Турбулентна, интензивна и со мн емоции.Вистинско искуство во вистинско време.Ме спреми за следните предизвици.
Мојата прва врска беше кога имав 14 години. Абе љубов на прв поглед. Другарките и другарите ни договорија состанок т.е. не оставија насамо иииииии, да се биде или не. Детево пропадна в земја од срам јас бетар. Дремиме двајцата ај сега ај после ќе биде и го зеде мобилниот и ми пиша порака „Дали сакаш да те фатиме„ Јас радости пресреќна му враќам ДА па ме бакна алелуја. Убава врска имавме, навистина се сакавме одевме негде 2 месеци, а потоа онака ти се мувавме.
Мојата прва врска беше на 16 год со дечко 2 год постар од мене. Се запознавме на роденден и мн ми се свиѓаше дечкото и после една недела се фативме... И нашата врска траеше цела една недела ми се здосади некако и не ми текнува како го откачив али битно не се заборава тоа
Мојата прва врска беше кога имав 14 години. Абе љубов на прв поглед. Другарките и другарите ни договорија состанок т.е. не оставија насамо иииииии, да се биде или не. Детево пропадна в земја од срам јас бетар. Дремиме двајцата ај сега ај после ќе биде....И после 3 недели мување ја му прекинав..и он другиот ден се смува со една друга и после една недела се смиривме и пак се мувавме 2 недели и етеееее на фб ме праша за врска и сеа идеме само 2 недели ахахаххаха....Ама има проблем и двајцата многу се срамиме...др проблем е што не ме држи ич за рака, не ме гушка, ништо.......што да праам ? да зборувам со него дека сакам нормална врска... ?
Точно на осумнаесетиот роденден,ме фати во тесно типацот и баш се пучуствував како да ме запросува </3 Морав на лице место и во живо да му кажам ДА или НЕ. Сето тоа требаше да биде со романтична конотација. Ама што се однесува до мене не почуствував ни Р од романтика. Не беше ни чудно,бев заљубена во друг. Цело време бев ладна во врската,па и затоа не можеше да трае повеќе од 3 месеци. искрено незнам ни толку како ме истрпи.
15 и поим немам зошто одев со него,друштвото ми вика сум го сакала иако ја не мислам така.Би рекла дека било само искористување можда
haha...mojava vrska pocna na 14 u 8mo ..toj bese 3ta sredno bevme zaedno 4 meseci se bese okej i eden den mi veli deka nemozel poveke ne sakase da me povredi a ustvari me naprai da placam ko malo dete ....i taka ostanavme na zdravo na eden mal bosh muabet...posle 3-4 meseci ne bev sozemena uste, toj si fatil zenska ..mnogo e fin kako licnost i zatoa se ponasase i so nea kao prav dzentlamen isto kao i so mene ama neznam do den denes so bese ustvari pricinata da raskineme..stvarno ne mi e jasno ..da ne imal nekoj nesto slicno na ova ? :\ ...mnogo me sakase kao sto i jas nego zoso taka postapi svarno ne mi e jasno taman se sozemav da kazam i doma ovo oono ..i nisto- raskinavme. pa na datata koja se fativme bas 03.04 i gleam objavil pesnava od bruno mars - when i was your man ..haha svarno ne mi e jasno ))) a seuste ide so ova devojce..neznam so e rabota svarno neznam [mod-kirilica0wu7f6l][/mod-kirilica0wu7f6l]
Ако не се лажам, некаде од средина прва година, можеби малку после полугодие. Си пишувавме неколку месеци уназад, си ставив тогаш првпат интернет, ма што да ви кажувам, мед и млеко. Постар беше од мене 2-3 години (од што ми е толку битен во животов, заборавив и колку години има, две школски постар од мене беше, ама јас порано почната на школо, нема веза), ама со паметот... назад, многу назад. Јас будалче, од почеток не го препознав што психопат си е човекот. Ја запознав ( и од тогаш успешно ја одбегнувам ) сета сељачана во машкиот род со неговите постапки, замарања, однос и слично. Може успешно да напише книга - Како да не се однесувате со девојче. Мислам дека ја искористи сета моја збунетост и несмасност, неискуство плус. Траеше, со помали и поголеми прекини, со моменти на драма и препаѓања, со испади поради кои денеска од мене ќе добие пријава во Полиција за нарушувања на мирот, речиси две години. Пеколни години. И џабе беа сите зборувања од страна дека не чини и дека морам да го оставам. Мислев дека го сакам и не можам без него, а денеска гарантирам дека тоа не било љубов. Типот си доби на сила и од моментот - јас сум ти прв, јас тебе не те оставам, ма страшно. Ми се дига косата кога ќе се сетам на тие времиња, како да сум живеела во некое бунило. Во моментот кога се осуди да направи нешто повеќе од обично дерење и карање, ставив крај, и веќе очите не ми ги виде. Се отепа од молење, и извинувања, и трчања по мене, ама