Прва врска на 14 години, хахаха... Прв бакнеж, изгубени и двајцата, сите пеперутки во лет, па некои слатки "расправии"... Ех, убаво ми доаѓа вака кога ќе се присетам
Јас бев прва на факултет тој втора. Бевме 6г заедно меѓу кои имаше и едно раскинување од околу 7 месеци . Сметам дека најголема грешка е што воопшто продолживме после раскинувањето мислевме нешто ќе се смени а немавме поим што сакаме да се смени и како. Изградивме скроз различни карактери низ годинити немавме иста визија за многу работи. Се дадовме максимум беше навистина искрена и чиста љубов но за жал или среќа остана во минатото. Јас му ја посакав цел среќа на овој свет понатака за во животот и немам ништо лошо да кажам за него, заслужува само убави работи.
На мојот 18ти роденден, побара да му бидам девојка. Тоа беше циркуз. Пишувавме, се имавме видено 2 пати. Јас ништо особено заљубена Ај го поканив на роденден, тој ми спремил "запросување" за девојка, ми рече да излеземе од кафичот каде што го славев роденденот, надвор од другар му женска му, снимаше како тој ме "бара " за девојка и цело негово друштво, спектакал. Ми беше жал да го одбијам, сакав да му дадам шанса, беше добар и затрескан во мене (ама нели таквите, не се интересни ) се повлечкавме 3 месеци едвај, и му раскинав.
Мојата прва врска беше за никаде и втора и трета и четврта и сите по ред затоа ми е сега се безврска и обврска.
За што го искористив жити се, имотот да не му го зедов Сакав да го засакам, ама ете не бидна тоа. За некои работи нели треба време.