Фала со помош на фемина и ваша помош се разбира феминки ја пораснав толку косата. (и имам план уште да ја пуштам)Ете можеш да видиш разлика на 29 страна и 32 имам слики ставено од предходно. И уште еднаш Фала
За 9 месеци (види ја сликата на страница 29 во декември почнав да ја растам) крајниот резултат е оваа слика погоре. Не мерев точно да знам колку сантиметри добив за овие 9 месеца ама по сликиве можеш да си предпоставиш. Користев само шампон од кокос во него ставав ампули В6 витамин В12 и мултивитамини, пантенол и таблети од пивски квасец. 1 месечно ставам маска од јајце и тоа е тоа. А и ја масирам секогаш кога ја миам косата 2 до 3 мин. Само што сватив една работа, и порано кога сакав да пуштам коса некадр на пола се откажував и ја шишав. Треба да се биде одлучен и да се оди до крај бес никакво шишање дури ни краевите и една мн важна работа никогаш седење пред огледало секој ден и да гледате до кај пораснала така буквално ќе речете ова нема ефект а косата не расне секој ден. Едноставно јас заборавив дека ја раснам само користев од шампонот и тоа беше тоа. Морам да кажам дека фен не користам ама косата ја пеглам не редовно ама ја пеглам и не ми се уништи од пеглата. PS: Извинете за долгиов пост
Ти ја видов на 29 страна косата , али стварно имаш густа коса , и сакам да те прашам дали од тие ствари ти се здебели влакното ? Пошто мене ми е ептен слабо влалното на косава ...
Не така ми е косата ама јас баш би сакала тенко влакно. Кога ја миам после тоа ми е како грмушка барем јас така викам, сите други ми викаат дека ми е убава косата да не ја пеглам ама јас неможам или си ја фаќам во реп или пегла не ми бега