Gingerchild па да ти кажам се накај плаво ме влече сега косава ми е шарена да речам,светло кафено црвено портокалова ама од бланшот ми е , незнам зашто боиве ли од гарниер не фаќаат не се толку јаки , незнам , а пред некој ден најсветлата ја ставив и пак ништо. До хидрогенот ли е , тогаш кога станував плава се фарбав со палете и да ти кажам баш убава косата ми беше , сега читам овде многу ги расипале
bubic мора нешто да се менува хаха , кога бев плава воопшто неможев да се навикнам на себе, незнам зашто изгледа дека 7-8 години бев црна ама јас полека полека ќе ја осветлувам па ќе пишувам на форумов за резултати само некоја о плавушиве нека ме просветлат што хидроген да ставам за плава коса i се извинувам што не пишувам во соодветна тема ама цел ми беше сликиве да ги поставам
Ова го направив пред два дена Многу сакав кратка коса, многу бев возбудена што ќе ја скратам, а сега одвреме навреме се каам Ај може ќе треба малку време да се навикнам... Ако не, коса е, ќе порасне
За преку лето е супер, не се потиш, полесно се миеш, нели е така и коса си расте нема зашто да се каеш
Јас од коса до половина решив ја скратив до раменици, еден викенд останав дома сама и ја скратив уште толку, дури и ја нијансирав, ептен промена ко за еден викенд Сите ме прашуваа да не ми е мака, ама па зошто, ќе порасне. Секако ми требаше некаква промена, речиси 5 години немав никаква промена направено освен повремено малку подшишување и ми беше здосадена долга веќе. Убави се промените, мене еуфорија ме тераше цела недела, бев весела како никогаш
Еве ја мојата Ама тука е виткана инаку ми е права Спојлер Извинете за црвеното,морав,за да го зачувам идентитет на другарка ми
Еве како ми беше за полуматура .Само ја измив со шампон. И тоа шампонот со вода го разредвав,бидејќи ми се потрошил.А јас абер си немав .
Не е дека не ме знаете ама не сум убаво испадната на сликата инаку ова е мојата коса виткана со плетенки
Еве женски и мојаа коса по неколку миења. Сликано е без блиц зашто со блиц се покажување многу портокалово како цела портокалова да ми е горе кај коренот и до средината некако е ок ама подоле уште не е изедначена бојата портокалова е одвај чекам да отидам на фризер веќе да ми ја направат како што треба дефинитивно женски за да постигнете идеална руса коса само на фризер
Пеглана и виткана со пегла. Природно ми е виткана, ама не претерано.Немам слика од тоа каква ми е природно, а не би ни сакала да имам, бувче сум тогаш.