Девојки ќе ве замолам во иднина да ставате слики кадешто е убаво доловена шминката во целост. Да бидеме фер кон другите членки што се потрудиле да ја доловат шминката на сликите,држете се до темата а таа е за вашата шминка,за веѓи и нивно исцртување и разубавување имате посебни теми ќе ве замолам таму да дискутирате.
Веѓата ти е кратка за окото, треба уште малку да ја продолжиш. Вака тушот ептен излегува надвор од окото.
Немаш потреба од контури, навистина. Само малку руменило на јаболчниците во некоја нежна праска-корална боја и ќе изгледаш одлично. Имаш многу специфичен тен и мислам дека уште повеќе ќе дојде до израз со малку боја од руменило, батали контури.
Девојки, коментарите околу контурирањето не се избришани, туку се преместени тука. Сметамe дека подобро е дискусијата во таа насока во која ја развивте да продолжи таму, а тука да уживаме во фотографиите и евентуални коментари за користената шминка.