Знам дека треба да ја кратам ама ај.. не ми дава душата. Иначе извинете растурено е малце во Загреб бев овде, не бев дома.
Ангелче,ако веќе ја кратиш,размисли за донација,некому ке подариш насмевка,а за жал ги има многу на кои им е потребна.
Ти благодарам. Природна ми е вака, едно време само врвовите ми беа бланширани па со сива фарба, ама падна тоа и стрижена сум 3-4 пати оттогаш па сосем малку се познава од бланшот на врвовите. Другото си е природно.
Се заљубив во бојата . Фарба бројче? Инаку и формата многу ми се допаѓа ама бара многу оддржување, пеглање, фенирање..
Еве ја фарбата. Мене ми излегува посветла зошто претходно бев многу светло плава фарбана и бланширана (имам поназад во темава ставено слика). Ама фарбава е одлична, многу убав сјај и дава на косата и не ја оштетува и суши како останатите фарби. А формата многу ја сакам, се одвикнав од долга коса и не можам да се натерам да ја пуштам
Колку што пробав сама да се сликам. Девојки згрешив? Некако поубава бев со подолга коса, мислам и ова е долга ама.. Навикната сум на подолга. Не сакав да ја кратам ама мораше..