Мојата прва врска... имав 15 години, исто и тој. Врската ни траеше 2-3 месеци. Сеуште не знам зошто сме се фатиле кога ни јас го сакав него, ни тој мене. Ама битно бевме во врска. Вистинската љубов ја осознавам со сегашнава врска.
Мојата прва врска беше на 13 години. Тој беше една година поголем.Тоа не можам ни да го наречам врска,беше чиста глупост. Се бакнавме неколку пати и толку.Сега не ни го погледнувам,бидејки воопшто не е мој тип.
Мојата прва врска беше на 13 години а тој имаше 12 , еднаш се бакнавме мене не ми се допадна и се тргнав а пошто и 2цата си бевме први еден на друг пустиот сфатил дека нешто направил како што не би требало( не дека беше до него и ја не бев нешто поискусна) и не се осуди од тогаш пак да ме залапа,само цмок цмок во уста и мастики си разменувавме , бевме секој ден заедно , доаѓаше кај мене у маало и као беше лудо вљубен во мене , секој ден си пракавме мал милион пораки , он беше посебно романтична душа и секоја вечер седевме у маало со други , знаевме и сами да прошетаме ама јас избегував страв ми беше па да не проба да ме залапа и така неколку месеца додека за ништо као му се налутив само за да не доаѓа веќе пошто јас не бев нешто затрескана , ама он срце беше пак си доаѓаше хх и така тоа ...детска работа
ова ми е прва врска ја 15 години , тој сега пред два дена напрај 19 си ојме 9ипол месеци и супер ни е уште се осеќа ко првиот пат ко го видов а и се чуствува сакано срцево ми е полно
летото после втора година гимназија, пред трета на 16,5 години нашата врска сеуште трае поточно мојата прва врска сеуште трае
Правата врска ми беше на 19 години,значи прва година на факс. Бев заљубена во тој момент,претпоставувам и тој. Бевме генерација. Врската траеше 4 месеци,скоро 5,но и тоа се очекува од врска на далечина.
На 15 и пол години и траеше една недела, а батето имаше 17 иста смена бевме на школо така се запознавме. И другаркиве почна да ме заебаваат дека сум немала дечко, сум се немала бакнато што сум чекала уште, многу мирна сум била, а овај ме засакал и ред такви муабети и ме убедија. И само еднаш излеговме, и сега тој се доближува до мене да ме бакне јас се тргам, па пак проба- јас пак се тргам, абе смешки беше... и ми вика оти бегаш? Несакаш, се срамиш или нешто друго, што е работава? А пустата несакав не ми беше по кејфот ни убав ништо и си ќутев и тој пак ми се доближи и ме бакна а јас здрвена стојам чекам да се одлепит од мене И после не му излегував ко ќе ме викаше "секоја ден за учење имав" загреота детето само љубовни песни ми праќаше, романтики ми пишуваше на мсн (ех тогаш на времето). Ама јас неможев да го поднесам и по порака му раскинав После тоа тој уште една година досаѓаше, а јас по неколку месеци си се фатив со сегашниов дечко па ми праќаше другари да се скарам со дечко ми за со него да сум била, нервози ми прајше сакаше да се тепа со срцкава моја абе глупости... Е така одвај се отарасив од него Сега вака ко ќе се потсетам што беше, како беше си се смеам
Мојата прва врска започна на 14 год и сеуште трае(скоро 9 години), значи сум имала среќа во потрагата на сродна душа, ма каква потрага што зборам тој ме најде ми го направи животот поубав
Ако може да се нарече врска На 13 години, 7 одделение. Се гледавме месец ипол и му раскинав преку порака... дете
Јас бев 14 ипол а тој 18 и охохо... Сега за некој месец ке полнам 16 а тој уште две недели 20. Значи одиме година и осум-девет месеци...
Леле, мојата прва врска... Јас бев 14 години, а он 17. На почетокот ни беше убаво, но после тоа само кавги и кавги, никако не можевме да се заситиме од тие кавги. Да можам да го вратам времето ни на сон со него не би била...
Јас 15, тој 18. Многу често се каравме, па веќе неиздржливо стануваше. Едно - две кавги имавме и на крај сеедно ни стана и на двајцата и раскинавме. Кај типот имаше многу работи кои ми сметаа, па не можев веќе да издржам со него.
Осмо бев.. врсници. Срам ми беше на образ да го бацам.. деца бе. Иначе ко за чудо два месеци траеше ако можи да се наречи врска. Типот Ромео си мислеше дека е.. идеше навечер само за на балкон да излезам, ѓоа да ме видел. Спојлер ..оти мајка ми не ме пушташе на вечер да излегувам до касно.
14 години , 1 година средно, идевме една цеела недела и ја му раскинав пошто сакаше како контрола да ми наметне одма, мало сутра небива тоа и лани летото се зближивме пак и се мувавме али он истиот си е за глупости се лути и чаоо друже
Јас 14, тој 15. Типот едноставно не ме разбираше. Јас му викам "Лелеее ама е ладно..." за да ме гушне, а овој ми одговара "Па не е толку ладно + јакната ти е кожна" . Не, не, не знаеше да ги свати моите пораки и секогаш му требаше долго време пред да си размениме плунка. Hell Yeah!
а мојата прва врска јас бев 6 одделение,а тој 5. врската траеше 2 недели, за тие 2 недели еден бакнеж колку да ја озваничиме врската, а после тоа врската се сведуваше на тоа што тој ме чекаше после школо секој ден и ме испракаше скоро до дома, ама на разделбата не добивав бакнежи, не се јавувавме, еден на друг, а за раскинување..........................................епа му раскинав лично.