Толку убава плава коса немам одамна видено, прекрасна ти е . Колку ти земаат за шатирање? И дали ти ставаат фарба одозгора или само бланш имаш?
Фала ти! Ми земаат околу 3500 ден. Сум се шатирала на повеќе места, од таму сум некако најзадоволна. Фарба никогаш не ми ставил никој, само бланш и прелив после. Користам и сребрен шампон пошто реално со тек на време белото станува малце по златно/жолтеникаво. Ама шампонот ја одржува бојата. Веќе со години вадам прамени и затоа ми е волку светла, сега ја пуштам малце за пак повеќе да се гледаат како јасни прамени да не изгледа како фарбана.
Фала Макотрпно дојдов до оваа нијанса од црна со кна.. Дај твојата коса да ја видиме, те знам за плава од невестинската слика
@victoria Тргнав да те тагирам и пишувам златокоса Тоа и си, совршена и преубава коса Не само што бојата е величествена и женствена, туку и целокупно делува освежително и здраво
Ти благодарам за убавите зборови гледам колку што можам помалку да ја оштетувам дополнително со топлина,зошто сепак со самата фарба губи на квалитет влакното..а искрено и мене последнава година многу ми се допаѓа бојата,зошто е поприродна,смирен тон и фризерот точно го гаѓа соодносот