Неполни 2 години Таква сум сакам трансформации , голема желба ми беше да станам плавуша и ради тоа експериментирам
Многу ми се допаѓа твојата коса особена бојата. Може ли да ми кажеш дали е природна или ја фарбаш ( и ако ја фарбаш која фарба ја користиш) ? Се заљубив во бојата
Сум била шатирана,портокалова,плава,бордо-краток период (ама немам слика во лап топов), и после долго време црна, едно година и пол, ја пуштав мојата кафеава, и сега се вратив на долга црна со рамни шишки. Штета што во лап топот не ми е сликата кога косата ми ја имаше најголемата должина.
Сега видов дека си ми поставила прашање. Да, вака ми е права косата. Премногу права, се мачам за да ја извиткам. Права и тешка ми е.
Ова е мојата коса(природно виткана и бујна со ептен цврсто влакно) од пред 2 години кога сум ја имала и со најголема должина, подолга не ми била, а сега ми е за 4цм пократка, значи и сега не ми е многу кратка, сликана е од назад, на плажа, затоа сум таква мислам се гледа де, што ви објаснувам. А слика од сега каква што ми е ќе ставам друг пат кога ќе ја доловам убаво или пак ќе се сликам специјално за во темава(нешто слична ми е и сега):
можам да замислам кога ќе ја испеглаш колкава должина ќе ти има косата ,браво што си успеала да израснеш екстра долга коса
Природна ми е виткана, али не претерано, како на втората слика. Првата ми е фенирана, свежо дојдена од фарбање.