за да кажеме која подобро ти стои треба и лицето да го видиме. Јас мислам дека така се одредува која фризура подобро ти стои,Според обликот на лицето,очи,нос и сл. Инаку вака и двете ми се допаѓаат,ама за која подобро ти стои на тебе,ке треба лицето да го видам,но бидејки е анонимен форум тоа е.Другарките нека ти кажат
Немој никако да ја пеглаш. Прекрасна коса имаш! Со пеглањето само џабе ќе си ја гориш. Не вреди ваква коса да си ја испустиш
Аххх косата.. Мојот омилен дел од женската појава. Секогаш нејзе прво ја забележувам и ја анализирам . Многу ме нервираат девојки кои не се грижат за сопствената коса.Долга до половина а оштетена и расцветана, плавуша со црн корен,мрсна со перут ми се Едноставно од секогаш сум сакала кога ке видам убава и миризлива густа коса и кај девојки и кај момци. Не експериментирам со косата.Последниве 5-6 години ја носев долга,но пред 2 недели ја прежалив и бааги ја скратив.Пуштив некое солзиче што е за право додека ме шишаа но срека брзо ми расне па пак ке се вратам на стара должина.
еве ја мојата коса тазе миенка и исушена ,никогаш не ја пеглам бидејки ми е права скроз а и мн ретко ја виткам,и тогаш кога ја виткам ми стои најмногу 2 до 3часа
Па ке кажам дека прилично сум задоволна со неа,не ја оптеретувам со ништо не ја фарбам (природно ми е бојата) не ставам никакви маски или капки едноставно ја мијам сушам со фен ,чешлам и така
Имам и шишки малце пократки од косата, ама на сликата ми се собрани нагоре. Некогаш ги пеглам само нив, ама брзо се виткаат, па најчесто ми се собрани.
Не е нешо посебно ама заразлика од тоа шо ми беше порано сеа е кралица.Кратка,оштетена дур до корен ррррр ко се сетам се ежам .Али сега ја исчував колку толку ..