Како си задоволна, дали ги држи локните? Јас други две на Балеа користев ама не бев задоволна, и многу ми пагаше косата од нив.
Оваа ми е најдобра од се до сега што имам пробано,ама прво ја сушам малку косата со дифузер и на крај ја нанесувам така најдобро испаѓа. Препорака од мене Иначе на водена коса имам пробано кога ќе нанесам не ми е тој ефектот,на скоро сува е одлично(баш и така пишува дека треба да се користи на скоро сува коса)
Колку зема сега за шишање? Порано одев кај него, пред да се пресели во Ист Гејт. Ама како него никој не ми ја средил косата.
Па фризерки што ќе те унаказат земаат над 500 ден. Кај Дарко одев уште кога работеше во еден фризерски салон во Н. Лисиче (не ми текнува како се викаше) и навистина преубаво ме шишаше, дефинитивно машките фризери најубаво шишаат, женскиве научиле само ножиците за ретчење, а не секоја коса е за ретчење (како што беше мојата).