Еве ме и мене, се думам месецов пак да ја сецнам до линијата шо е обележана. За околу 3 месеци ми порасна од линијата до сега сликата што е и затоа си давам за право многу често кратко да се стрижам.
минус некој сантим моментално. И уште ќе ја скратам, и овојпат сама, пошто фризеркава барата со ножичките ко глушец да ме грицкал
@blueberry93 охохо одназад гледно и мојата коса вака изгледа и и јас пократко ја кратам, првично зошто ми паѓаше после почнав повеќе да се сакам така. И ти се восхитувам за тоа што можиш сама
Ко помала си направив една шишка баш за восхит, пола година одев со штипче на глава. Ја уствари сум омилен муштерија кај фризеркиве, ниту се фарбам, ниту се тинтрам со маски, ниту имам специфични барања за шишање. Или рамно им викам, или по твоја желба. Ама претходно имав степен и женава додуша ми ја жалеше косава да не ме потскрати поише, и кај претходниот степен се гледа дека е нерамно. А сто пати и реков, не жали - крати. Ама со оглед на тоа што ми е маалска на пет минути од дома, а кошта помалку од берберот на брат ми, не се бунам. И верувај ми скратена вака средна должина, не баш долга на многу девојки повеќе им прилега. Некако го отвара лицето и дава помладалачки изглед, ко девојчица баш. Ич да не се двоумиш за кратење. Мене на наредно шишање ова ми е во план
@blueberry93 јас максимум за косата шо користам шампон против опаѓање зошто зимски период ми станува мизерно. Веќе одамна се стрижам скроз право, и интересно ми е кога прв пат пократко се истрижав, неколку дена пред матура, на фризерката жал му беше да ми ја скрати косата А јас готово решена. Зошто природно имам кафена коса, кога се видов сечена се почуствуав дека сум деветолетка. Потоа ставив црна фарба па заличив малку од малку за години, сега веќе не се фарбам, пак си имам моја боја на коса, па си сум детенце