Вашата прва врска

Дискусија во 'Врски' започната од someonenamedmarija, 12 октомври 2012.

  1. someonenamedmarija

    someonenamedmarija Активен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    На која возраст ви била првата врска, колку траеше, како заврши? Какви спомени имате од неа?
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    На која возраст ви била првата врска?

    Во 8мо одделение, значи некои 13-14 години, ако може да се нарече врска, еднаш се бацивме па си поминувавме еден покрај друг и здраво си викавме. Глупави деца, не ми се верува. Неколку месеци издржавме ееееј и после многу свечено раскинавме :D

    Абе заборавив, после пак бевме заедно, и се опраивме хахахаха ама тоа е веќе втора врска со ист дечко :lol: :$
     
    На someonenamedmarija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    221
    На која возраст ви била првата врска?

    Прва врска ми беше летово, што значи на скоро 16 год :)
     
    На someonenamedmarija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    На која возраст ви била првата врска?

    14 год. :)
     
    На someonenamedmarija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.062
    Пол:
    Женски
    Мала бев многу. Симпатија ми беше од забавиште. Првиот бакнеж ми беше со него. Од тој период ми се можеби и најубавите и најневини спомени што некогаш ќе ги имам за љубовта. Од шесто одделение па натака, не ме земајте за збор, стварно не се сеќавам, може грешам ...се носевме и за рака. :$ Покасно и се бакнувавме.. При крај на врска ,кога бев за прва година некаде ме фати за
    цицка
    . Потресена бев цела :D Бевме заедно 9 месеци. Пари давам да се вратам во тоа време, бевме глупаво затрескани еден во друг а сепак ги немавме сите оние проблеми и ситуации кои ги имам во врските како возрасна.
    Се скаравме оти предосети дека му е рано за моногамија а несака ни под разно да ме изневери.Фино поштено се разделивме. Иако му бев лута долго време после тоа, разбрав дека така е најдобро.
    Ден денес ми е најдобар другар. Другарството по договор пробавме да го претвориме во романса пред извесно време но не ни успеа, штета. Едноставно премногу се изменивме, сега сме сериозно големи. Несакавме да има дамка на она што останало недопрено од човечката моќ за упропастување, така да се дружиме интензивно и често, ама не се пулиме ..онака :^) :inlove: :shake:
     
    На Anne15, Sara123, srci и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    14.964
    Пол:
    Женски
    Мојата прва е врска е со мојот сегашен дечко,почнавме да идеме кога имав 14 години.И навистина сум среќна :inlove:
     
    На glosipgirl, Kaley, srci и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Melaniiii

    Melaniiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    20
    Бесе одамна. Прекрасно нешто. Се скаравме поради наша заедничка другарка воедно и негова комшивка. Болно беше и за двајцата. Останавме во контакт како другари но времето поминато со него не се заборава.
     
  8. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    ах беше многу одамна и беше прекрасно нешто иако кратко траеше сепак остана во спомените сепак со мојте 13 год не ни можев да очекувам нешто сериозно
     
  9. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.021
    Допаѓања:
    6.368
    Пол:
    Женски
    На 15 год. и траеше 1 недела. Детска љубов.
     
  10. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.811
    Допаѓања:
    7.037
    Мојата прва официјална врска започна пред 2 дена
    имам 18 години и баш се чуствувам мрднато
    незнам баш дали го правам тоа што го сакам
    ама ке пробам
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.790
    На 14 и пол години.
    На прв поглед не ми се свиѓаше кој знае колку, ама интересно дете беше. По толку срамења се смувавме па ај вечерта решивме да сме дечко и девојка. Си теравме убаво, тој тренираше, јас бев трпелива, си се гледавме .. се дур не му раскинав зашто се оддалечивме некој период и не се гледавме. Дотогаш одевме скоро пола година.

    Инаку продолживме после три месеци и се на се заедно бевме скоро 1 година.
    Тоа се си го рачунам како една врска, затоа си кажав и за продолжението. :lol:
     
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.809
    Допаѓања:
    68.661
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: Бев седмо одд. Ми се допаѓаше еден негов другар ама знаев дека немам шанси кај него. По некое време ми се допадна овој, појма немам зошто, ваљда дека нон стоп беа заедно :lol:
    Врската почна позади школо, 7ми час имав ОТП, дојде тој и отидовме позади, по нас и цело одделение :lol: Ќе се бациме или не :lol: Се бацивме! Се растрчаа сите накај училница по бакнежот, тој ме испрати и се договоривме пак да се видиме. Ау цел ден се мислев да не ми се познава некако дека имам дечко и дека сум се бацила :lol: а може и ми се познавало ме лапна цела :wasntme:
    По некое време ми направи одвратна фацка, ми стана одбивен и му раскинав. Кога му кажав дека сакам да раскинеме, ме праша:
    -А кога?
    Па сега, сега сакам.
    -А да не сакаш да раскинеме после некое време, сега јас кај баба ми ќе одам на некој ден?
    Не, не сега сакам.

