1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашата VS Неговата финансиска ситуација

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 27 октомври 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Наидов на слична тема - Што доколку вие заработувате повеќе и како е прифатено тоа? меѓутоа ваква не.

    Да прокоментираме околу овој проблем.
    Каква е вашата, а каква неговата финансиска моќ?
    Дали екстремно се разликуваат и дали тоа претставува проблем?
    Кој најчесто плаќа / чести / купува работи во врската / бракот?
    Дали некогаш сте се почувствувале инфериорно или потценето во врска со ова прашање?

    Сметате ли дека правилото Љубовта победува се' , важи и во овој случај?
    Пребогат наспрема сиромашен партнер.

    Јас лично сум била сведок на многу врски кои и покрај компатибилноста на други полиња не успеале токму поради финансиската причина. Порано или подоцна ќе пукне, поради фактот што парите ги раздвојуваат. Едноставно се двајца различни светови, едниот може да си приушти одмор во Куба, а другиот нема пари ни за до соседниот град.
    И родителите често си го пикаат носето и си го прават своето.
    Повелете со мислења.
    :)
     
  2. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Интересна тема Трендафилке!

    Познавам многу парови, каде едниот е екстрмно богат, а другиот нема ни за леб! Независно дали љубовта, или пак парите ги имаат споено...

    Лично за мене, јас и дечко ми финансиски сме отприлика тука некаде... Имам став од секогаш дека независноста на една жена се изразува преку парите! Работам и се обидувам мојата независност да си ја искажам така (нормално проследена со уште милион други карактеристики кои не се релевантни за темава). Искрено нема да ми биде пријатно тој да има екстремно повеќе пари од мене... Не ме прашувајте, не знам зошто! Можеби е поприродно „Мама да меси тато да носи“, ама мене некако таа фраза и те како денеска не ми држи вода! Јас да имам повеќе :devil: , не би ми сметало воопшто, напротив!

    Имам примери од мои блиски луѓе за вакви парови еден куп. Моја подалечна пријателка, која нормално не живее на картон, но искрено нема доволно финансиски средства и месецот да го скрпи, има дечко кој може да не купи сите заедно сосе гаќи. Нивната врска трае подолго време, со тоа што тој плаќа се, ама буквално се! Доручек, ручек, вечера, облека, одмори, викенди, искачања и.т.н.

    Се сакаат, тоа е неспорно, меѓутоа нивната врска така функционира! Парите се негови и тој си решава како да ги искористи! Негова и чисто негова одлука е да ги потроши на нив двајца заедно... Таа пак од друга страна нема никаков проблем со тоа, или пак нема избор не знам!

    Неговите родители се претпоставувате против! На нејзините им е сеедно! Луѓето зборуваат најразлично за нив... Се уште не покажале дека допрело ова до нив! Одат на варијантата љубовта победува се! Не знам до кога ќе издржат заедно, искрено им посакувам долга врска крунисана со брак, меѓутоа некако се чувствува нивната разлика! Кај посиромашниот секогаш се јавува некој вид на фрустрација, односно комплекс на помала вредност! Човечки е верувајте...

    Сакам да кажам фрустрација ќе постои, ма колку и да се негира тоа! Нормално ако си освестена девојка со цели, која сака нешто да направи со својот живот!

    Ако не си, ќе ти биде нормално дечко ти, утре сопруг да носи огромни купчиња пари дома, а ти да си се шминкаш по цел ден!
     
    На LiderKa, srcekrsacka, Mimi123 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    158
    Сметам дека и тука влијае и општеството. Бидејќи ако жената или мажот заработува повеќе веднаш сметаат дека другиот е таму само за парите. Сум видела случаи во кои токму таквото мислење ги раздвојува без разлика што не е точно. Инаку не мислам дека некој треба да се срами од тоа што го заработува, без разлика дали е малку или многу. Секој си има свој приход. :)
    Многу машки ги понижуваат ако жената заработува повеќе од нив што мислам дека не е правилно. Тоа е нашиот балкански менталитет, мажот секогаш да е над жената. Не велам дека нема мажи што не се такви, но има многу што се.
    Исто така сум видела како маж и жена (брачен пар) работат во иста фирма иста функција и исто се трудат а жената зема помала плата. Е што ќе рече таа? Дали таа се омажила за него само за парите? Не.
    Некои луѓе уште се водат според патријахот (мажот е шефот). Треба сите да се еднакви но не верувам дека тоа ќе се случи наскоро. Па затоа велам: Мажи и жени ако вашот партнер заработува повеќе од вас нема врска тоа. Се што е важно е вие да бидете сложни и да можете да си организирате парите за се што ви треба. :)
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Ни се поклопуваат мислењата со Бокичка.
    Јас сметам дека една таква врска не може да успее.
    Како што кажа Бокичка, едниот кој е помалку финансиски моќен во еден дел од животот или денот ќе се почувствува подреден, зависен, исфрустриран. И секоја чест на оние на кои не им пречи оваа разлика во парите.

