Бев плавуша една година и почна да ми здосадува, па решив постепено да ја потемнувам, и успат чат пат менував и фризура кога се шишав. У принцип сакам промени и не ја жалам косата кога ја шишам, а и редовно ја фарбам, на секои 2-3 месеци менувам боја, без разлика дали е само една боја или неколку нијанси помешани, потемна или посветла. Имам слики ставено од тоа кога бев најплава, па еве после тоа, некои нијанси почнувајќи од лани, како ја затемнував постепено па ja нијансирав 3 различни нијанси, слични на мојата природна боја, со прелив и на крај ја затемнив уште малку, ала бринета. Овда сум после година дена плава, памтам дека помешавме нијанса потемна плава со сиви тонови. Тука сакав шишки, знам лани пролетта беше тоа, и сакав бебешко плаво, и баш испаднаа некои природни нијанси, па оваа боја си ја носев неколку месеци, ама се заситив и на крајот за да одам на уште потемно. И нормално, после ова шишките си ги растев, толку беше меракот, месец и пол дена. Тука веќе ми е свежо нијансирана, пред некаде пола година, 3 различни нијанси, сите слични на природната боја на мојата коса, само по еден тон посветли и потемни. И со тек на време надоле по сликите ќе видите како си менува бојата со секое миење, а ја носев вака баш пола година, без никакви фарбања, ништо, беше се попрекрасна и попрекрасна, ама и тоа ми здосади, па после ја затемнав уште, ќе видите. A сега, пред 3 недели фарбана сум, отемната малку, бринета, и нијансите сеуште приливаат и си стојат, ама потемни се само. И тука можете да ја видете и ќелавицата на дечко ми, ова е неговото прво појавување на фемина, to that.
Морам да ти ја пофалам нијансата на косата мојата омилена Дали е тоа твоја природна боја или се фарбаш? Доколу е фарба ако сакаш да ми ја кажеш нијансата? Долго време трагам по оваа нијанса и никако да ја најдам, сум пробувала со слични нијанси ама не ми испаѓаат и после секое фарбање се разочарувам од резултатот, па прекинав со фарбање. Но кога ја видов бојава во мене повторно се разгоре желбата да ја имам на косава, па си велам да пробам барем уште еднаш.
Колку те кошташе,ако не е тајна,планирам и јас вака нешто,а иста должина ми е како твојата,па сакам да знам од прилика колку ке ми земат?
природно ми е виткана ^^ ама ете ме и со права коса иначе сликата со права коса ми е постара пред година
На првата слика е и пеглана и виткана со пегла и има плетенка, од се по нешто. Таква ми беше за полуматурата. На втората ете ја повторно пеглана. Сликата ми е уште од зимото, ама должината е таа. Незнам зошто ми испаднала како метла, сигурно е од блицот.
Еве ја мојата(од алманахот ми е немав потазе) Вака темна кје ви изгледа поради тоа што сум од далеку сликана ама светло кафеава ми е.