Преубава ти е ,јас до сега не ја имам фарбано косава ама твојава многу ми се бендиса ,може да ми кажеш каде ја правеше и јас сум од бт.
Фала. Ја правам кај Деан, кај Хотел Битола е салонот. (Hair Studio Dean на фб побарај, има доста слики.)
ете видиш првпат слушам за него ,колку ти зема скапо и стрже ли убаво,јас годиње одам кај тина ама последен пат буквално ми ја запусти косата и и реков кога станав ама џабе вејке.
@ubavka1 300 за стрижење, мене ми ја годи, само јас не сум нешто комплицирана секогаш ми е рамна и таа должина, ама многу лесно ја обликувам од ко почнав кај него. Претходно ми ја ретчеше фризерката и ужас беше за пеглање или фенирање. А за шатирањето, зависи колку материјал ќе искористи, плус става olaplex за заштита од бланшот и на крај ја неутрализира со прелив/фарба. Првиот пат за цела коса ми зеде 1700, наредно ми имаше и помалку од 1000 земено за горен дел само (ист дел со бланш два пати не поминува). А сега на сликата сум со повеќе прамени, сакав поплава од горе и околу 1400 ми зеде (ама и синчето се стрижеше дури чекав со фолиите, во таа цена). Немам искуство кај други за да споредам дали е скапо или не, битно задоволна сум и работи со schwarzkopf professional, цела линија на производи му е квалитетна. Не ми е изгорена и оштетена воопшто, иако ја пеглам секој втор ден. Ако се одлучиш да одиш пиши дали ќе си задоволна.
фала многу јас коса имам за извоз бујна долга ,ама последен пат ти кажвам ми ја запусти косата ке пробам кај него да се истрижам па ке ти кажам ако најдам термин што ке ми одговара.
Пред и потоа 15 месеци се немав шишано само за да на матура имам коса до половина Види го прикачениот фајл 500784 Види го прикачениот фајл 500783
Wow мене ми изгледа како вистинско освежување. А некако и задниот дел од телото подобро ти го истакнува, пооформено изгледа, не те ,,затвора" косата. Ми се доапаѓа и должината, тренди и урбано.
На фризер..и не ми кажува кои бројки ги меша знам самп дека се некои италијански,бордо кутивче..и мислам дека става 3 нијанси