Не знам дали е за мене темава, бидејќи мојата прва и единствена врска сеуште трае и се разбира се очекува да се заврши со брак. Инаку имав 16 години, само што ги наполнив изминатиот месец. А тој 20 ипол.
Мојата прва врска беше на 15 години и сеуште сум во таа врска, се надевам ке останеме заедно засекогаш
На 19 години. Година и 5-6 месеци. Заврши трауматично за мене. Не можев да прифатам и да се опоравам но после станав посилна и попаметна.
На неполни 15 години беше мојата прва врска,заедно бевме само една недела ама затоа пак после неколку години надохнадивме за се со истиот дечко,кога имав 22 години повторно започнавме врска која траеше 7 месеци,пак се скаравме...и после тоа имавме "уште обиди за врска",ама како рекле скршеното колку и да го лепиш се крши...ете помина доста долг период,а јас уште некаде длабоко во мене се надевам дека и покрај се ,судбината некаде ми запишала да бидам со него
Мојата прва врска беше во седмо одделение! Па имаше едно дете многу ме свиѓаше, па цело време ми се пушташе и заедно седевме по паркови (уште на времете со бев јас андерграунд лол) и бевме на роденден на неговата бивша и упорно ми се пушта, јас не та не, срам ми е, бегај, итн. И после роденденот се шетавме низ центар и накрај “случајно“ останавме сами и едно добри 15 минути ме молеше да му бидам женска и ми вика “Сега за последен пат те питам, ќе ми бидеш ли женска?“ и јас едно такво срамежливо, мутаво викам “Да!“ и овој се доближува да ме баце и мене тука паники ме фаќат и само еден-два чекори наназад и викам “Ааа не, чекај, сакам да раскинеме!“ и овој целиот збунет, а јас патот под нозе и дома. Па лонг стори шорт, мојата прва врска беше на 13 години и траеше само 10 секунди. (инаку чисто информативно дечкото ден денес врте глава кога и да ме виде..)
Edit: сум пишала на 19, изгледа сум го важела ,,вториот датум'' Имено, врската ја почнав на 18, но од тогаш до 7 месец од врската таа всушност не беше баш врска во вистинска смисла, имаше многу контра љубовни испади. Битно заврши.
На 14ипол години, се смувавме на Нова Година, идевме од Нова Година значи негде до 18ти Февруари ќе да беше. Значи идевме 2 месеци, ми беше убаво ама се има почеток и крај
Na 17 ipol godini prva ljubov prv decko prv vo se mnogu go sakav i on mene kratka bese vrskata 6 meseci imavme isti gledista za zivotot za se ....imase se intelekyualni razgovori segi prijatelstvo vernost no pusto EGO se rasipa se odalecivme eden od drug popoleka ne komuniciravme za problemite vo vrska i taka si se razdelivme mi trebase godina 2 da go zaboravam ama pomina...raskinavme na kulturen nacin i se sme vo relativno dobri prijatelski odnosi