    Значи тука зборуваме за поекстремна разлика, сиромашен и богат, нешто слично на сите оние лимонатка серии кои ги гледаме, како синчето богаташ ќе се вљуби во сиромашна цвеќарка. :^)
    Или обратно.

    Мене лично ми претставува проблем некој да ми купува работи, да ме чести постојано. Се чувствувам нелагодно и чудно, просто не го сфаќам, ниту го сакам тоа.
    Не би дозволила дечко да ме носи на одмор и се' да биде на негова сметка, ниту да бидам зависна од него, за било што, на било каков начин во поглед на финансиите.
    Не знам, можеби сум налудничава или старомодна, моите другарки се слични на мене.
    Другарка која имаше многу богат дечко на крајот го остави, делумно поради притисокот од страна на мајка му, поради фактот што девојката е припадничка на средната класа, а делумно поради сета горенаведена нелагодност и непријатното чувство, додека излегуваа.
    Значи, тука се забележува разлика - од начинот на облекување и однесување, до бројот на банкноти кои секој од нив ги носи во новчаникот и колку може да си дозволи да потроши, без да се стега и да мисли како ќе се врати дома... итн, итн, едноставно безброј навидум мали работи, а всушност огромни разлики се тоа. Барем за мене.
    Не се мешаат такви различни светови.
    Поенкогаш мислам дека се' уште живееме во ерата на аристократија. :D
     
    На srcekrsacka, Tanjamm, sonce777 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Колку и да се залажуваме дека љубовта е најважна и победува секакви разлики, врските понекогаш пукаат заради други практични причини, парите се една од тие причини според мене. Се извинувам што сум малку скептична ама некако во бајки во кои принцот си ја нашол сиромашната голтарка повеќе не верувам :?:

    Сум видела и чула вакви прикаски неколку, но ниедна не завршила со среќен крај. Јас на пример не знам дали би можела да бидам во врска со некој кој е многу богат, па да ме чести скапи одмори, скапа облека, скапи пијачки и излети...би се чуствувала како постојано да сум му должна нешто. Друго што не сум навикната на таков луксуз. Сакам да сум независна во овој поглед на некој начин. Што ако еден ден пукне врската а јас сум навикнала да си живеам како принцеза на туѓа сметка?! И после што? Нема да можам на нозе да застанам, сама. Не не...сакам да си имам некојси "back - up plan", стан во кој ќе можам да се вратам, реалност во која што би продолжила да живеам со сопствени средства.
    Од друга страна пак, признавам, би сакала да ме почасти дечкото од време на време по некоја вечера, пијачка, кафенце, некои ситници ете - не заради чуството дека ТОЈ платил па демек леле види ме мене риба и пол - фраерот се ми плаќа, туку дека се труди да ме израдува со некое минимално внимание или работи за кои знае дека ми причинуваат задоволство. Абе марулче нека ми донесе дома, знае дека го сакам - ете тоа ќе ме израдува :) На пример...нели. Но не би можела јас да сум таа која цело време си ја трга платата на страна а тој да троши се.
    А за заедничко домаќинство - тоа е друга приказна, ама тука би теоретизирала премногу. Зборувам пред се за тоа кога двајца се во врска.
    Плус сум била сведок сум на тоа, дека тие кои имаат многу пари се навикнати на некој свој стандард. Доколку не ви се совпаѓаат стандардите - настануваат проблеми.
     
