Инаку и мојава сега е пери-носи, пошто нон стоп ја шатирам и ја уништувам, ја мијам со шампон, со шампон за тонирање, ставам или маска или регенератор, после на мокра коса ставам од Елсив маслените дуо спрејови, од сето ова доле бланшираното секако одлично и здраво изгледа, ама корените се нетретирани термички и се' ова им е премногу, па откако ќе се исчешлам и исушам, косава ми е права - не како фенирана, ама културна е барем не лета насекаде, па тогаш ставам сув шампон на корени и терам Порано... лелеј. Кога ми беше малку пократка. Или пеглав или виткав, замарање налет. Сега "фризирам" само по потреба Инаку, алал да ви е што сушите природно коса. Јас фен палам и во сред лето, не трпам мокра коса ИЧ. Да бидам во темава, зајдов оф топик, на ви слики Од пред неколку години, шетав од апла црвена до темно кафеава Од поново време Од најново време, праќав слики на колешката во живо од фризер
Жал ќе ми биде да ја кратам уште девојки Сакам да пробам како ми стои, ама немам храброст, после ќе ми е многу криво.
@angelche16 , искрено косата уште ти е оштетена на врвовите, не е скроз здраво влакното по целата должина. Разликата дури не се ни приметува од претходно. Јас сакам долга коса, ама пред сѐ сакам здрава коса. Порано имав долга, не колку твојата, ама поради нередовно шишање ми беше оштетена колку твојата. И не изгледа убаво. Поради тоа ја скратив и веќе редовно одам на фризер. Истото на тебе би ти го препорачала. Ваква коса бара одржување. Дел од тоа одржување е и редовно шишање.
Фала ти не се фарбам , никогаш се немам фарбано. Се шатирам само со бланш. Природно сум плава. Иначе прамени ми вадат во Беверли во UNique кај Игор Говорко.
@angelche16 не зезај, пак ти е огромна И јас се шишав, малку криво ми е... ама ај ке порасне до летоска + нов прелив имам. На сестра ми е преубава, ама таа нијанса јас тешко да ја добијам, она е и природно смеѓа.
Да не ти биде Коса расте. Мене лично вакв долга коса не ми се допаѓа. И мислам дека не личи на никој. Да видиш колку ќе се освежиш да ја скратиш до рамена Незнам колку години си, можеш да ја осветлиш со некој прамен @mariz преубава
Со повеќе бланш ќе ја добиеш, ама и повеќе ќе се оштети. Инаку вака ти е преубава и ти стои, јас нр би ја осветлувала повеќе.
Ист период сликана ми е (и прва и втора слика е иста боја), ама од светлото.. различно изгледа. Инаку кај Дарон ја правам, осветлува со тек на време мојава.
Чекам да ми помине матурата за убава фризура да напраам и ќе ја шишам најкратко до сега некогаш у живот што ми била... Види го прикачениот фајл 473101