Јас обожавам да експериментирам со косата! Ми беше многу долга па ја скратив, па пак порасна долга, пак ја скратив... Па се исфарбав портокалева (сакав црвена ама дека со блаш испадна скроз пороталова.) Па ојдов на црвена скроз, после то решив дека е многу црвена па бев бакарна долго време.... И сега си ја вратив мојата боја- кафеава. И ме има огромен кеф фатено за долга коса... Одамна не ми била долга па се обидвам ете сега да ја пораснам.
Прекрасна коса мила моја, мислам ти имам кажано. А јас не ви ставам од мојата додека не ја оправам, што убава коса си имав....
Фала Откако памтам за себе имам долга коса. Никогаш не сум ја скратила драстично, и си расте таа Иако бавно, ама се шишам 2 пати годишно бидејќи не ми е оштетена. Не ја пеглам, не ја сушам со фен веќе со години. Не и ставам ниту маски.
Кој ти ја шишаше косата последно? Врвовите на последнава слика воопшто не ти се добро шишани. Косата како со секира мавната и пресечена. Врвовите ти се ужасни. Кој ти ја зезнал убавата коса? Ова со обични ножици е шишано и рамнето. Врвовите под итно да си ги средиш. Немој погрешно да ме сфатиш само, мјот совет ти е добронамерен. Позз
Спојлер Едната слика ми е од минатото лето,каде што сум во бело ми е од сега(се глупирав ама убаво се гледа косата). Се извинувам што до толку морав да ги уништам,скријам сликите ама не би сакала да се откривам.Не се фарбам пак ќе повторам,тоа што на новата слика ми се посветли врвовите е најверојатно од сонцето.