Оф леле мајко беше првата . Јас - 13 тој - 14 годишни . Се гледаме втор пат во животот и ајде не " наместија " да се " фатиме " . Еден бакнеж во уста , и веќе очи не си видовме
На 17 или 18 не се сеќавам убаво,беше врска на далечина,он во друга држава јас во друга,ми беше прв во се,додека беше со мене си звонеше на друга пред мене,ме изневеруваше,генерација бевме,траеше околу 2-3 години ама јас си излегував со другарки ама не одев со други и затос траеше толку,ама кога ќе размислам траеше многу пократко бидејќи едвај 2 пати годишно се гледавме по 10 тина дена,мислам дека не го ни сакав само некако бев љубопитна или сум мислела дека го сакам,при крајот не ни излегуваше со мене туку само за секс му бев откако си отиде престанав да му кревам на телефон и заврши фала богу.
Лелее смешкиии... во 8 оделение, второ полугодие... таква љубов нема... се запизнаваш у диско на јуниор забава се залапуваш и оп имаш дечко и љубов голема. Пред некое време го најдов споменарот, а таму: мојата прва љубов се вика .... леле коа фатив да се смеам, мм ме гледа бледо... Викам ова мораш да го видиш. Испишано со детски ракопис во срценце... ах бе љубоооов.
Неколку дена после мојот 15ти роденден. Се запознавме на болница, јас таму на преглед а он на пракса. Така започна се, се фативме после скоро 3 месеци, прва и најубава врска, може бевме мали деца ама толку се сакавме, ме чуваше како капка вода на дланка, да можеше светов ќе го срушеше за мене. Не му дозволував да бега од часови, а тој ќе избегаше и ќе дојдеше во моето школо за да ме гледа на одмори, лажејќи ме дека губеле часови а не дека избегал. Чекаше по 45 мин. час, само за да ме види на 5 минутните одмори. Ама нели, мали деца.. го навртија против мене и не скараа.. И денес, после 4 години, уште го сакам и се борам за него, и никогаш нема да престанам.
Прв дечко... Јас имав 16 год а тој 15. Бевѓе 1 година заедно се скаравме не знам ни јас зошто,никогаш не се запрашав
Траеше 2 дена Се запознавме на журка и таму се слапавме.Мене прво лапање па и прв дечко, лудница бев дури и на мајка ми ѝ кажав
Ljubov od detstvo od mali noze, haha uste ne sum znala sto e ljubov, no na 15 godini se ostvari so istiot toj i traese 3 meseci...
Јас имав 16, тој 20. Врска на далечина, доста проблеми, не ми веруваше, не ми ги сакаше другарките и на крај ми раскина. Немам појма како издржавме цела година заедно.
15год. Прв бакнеж, прв дечко и тука има точка. Идевме околу две години, детски, со искачања во маало (мое маало), дремење по влезови кога беше грч надвор, а клупи остатокот од годината. Си делевме се’, 100 денари ни беа секогаш за сокче, два чипса од 10 ден. и нешто благо. Искрено се сакавме, он пола Скопје го пешачеше за да се видиме, смени и средно за да бидеме поблиску, а јас му пишував писмени македонски и го форсирав да учи. Раскинавме зошто ја надраснавме врската (ако воопшто од овој аспект може и така да се нарече зошто немавме односи), различните карактери станаа и те како добра причина за прекин. Денес (после многу години хејт од негова страна) сме супер другари. Бевме деца, ама имавме искрена љубов и баш поради тоа засекогаш ќе ми остане драг.
Na 18godini, so postojani prekini okolu godina ipol dve traese, ne znam veke tocno, so postojani prekini. Postoese izneveruvanje od negova strana, ljubomora obostrano, prvo jas bev zaljubena mnogu potoa toj. Mnogu posesivnovst, napnatost, ljubomora, strast, seks od vreme na vreme pak pomisluvam na nego, mislam deka premnogu se sakavme, no ne mozevme nitu zaedno nitu razdeleni. Na kraj jas raskinav i staviv tocka, ne mozev da preminam preku nekoi raboti, osobeno izneveruvanjeto na pocetokot, sepak mi bese prv vo se sega me demne javno na socijalnite mrezi iako e zenet so deca hahahahaha a jas nego skrisno od tug profil cat pat. Verena sum go sakam verenikot znaci toj e najdobroto nesto sto mi se slucilo, no nekogas ke si spomnam za prviot
Некаде на крај на основно школо. Заедно бевме во клас. Голема љубов беше тоа На сите раскажувавме дека сме се фатиле. А за првпат се .,смувавме'' во школски двор. Сигурна бев дека некој ќе не види ама во тој момент не ми беше гајле. На крај испадна дека навистина сме имале публика Врската, ако може така да се нарече, траеше неколку дена. Не се ни сеќавам зошто раскинавме... Но убав спомен ми е ова.
Утка, не било ни врска. Пресреќна сум што завршило. 16 годишна тинејџерка без грам искуство. Спонатана и најубава истовремено, ама нека.
14 години бевме и двајцата всушност генерација бевме и прва година средно, учевме во иста гимназија,но во различни класови. Се запознавме на часот по музичко, се погодивме да имаме заедно час, седеше зад мене,почна да ме задева така и да ми се пушта хахах и од тогаш секој ден ме задеваше. Потоа требаше да одиме за Скопје преку училиштето, тој седеше на седиштето пред мене и се држевме за рака, а другарките и другарите не зафркаваа и така еден ден после часови се договоривме да се видиме, еден бакнеж и во врска сме хахаха. Одевме 1 месец и јас му раскинав само не памтам поради која причина и сега сме другарчиња.
14години имавме и двајцата значи тоа испага пред 2години Одевме скоро 4 месеци и ај чао пријатно. Тогаш ми беше тешко али сеа сфаќам дека било без веза