Преубаво!!!! Те молам за точен опис како до ваква боја? Или каде на фризер и колку ти зема за фарбање за оваа должина?
Порано како по мала многу ја фарбав. Последно ми беше шатирање пред 7 години. И потоа ја оставив да расти, шатираното го стрижев по малку и ми падна скроз. И никогаш не ја пеглам или виткам да ја горам. Фен користам ретко само во зима. Шампони ништо посебно некој ефтини или каков најдам таков. Не е лесно и со долга коса. Ама во план сум да ја растам уште.
Никако кратење ни јас несакам. Ќе ја растам додека можам. Некогаш ме прифаќаат ради бојата сакам нешто да сменам ама уште не сум се одлучила цврсто за некоја промена. Ова си е мојата природна боја.
Последниве неколку години по 2 пати годишно. Ама сега не ми е стрижена повеќе од 1 година. Врвовите не ми се оштетени. Мислам дека е од тоа што не ја пеглам или виткам не ја горам со ништо.
Женски извинете што не сум ви кажала ништо во врска со фарбите, ама стварно немам појма со какви бои се фарбам пошо секој месец сум различна.
Многу убаво! Јас решив да си ја навиткам денес косава, ама ми се пушти прилично. Огромен товар ми се симна откако ја скратив.
Не да си убава - пре-преубава, прекрасно ти стои! Многу убаво ти стои вака навистина, дури и јас добивам желба да ја исечам мојава коса.