    На srcekrsacka, EleMental, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Јас сум за тоа горе долу и двајцата да бидат со слична имотна состојба,а со тоа да можат да си дозволат слични работи,патување,пазарење и слично.Никогаш не сум била за тоа дечкото да ме облекува,да ме носи на одмор...тука не ги вклучувам малите знаци на внимание кои треба да ги има во секоја врска и од двете страни,но само толку,ништо повеќе.Сакам да ми биде мирна главата ако после извесен период дојде до разидување,за да нема муабети од типот син ми ја ренеше,облекуваше,очите и ги отвори и на крајот го тресна!Ама не ретко се наоѓаат девојките кои одвај чекаат такво нешто.Јас имав школска другарка која со нејзиното момче беа со сличен финансиски статус,ама тој дипломираше и се вработи,а ние уште студиравме и цурата од тогаш веќе престана да се замара со се‘,а нејзините куртулија од трошоци по нејзе било за одмор,било за нешто да си купи,пијачките на излегување се знаеше кој ги плаќа-абе рај на земјата :D Со вработувањето на дечко и,таа си стекна нова девиза на нејзиното живеење:Е ако де,сега па што да правам,тој е на плата,нека ми помага. :^) Ко тој да ја родил,па сега нека му ја мисли,нејзе кога и требаат пари за нешто.Строго сум против ова,досега не ми се случило,не сакам така,а богами моите уште помалку.
     
  7. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    И јас мислам дека би се јавиле проблеми доколку постои поголема разлика во финансиската ситуација. Посебно доколку девојката е подобро ситуирана или заработува повеќе, партерот ќе се чувствува немоќен, омаловажен, несамоуверен, ќе мисли дека не може да и удоволи на девојката, дека таа не е задоволна, сака повеќе (дури и да не е така), а може и да е навикната на поголем комфорт, луксуз...И нели секој маж би сакал да е “посилниот“ во врската (во секоја смисла па дури и финансиски).
    Или па во обратна ситуација, ако дечкото/мажот е финансиски помоќен, девојката ќе добие етикета “спонзоруша“, дури и ако не е така, секогаш ќе има злобни јазици, зависни, љубоморни луѓе кои ќе зборуваат се и сешто. Па тука се и родителите -Таа/Тој не е за тебе, не е на твое ниво...и сл.
    Кога тогаш тие разлики ќе предизвикаат проблеми, па затоа е најдобро и двајцата да се приближно на исто ниво.
     
    На Feminka192, srcekrsacka и sonce777 им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Nema mojata ili negovata finansiska situacija, ima samo nasata. I dvajcata rabotime, plakame za se naizmenicno i voopsto za toa nemame raspravii. I dvajcata poteknuvame od srednata klasa, taka sto ne osetivme nekoja razlika.
    Inaku mislam deka dokolku ima golema imotna razlika ke se pojavat problemi. Edniot sekako ke se cuvstvuva isfrustrirano i ponisko od drugiot, a drugiot ke misli deka ima za pravo da bide superioren.

    Jas imav edna vakva situacija kade deckoto bese kade kade vo podobra finansiska situacija od mene. I ednas vo karanica mi go prefrli toa, vo stil, jas tebe te zemam, te setam, te vrakam doma i ti mene ke mi prerekuvas?! Ko bozem jas mu rekov da me raznsuva, nemam jas noze :^) I se znae kako toa zavrsi, go sutnav :lol:

    Ako na nekoj mu uspeala vakva vrska, sepak, milo mi e :)
     
  9. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Ова е преубава тема.
    Јас отсекогаш сум гледала да си плаќам се сама кога сме излезени. Или пак најчесто правиме договор денес јас ќе платам, утре тој и така. Инаку тука сме некаде со финансиската ситуација. Тој малку подобро стои од мене, но тоа никогаш не ме интересорало. Инаку ако немам доволно пари ми се плаче од срам понекогаш, убаво што умееме да се договараме. Уште од мала сум воспитана да учам, да се надоградувам, да бидам успешна, и да имам свој придонес во семејството, за да имам и глас нели. Утре во туѓа куќа ако не придонесуваш, никој ништо не те прашува, само како паразит ке треба да те хранат. Не би ме исполнил никогаш таков живот, не се гледам како домаќинка, туку како цврста жена со солидна заработувачка, самостојна, пред се за да можам да се снајдам и цврсто да стојам во секоја ситуација од животот, а не да зависам од некој. Смешни ми се жени, или девојки што се лепат по дечковци со пари. Не знам како се исполнети по цел ден дома, само да се дотеруваат за да ги видат луѓето во викенд кога ке ги изнесат. Страшно :o
     
