Извини ама јас со 3% хидроген немаше да имам никаква разлика ако ставев на мојата коса, така да мене ми е океј и сега косата со 12% хидроген и порано некогаш сум ставала 12ка па не сум имала проблем. Реков може и послаб да се користи не со 12% секако се разредува кога се меша со др. Јас сама се мачкав па не промашив никаде и да немам никакви флеки. Пишав и претходно 10+/- години црна природно сум кафеава темно што знам иман и силно влакно можда и затоа не ми се оштети многу сега ако гледаме така и од фарба се оштетува ако ти е страв со 12%земи со 6% ама верувај дека секако ќе има резултат ако ја држиш мининум 30мин и во алуминиумска фолија умотана главата. Пробај и ќе видиш ако не ти се авиѓа бојата можеш секако црна пак да бидеш.
Ок, тебе ти ти прошло ама не е нешто што треба лабаво да се свати. Бланш со 12ка е ризична работа и треба со опрезност да и се пристапи. Инаку опцијата со регенатор се вика bleach bath и се користи како алтернатива за деколорант и како таква се препорачува со 3% хидроген. Тоа е генералниот рецепт што фризер го препорачува. Може тебе ти требало појак хидроген, ти трпи косата итн ама тоа не е правилото за сите. Кај друг може да има сосема поинаков резултат.
Оф леле јас кажав мое искуство како јас пројдов со моја коса немора некој др да почне исто како мене секој за себе си одговара , мене на фризер со хидроген од 3% не ми фаќа обична фарба не па да ја осветлувам. Секад користам појако нешто за косата и секогаш го добивам точно тоа шго го сакам немам утка до сега. Косата ми е океј сега што на оваа слика не ми е шишана едно добри 8 м тоа е друго секој втор ден ја пеглам / виткам и сушам со фен. Реков не видов некој резултат на оштета со хидрогенот од 12% после осветлувањето. еве од прошлиот пат кога се фарбав осветлував ова сум користела .
Нормално ,секој си има право на свое мислење ,не мора секој да постапува по овој рецепт ако не му одговара
ме спаси од дополнителни објаснувања на членката. Пробај па ќе кажеш искуство . Најбитно е да почнеш од врвот накај коренот и ако можеш да земеш секој прамен во алуминиумска фолија да го моташ какп го мачкаш. врвовите последни ги фарбај мене ми станаа жолти.
Девојки, како што и сами веќе знаете - за искуства со различни фарби, преливи, хидроген и слично имаме посебни теми. Ќе ве замолам да не се оптоварува темата со такви офтопици затоа што намената не и' е таа. Сите идни мислења вон темата ќе бидат избришани.
Многу, многу убава Лично, секогаш преферирам пократка средена коса, некако елегантно и отмено ми делува.
Фала Позади ми е и пократко, напред подолго, така долг боб нешто. Полесно дишам, а верувам и полесно ке спијам Вчера и денес сликиве.
Иста ваква фризура имав пред 3 год., и фенирана права, и природно виткана убаво ми стоеше. Ќе ме натераш пак така да се шишам
Едвај чекам да ја измијам да ти кажам, за да видам дали ке ми се извитка поубаво (дека природно виткана сум и јас ама дека третирана беше и тешка не се формираа баш локни и бев како лав). Ако ми стои така, има да биде пери носи
Неее, со пегла ми е извиткана на фенирано таму. Ке ја сликам и природната за некој ден кога ке ја измијам.. Денес сум тазе шишана
Порано кога имав кратка коса ми се чини вечност и требаше за да порасне малку. Сега не и се замарам и расте ко луда. Ептен мерак ми е на долга коса, а во исто време и ми тежи на глава само. Немам храброст да ја ишишам
Затоа на 2 пати како мене Во Окт ја ишишав еднаш, па сега се осмелив вака. Коса е расте, а убаво е да се смени До душа и јас 1г се молев и кога ке ти дојде преку глава ке ја ишишаш За 2,3м ке ставам пак слика и мојава расте нешто ко луда