Има ли фб или инстаграм Сена? И мене ми ја имаат пофалено за шишање, ама ме интересира и како нијансира. Имаш искуство со балајаж кај неа?
Јас лично немам искуство кај нив ниту за шатирање ниту за фарбање (не за друго туку никогаш ниту сум се фарбала ниту шатирала ), но знам чуѓе кои се многу задоволни Повели слики од нивната фб и инстаграм страна
Само што излегов од фризер. Имав скоро многу долга коса, но многу ретка а фризерката ми има кажано дека имам многу тенко влакно како пајажина па затоа одлучив да се ишишам. Вака колку толку подобро е
Преубава!! И должина и боја! За должината би немала проблем, ама бојава тешко да ја добијам со мојот природен црвенкаст/портокалов пигмент, по 2 миења ке ми биде со портокалов сјај мислам и уште нешто, со што ја виткаш? преубаво извиткана ти е
Фала многу, и тебе и на @gjoker4e. Со пегла ја виткам секогаш. Првите обиди ми беа хорор, ама после се навикнав колку-толку. А за портокаловиот сјај, само многу пигментиран силвер шампон му е мајката.
Мојата порасна како луда за 6м колку што ја немам скратено. Сакам да ја сменам бојава, црна сум а сакам да ја направам како на втората слика, здравје за свадба во април, како да ја отстранам бојата без да ми ја избелуваат, не сакам со бланш
Најбрз начин да ја осветлиш е со деколорант ама колку што читав и тој ја оштетува многу косата. Инаку на природен начин можеш со сок од лимон, да го исцедиш, стави му малце маслиново масло за да не ти ја исуши косата и во шише со прскалка, можеш и со сода бикарбона, јаболков оцет, медот исто ја осветлува косата. Јас имам пробано со лимон и има резултати, не големи ама има.
@1209 ако можеш пробај со бланш купка. Еве го мојот резултат после добри 10+ години црна коса . Дома сама ја добив бојата . Ставаш 50грама бланш син што е, 50мл балсам за коса и 50 мл хидроген јас ставив од 12% измешано се заедно тоа му доаѓа на пола 6% и си ја држев скоро 40 /50минути не сум сигурна но помалку од саат беше и бев во коренот жолта баш жолто и надоле осветлено на светло ми беше како портокалова ... искрено мн сум задоволна како ми излезе и помалку ми е оштета вака отколку да одам само со бланш . Инаку не сум шишана скоро 8месеци затоа ми е ваква на врвовите ќе се шишам за брзо.