Многу убаваа... вака кога ја видов косата на прв поглед како Дефне од Вљубениот ерген да ја видов. Ја фарбаш или природна ти е бојата?
Фарбана е, но и природната ми е со некој портокалов сјај, така да воопшто не беше тешко да се добие .
Што фарба користиш? Имам природно скроз црна боја, сите мислат дека се фарбам, но за време на бременоста почнаа да ми се појавуваат бели влакна, нема многу , но кај ида е ќе морам да почнам, ми треба идеа.... Твојава е погодена, претходната нешто како омбре шо ти беше не беше ок, ова нијанса немој да ја менуваш.
Miss Magic od Kam Ама јас и пред омбрето бев црна, не знам што ме натера да ме направат божем бајалаж. Испадна убаво може недела две држеше ама потоа бојата спаѓаше и ми се обои коренот во портокалов. Се вратив пак црна, дека некој ми рече од фарбано црно многу тешко да се осветли, само јас не слушам кога ќе ми се каже туку на дело се зезнувам. Инаку оваа фарба демек црна ама има тегет отсјај на бело светло. А ја земав стриктно црно, веќе не ја менувам бојата на косата, црно си е црно Сега само ќе си го кратам повеќе оштетеното, значи ми се плачеше кога си ја гледав таква портокалова беспомошна. А задоволна сум и од Aroma Color со нив се фарбав долго време и не се скапи. Само што мене ми е некоја светло црна на корен па кога спаѓа не се приметува и можам да издржам до 6 месеци да не се фарбам. Мило ми е што сподели мислење.
@buba4e89 и ја сакам бојава да ти ја пофалам уште сабајле ама заборавив да напишам Супер ти е вака, претходната ни мене не ми се свиѓаше ама вака ептен ти стои, не си ја менувај.
Благодарам за информаицијата. Не сум од Скопје ама ќе проверам во Тинекс во мојот град. Долго време барам таква нијанса ама изгледа на погрешни места барам па не можам никако да најдам. Се изнафрлав пари за фарби и можам слободно да кажам дека сите се исти барем за мене, имам густа не многу долга коса и 2 фарби обавезно ми одат. Откако увидов дека сите се исти почнав да ги купувам по ефтините до 100 денари и таман цел месец ми траат. Моментално земам една слична како оваа што ти ја постира, баш вчера се фарбав и приметувам горе на корените за нијанса или две ми е посветла, а надолу таман. Не знам во што би можел да е проблемот.