот сакав ваква нијанса, дека имам многу бел тен, светли очи и мислев ќе ми стои. И многу мерак ми се напрај, чинела-нечинела јас ќефој сум. А то е битно, ќефот да си го напрајш. Преубава коса имаш ти, малку и мене жал ќе ми е, ама јас секогаш сум ЗА експериментирање. Фала ви на сите.
Убава ти е и оваа, ама претохдната многу поприродно ти делуваше и мене лично многу поубава ми беше. Ако не ти е тешко, да споделиш уште еднаш со кое бројче беше фарбана на претходната слика?
Се сложвам, баш како природна беше. Се надевам ќе падни за брзо бојата, па пак со таква ќе продолжам. Три пати до сега ја фарбав Syoss 6-76 (не беше лошо за прв пат, слика има во темата за бојадисување). Palette 8-77 (мислам дека ми беше најпогодена, ама ми рекоја на долг рок ќе ми испадни косата и сменав, сликата на претходната страна). Сега е Aura 9.4.