Летото прва према втора година средно. Беше мил и фин,ама ич не бев заљубена во него. Мислам дека го одбрав само затоа што знаев дека нема да ме нервира и растажува. Заедно бевме 6 месеци. Многу другарски го третирав. Само почна многу да ме опсипува со лигаво внимание,некако се претопи со мене.По природа бев подоминантна од него. Па некако беше се како јас ќе кажам. Се изгуби и најмалата хемија.Не сакав до мене некој што само ќе потврдува се што ќе кажам од страв да не ме изгуби. Последните 2-3 месеци ги поминав во обиди да му раскинам. Тогаш уствари сфатив колку како личност е лош спрема самиот себе. Беше постар 2 години ама не беше созреан и немаше самодоверба. После тоа уште долго ме бараше ,пробуваше да се смириме и сл. Сега не сме ни на здраво. И многу непријатно се чуствувам заради тоа. Се надевам ќе дојде ден кога ќе созрееме доволно за да можам да му се извинам без тоа да е протолкувано погрешно.
Мојата прва љубов.. Се почна во 5то одделение. Учевме во исто школо, во различен клас. Според него, тој се заљубил во мене кога сум била во двор со мајка ми, тој ме видел бидејќи живее блиску до мене. А јас не знам како се заљубив, не ми текнува. Тогаш тоа не можам да го наречам врска, затоа што "врската" се состоеше само од погледи и намигнувања и понекогаш разменување на 2-3 збора. И така траеше 2 години. Летото во 7мо одделение премина во врска и траеше до почетокот на прва година. Значи може да се каже дека мојата прва врска траела 4 години. Тој замина во Скопје, таму се запиша гимназија, јас останав овде и така се разделивме. Сега, постојано ме гледа со истиот поглед како што ме гледаше во 5то одделение, а и јас него. Никогаш нема да го заборавам. Тоа беше искрена детска љубов.
7-мо ќе да беше најверојатно. Тој беше една година постар од мене, но сепак се дружеше со брат ми... Најверојатно и така се загледавме и „заљубивме“ еден во друг. Често доаѓаше дома. И така откако помина една година со погледи и едвај изустено срамежливо „Здраво“ и подадена рака, излеговме демек муабет да прајме. Така испадна „нешто“ и на крај имавме „врска“ која траеше една година и си се разделивме на цивилизиран начин. Едно време немавме ич прозборено, ама сега си имаме најнормален муабет.
точно памтам..дека прв пат се смував во 8 одд..мислам дека беше 2 ноември..знам дека се смувавме со него само 2-пати ама ако тоа може да се каже врска...подобро се да се забоорави...
7 odd, prva ljubov prva vrska, odevme 1 dena i ne se zalapavme niednas, samo vo usta se bacuvavme. Moze i zatoa raskinavme haha [mod-kirilica:j57pl2sk][/mod-kirilica:j57pl2sk]
на 15 години, одевме година и 2-3 месеци а раскинавме појма неам зашто, али врски од типот како таа више нема, баш штета
Па, имав една врска-неврска во 8мо одд Деца сме биле, и сме имале љубов "на далечина" .. Тој таму уџум во Радишани, јас тука до центар, кутрата собирав секој ден пари за да отидам до Радишани .. И не, не беше официјално сакаш да се фатиме, него затоа реков неврска, зборевме 24 часа на ДОМАШЕН а се гледавме само еднаш во месец . А официјална врска .. па во прва година, таму пред нова година беше. И што е најтрагично, раскинав точно на месец. Па досадно ми беше веќе
Првата и единствена врска која ми трае и до ден денеска ( се надевам дека ќе трае уште многу) ми беше во 2 година средно, тогаш за прв пат и се измував, сирота јас мислев сум заостаната
Со оглед на напредноста на новиве генерации, неретко знам да речам дека јас всушност си фатив прв дечко кога остарев. На неполни осумнаесет, се затрескав асално во навидум зрел дечко, со кој ни се поклопуваа и интересите и музичките вкусови, па сакавме да одиме и на истиот факултет прилично добар период. Сега кога ми текнува, си велам - фала Богу, сум се опаметила на време. Врската беше колку да се рече. Беше тотално спротивно од тоа што го замислував и можам да речам дека ме уништи. Траеше кратко, некои два месеци и прекинав. Зашто едноставно ми дојде преку глава од несозреаноста и бев тотално разочарана од тоа како првичниот впечаток може добро да залаже. Затоа чинам, ми требаше подолго време за да се опуштам и повторно да почнам да верувам некому.
Ќе ја памтам секогаш Мала бев 8 за 1-ва, ама ако би можело, нека траеше уште, можи бев мала, ама искрено многу се сакавме,Понекогаш и криво ми е шо ги дознав тие работи и шо моравме да прекиниме. Беше лето, секој ден по цел ден бевме заедно, и искрено многу ми беше интересен и мил, ме држеше на дланка едноставно. Денес е еден зрел момак кој искрено е многу поубав од тогаш , и баш пред неколку дена раскина со женската , не ме бендисва друштвото шо се дружи моментално. Нека биди среќен.