  10. Zamzara

    Zamzara Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    32
    Онаа старата вистинска била ја знаете: Пара на пара удира!! Не се мешаат вода и масло,силум ќе се промешаат, ама смесата нема да се соедини!!
    Јас бе брате мили сакам независност,сакам свој денар и само така можам да се чуствувам добро и комотно во мојата кожа..Парата го врти светот,па така и луѓето!! Во мојот живот досега не сум дозволила некој да ме покаже со прст,да рече е оваа шмизла или фока или цура еден период на мој грб живееше...Вакви изјави драги мои имам слушано милиони...Како демек на него му било лошо кога на онакво ја вртел девојката...Ама сето тоа за мене се искомлексирани суштества....
    Со тоа што ќе дозволам некој да ме части нон стоп да ми плаќа се и сешто да добивам од него,едноставно ќе се сметам тогаш за негова марионетка...Сигурно ќе се навикнам на тоа и после што и да побара од мене ќе се плашам да одбијам за да не го изгубам задоволството што ми го пружа, а е него :!:
    Сума сумарум ко воли нек изволи!!
    Јас и маж ми си ги делиме трошоциите..Понекогаш тој плаќа сметки(скоро секогаш) јас сум задолжена за исхраната и останатите потреби...Не сакам делење мое твое,се е наше,на таков пронцип сум го навикнала,нема поинаку...Инаку мажите се многу тешки додека сфатат дека го делат животот со некого и сите пропратни работи,посебно на некој што во животот се стекнал сам и се сам се издржавал...
    И драги мои љубовта може се да победи,само парите не!! Кај што се парите,тука згаснува последната трошка љубов,или надеж за љубов.
     
    На srcekrsacka, LightBlue, sonce777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    ќе зборувам само за мене значи, нема оние вака, тие така...
    значи јас потекнувам од нормално семејство. скромно семејство кое живее од плати. не се жалам, удобно ни е... е сега понекогаш морам да се лишам од некои работи, ама тоа е. додека чекам од моите, така ќе биде.
    кај дечко ми ситуацијата каде, каде е подобра од мојата. си имаат свои бизниси, убаво им функционираат , и никогаш не му се скратило нешто...
    значи, искрено, помеѓу нас двајцата има разлика, да, но само финансиска.
    но тој е таков карактер што тоа го занемарува, и воопшто не му е важно, па ни мене.
    не се чувствувам воопшто помалку вредна од него, ниту пак исфрустрирана, ниту пак ми пререкол за нешто... едноставно функционираме на најдобар можен начин.
    никогаш не сум ни размислувала за тоа, и да викам лелее, како, што, тој има повеќе од мене, бла бла...
    еве сум, тука сум, веќе 5 ипол години сме заедно, супер ни е, не чувствуваме разлика меѓу себе... јас сум таа, јас сум таква, тој ме сака, и тоа е тоа.
    и секогаш го кажувам едно исто, па и него му го имам кажано - тој сеуште чека од дома, така да, неговите имаат, ама не и тој :!: .
    не сум од оние личности кои посакуваат се да им биде купено од дечкото, скромна сум, макар што и тој е скромен (и секоја чест за него).
    сепак, љубовта и разбирањето се најбитни.
    ретко кога вакви врски опстануваат, еве поради ваква причина, и поради тоа што тој што има повеќе (без разлика дечкото или девојката), го крева носот до небо и се однесува како да го поседува својот партнер, чисто од оваа причина.
    но сепак се е до него, како тој ќе се постави спрема тебе, дали ќе направи ситуација да се почувствуваш омаловажена (иако треба секогаш да си се гордееме со себе), едноставно, дали ти ќе дозволиш да те погази поради тоа што тој бил ,,некој,, а ти обична девојка.
    кога излегуваме, ќеиф ми е и јас да го почастам, па тоа и го правам. зошто да не?
    рековте врските со голема голема финансиска разлика тешко опстануваат... можеби, но сепак се зависи и од двајцата како ќе се носат со тоа, и дали ќе дозволат финансиската ситуација да биде пред љубовта и почитувањето.
     
    На Naked Gun, EleMental, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Во мојата врска може да кажам дека и двајцата сме од нормални семејства со средна финансиска состојба и секогаш добро се усогласуваме. Парите ни се заеднички и нема мои негови. И едниот да нема во момнетот, ако другиот има значи имаме и двајцата. Јас искрено ниогаш не сум се почувствувала засрамено, ако немам во мене, ниту пак тој, бидејќи блискоста си го прави своето :) . Инаку не сме вработени, студираме и двајцата, но парите кои ни ги даваат родителите ги трошиме заедно, а и заедно штедиме понекогаш ако имаме потреба :lol: .
     
