Си ги скратив пак шишките, знам дека ќе се каам за некој ден оти и така не гледам, ама сакав да видам како ќе ми стојат на долга коса, си ја вратив и природната боја Спојлер
Коса расте, не ти треба храброст, јас си ги кратам многу пати до сега, знаеш колку пати ми пораснале, инаку пред 4 год имав пикси фризура, може се сеќавате од темава колку кратка ми беше, гледај ја сега Крати и не се мисли. Фала ти
Ич да не се каеш, предобро ти стојат шишки. Уствари, што би рекла @macka91 нема фризура што не ти стои
Животна желба ми е фризурава . Уште малку да потпорасне косава и се шишам вака. Преубава си и преубаво ти стои .
@1209 шишките се лудило, на такво лице би ја носела само оваа фризура. Како ја стилизираш косата? Фен, пегла,..?
Никако, најчесто чекам цел ден не ја мијам и се мијам пред спиење и легнувам со полувлажна коса што ми направи хроничен проблем со синуси, па сабајле станувам со полуискршена, а за шишките обично ги фаќам малце со пегла па прскам сув шампон за волумен.
Сама се фарбав ама за да го постигнам тоа што сакам треба уште еднаш да се фарбам, максимум два пати. Се немам фарбано една година па не ми се ризикуваше да брзам да го постигнам од прва посакуваниот ефект.
Од летото, само сега веќе ептен плава ја направив, тогаш беше по на лешник и некако не толку впечатлива, пробував дали ќе ми се свиѓа. Фала ти.
Нијансата преубава, досега јас ја немам фарбано освен два пати шатирано ама многу одамна. Кај тебе фарбано па вадени ли се прамени, како шатирано ли му доага? Врска си немам околу ова Секогаш мислев додека немам бели влакна не би ја третирала ама твојата многу ми се допадна па за на пролет може да се решам здравје. Само кажи ми дали после е доста сува косата? Јас кога ја шатирав често ми беше многу сува и едвај ја скротував, бидејки беше без сјај, разлетана, а твојата е баш убава и со сјај како да не е третирана воопшто.
Коренот воопшто не ми е фарбан, природната боја ми е, а другиот дел ми го нијансираa, прамен по прамен. Ни ја не сум се фарбала досега, затоа и сакав нешто вака, за да не ми го пипаат коренот. Не ми е ич оштетена, ни сува, дури поубаво од порано ми е влакното.