    И раскинавме. Не знам колку време бевме заедно, треба во дневникот да проверам. После него 2 години немав дечко, никој не ме сакаше :worried: ;(
     
    На richgirl998, Sara123, La.Reina.Del.Sur и 2 други им се допаѓа ова.
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.832
    Допаѓања:
    11.015
    Пол:
    Женски
    Крајот на седмо одделение беше. Многу молења имаше, стројници ми праќаше, а јас колку размислував... Па како ќе се бациме, па дали ќе знам, па каква ќе бидам, тој имал девојки пред мене сепак...?
    Се случи после часови, втора смена, во кабинетот по историја. Ние внатре, мои 2 другарки и негови другари се туфкаат во ходник небаре внатре животни прашања се решаваат.
    По долго колебање од моја страна дали да отворам уста или не, бидна. И официјализиравме врска :D . Ми беше страв да не ми се познава нешто (исто како Марамка) цел ден.
    Траеше некаде месец дена врската, раскинавме затоа што ме изварал фраерот со друга типка во Елемент :!: . Самиот ми призна на час по ликовно (е не ми се верува дека на се’ се сеќавам), плачеше, ме молеше да му простам, ама јас јака женска не попуштив. Заврши школската година, не се видовме летото, а прилично блиску живееме.
    Во осмо одделение се смиривме, па пак се скаравме затоа што јас не можев да поминам преку неговата неверност нели :angel: , па повремено се мувавме само. Со крајот на основното дефинитивно пукна се меѓу нас.
    Сега сме си на ферско „здраво“ и скриен смешак.
    Тој ми беше прва љубов, а еве и ден денес ми буди навистина убаво спомени.
     
    На 3m43 и MotherMonsterI им се допаѓа ова.
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.883
    Негде средина на 8мо одделение.
    У Вулкан ни се споија погледите. :rofl:
    Бевме во `врска` 1 месец во кој се видовме 4 пати, рачунај секој петок во Вулкан и за Валентајн имавме спешл дејт на кеј, тоа беше неутрална локација, на средина од нашите патишта.
    Раскинавме пошто врска на далечина не ни одеше. :( Он у Бутел на таа страна, јас на другава страна, растави нас мост. :D
    Последниот петок од месецот се видовме во Вулкан, знаевме дека ни е последен пат ( :( ), и решивме да си дадеме сочен бакнеж за крај.


    [​IMG]
     
    На 3m43, richgirl998, CoverGirl10 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    835
    Е на вакви приказни се топам ! :inlove:
     
    На richgirl998 и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  16. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    9.133
    Пол:
    Женски
    Сликата ептен ми го долови моментот :D

    Ако може тоа да се рачуна, во осмо одделение што сме се држеле за рака. После тоа во средно од мување повеќе ништо. Иначе врска - Врска!, на 17 год. со сегашниот мм :inlove:
     
  17. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    На 15 години и идевме точно 5 дена и 5 саати :rofl: Сега да го видам, нема да го препознам.
     
    На 3m43 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    50.003
    Пол:
    Женски
    Се случи кога јас имав 17 накај 18 веќе, а он имаше 27. Мислам дека ме привлече неговата зрелост, не беше нешто физички згоден, ама беше срце, душа од човек. Некои 6 месеци бевме заедно, он веројатно се надеваше дека ќе биде нешто посериозно, ама ништо од тоа, ептен лошо испадна на крајот. Сега си е женет со детенце, кога ќе се сретнеме си правиме муабет најкултурно, се заборави лошото и се тоа. :)
     
  19. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    11.910
    Пол:
    Женски
    на 13 години мислам дека беше и траеше дури 4 дена :rofl: :rofl:
     
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
    На 15 години на 1 Јануари започна. Што да кажам, прв дечко, прв бакнеж, радости. Бев со него само за да ете имам и јас врска во животов оти бев многу мирна, и другарките ме заебаваа дека немам дечко, не сум била бакната никогаш итн. Траеше 3 месеци и не беше нај нај. Типот беше од досаден подосаден, ме лигавеше, срцепарателни поеми, пораки, повици...
    Бевме во различни смени на школо и кога тој завршуваше во 1 ипол а јас почнував тогаш, каснев по 10 минути намерно, чекав да си оди дома па да одам на час. :tmi: Глумев дека сум болна за да не се видеме демек да не го заразам :tmi: Не знаев како да му раскинам и го направив тоа по порака, знам многу глупо од мене ама ептен не ми беше по кејф типот. |(
    Фино дете е, мирно и се тоа ама едноставно толку мирни ми се одбивни. После тоа уште 2 години неможеше да ме преболи, пораки, јавувања, ми се пушташе во диско кога излегував, ама не се давав. :muscle: Бев заљубена во друг кога бев со него, ама тој другиот не ме сакаше ;( Не се секирајте ме засака и тој, до пред година ипол ме бараше. :D Сега кога ке се потсетам, грешка до грешка, кикс до кикс. Ама спомени се бре, какви такви, изнудуваат насмевка. :)
     
    На 3m43, Sara123, richgirl998 и 1 друга личност им се допаѓа ова.