не. Па ѓоамити случајно се моткаше во моја околина, па одеше по мене, па ме следеше, олкаво магаре. Срамотилаци. Прва моја грешка што ја направив, е што не кажав дома за него. Од тогаш, за инцидентни мувкања не се запознаени , ама за дечковци и кандидати за дечковци, да. И знаат кај сум и со кого сум. Тие најмногу ќе ме заштитеа тогаш, а гарантирам дека ако мајка ми разбере за него, ќе му отиде и ќе го тужи. Како и да е, не жалам за времето што сум го минала со него, затоа што ми е едно големо искуство. Научив што сакам во една врска, што барам во еден човек, научив колку уствари имам сила во мене, а откако сум со новото ми озбилно дарлингче , сфатив колку само не ме третирал како што знаеше да се изнафали (со зборови ) дека ме третира. Од мене лично, го доби тоа што од секогаш се плашеше - дека ќе го заборавам. Толку ми е испаднат од свеста, од мозокот, што ако замижам, не можам јасно да си го доловам неговиот лик. Си го доби заслуженото, скроз, ама скроз да го избришам од сеќавањата и да останат само поуките. На улица ќе го приметам само ако некој ми укаже дека е таму, и нажалост, нема да добие никакво внатрешно, а камоли надворешно потреперување од моја страна. Фала му сепак, што кога ќе ми текне на него, ми текнува и да си го гушнам момчето ми. И да го погалам и да го гледам кога мисли дека не го гледам , затоа што заслужува и јас сакам, да не можам никогаш да го избледам од сеќавањата.
ovaa mi e prvaa vrskaa i eve vekje 7 meseci sme zaedno.. Sekoj den se gledame, ista generacija sme i vo isto sredno ucimee <3 najbitno e deka iskreno i mn se sakame, imame golema doverba eden vo drug, trpenie i stv mn razbiranje [mod-kirilica:u841qqvf][/mod-kirilica:u841qqvf]
Јас 17 тој 18 год, врската траеше една ипол година. Првпат искрено се заљубив, иако многу ме повредуваше го засакав премногу мислев дека неможам да живеам без него и ќе го сакам до крајот на мојот живот . Но љубовта магично исчезна и подобро што се случи така
Осмо накај прва година средно, летото. Е, јас од петто бев затрескана во него ама ајде, различни школи, ограничувања од дома кај смеам да се движам, кај не (таму кај што имав забрана беше неговиот реон ) и комунициравме единствено преку интернет со мали прекини (поради долгови или нестабилна конекција ). Битно, кога го немаше на нет ми фалеше и се утепував од гледање негови слики на Хајфајв и така сфатив дека уствари сум заљубена (?!). После некоја година, потпораснав и јас, а така и мојот излез, па едвај се договоривме за да се видиме, ми глумеше некој хардкор тип, ама попушти на крај и искочи дека и јас сум му фалела додека ме немало. И ајде, као демек, взаемна љубов. Дебилни бевме и двајцата, теравме долго, на почетокот као совршена врска, ама потоа стана затвор од кој морав да најдам начин за да избегам. Од најпозитивниот човек што го познавав, стана најдепре, се` му сметаше, кавги за глупости, немавме искочено у град асално, едноставно последните три месеци не сакав ни да го видам, а камоли допрам или погалам. Не бевме никогаш интимни, не бевме ни доволно блиски иако многу разговаравме, ретко кога споделувавме тајни од нашите животи и се соочувавме со нив заедно.. Година и седум месеци, потоа слобода. Раскинавме некаде при крај на втора година, доста турбулентно и лошо се разделивме, сега немаме никаков контакт и понекогаш многу ми е криво поради тоа зошто стварно ми значеше, ама немам лице за да му пишам/јавам сеедно, зошто го оставив кога најмногу му бев потребна. Знам дека премногу ме сакаше.. Но, Господ нека ми прости, јас не го сакав. Знам, поради тоа што дознав што е љубов со сегашниот дечко.. ми бил мил и се`, но љубовта е многу поинакво чувство. Бевме деца...
Долга, испреплетена и тешко сфатлива приказна. Две смотани мали деца и долго време долги симпатии. Кога конечно малку пораснавме и тогаш кога ни беше најубаво или требаше да ни биде незнам...ние прекинавме. Големи кавги, болна љубомора од двете страни, а богами и од тие околу нас. Желба за одмазда и детски игри. Многу пролеани солзи, непреспиени ноќи и несреќни денови. Но сето тоа сега е зад нас. Така требало да биде, сега сум му благодарна на господ за тоа. Не го приметувам, не мислам на него и воопшто не ми е жал за ништо. На улица сме како двајца странци не го ни погледнувам. Едно научив се се случува со причина. Не жалам за солзите бидејки ако не ги исплакав и не го оставев овој идиот немаше да ја запознаам мојата сегашна, вистинска и голема љубов.