    На Minnie-e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    Според мене финансиската ситуација е многу важна и покрај тоа што има љубов и се друго што е потребно за една врска. Јас од моите искуства досега ќе спомнам само едно уште во средно со еден дечко многу се сакавме меѓутоа тој е многу богат не дека јас сиромашна туку средно можиме да си дозволиме нормален живот но не Куба не и се прва класа, но сепак сега да не пишувам за тоа што не е темата, тоа што тој беше богат многу сметаше :( а толку добро се согласувавме и многу се сакавме дури и сега ми се чини дека ако се сретнеме е се исто. Мене не би ми сметало ако јас заработувам повеќе, сакам да го споделам она што го имам со луѓето што ги сакам, мене не ме прават многу среќна парите но не можеме да кажеме дека не се потребни пари за живот. Семејствата се мешаат во нашите врски, значи се распрашуваат што работат, во каква куќа живеат, каков автомобил имаат...... Но искрено мене многу ми е непријатно кога дечкото ми плаќа и плус тоа ако е редовно, а пак ако станува збор за брак е веќе тогаш се треба да се дели како сметки така и проблеми, задачи... но за врска не можам да си дозволам дечкото да плаќа се, да ми купува се што сакам, што ми се допаѓа. :)
     
  14. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Нема мое-негово, се што е негово е и мое, се што е мое е само мое :) ;)

    Искрено, он е во подобра финансиска состојба од мене, прво бидејќи неговите имаат сопствен бизнис , а моите работат за плата, не дека некогаш нешто ми фалело , туку он повеќе може да си дозволи.
    Затоа кога он сака да се луксузира, он плаќа и за мене, јас неможам да одам во 5 ѕвезди хотел и тоа во сезона, ако сака он луксуз тогаш и треба он да искешира. Он е потрошачот во нашата врска, јас сум таа штедливата :lol:

    Мора да признаам дека многу пати ме поддржал финансиски, не дека сум побарала , ама знае да ми излезе во пресрет кога имам многу трошоци. Па нели парите имаат вредност само кога има со кого да ги трошиш :D

    Шала на страна, никогаш не сме дошле во конфликт поради разликата во финансиската состојба. Мене не ми пречи ттоа што он има повеќе, но тоа не значи дека еден ден јас нема да заработувам повеќе од него, никогаш не се знае, тркало е животот.
    Се додека знаеме да делиме и да бидеме задоволни со малку ќе нема проблем, се повеќе од ова е добродојдено .
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    А сте помислиле на тоа дека партнерот ужива да ви помогне финансиски и дека со тоа на еден начин во неговата глава ви докажува колку му значите? Еве да речеме одмор. Партнерот сака да одите на Бахамите, може да дозволи да отидете и двајцата ... На него не му се оди сам, сака да отиде со женска му, да уживаат во убавините на светот, да видат нешто ново, да се отргнат од сите проблеми, и ако тоа значи за да уживаат во сето тоа он мора да финансира, без мислење ќе го направи, зашто најважниот дел е ќе ужива со девојката која што ја сака, а тоа нема цена...

    Ова е мислење од машка гледна точка ;)
     
    На Summerlover, Naked Gun и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.776
    Допаѓања:
    131.141
    Врските во кои партнерите имаат поголеми сличности, вклучувајќи ја и финансиската состојба, имаат многу поголеми шанси да опстојат од врските со разлики. Малку сум скептична кога се во прашање големи разлики.
     
    На Espadrila, richgirl998, srcekrsacka и 4 други им се допаѓа ова.
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    никогаш не се имам пожалано за мојата финансиска состојба искрено не дека врнат пари ама добар живот се живеј...никогаш не би се понижила или покорила на некого што има повеќе од мене тоа би било исто како да се страмам од моите родители и од она што го постигнале земаат солидни плати фаламу на бога не им блазесвам многу на некои со приватни бизниси имаат и тие премногу трошоци тоа што го имаат го постигнале со помош на големи кредити треба да се работи напорно и да се вложат многу нерви за тоа а колку луге знам што пропаднале сепак тоа е друга тема сум била и премногу скромна покрај луѓе што имале помалку од мене само да не се почуствуваат неубаво ...мојот бивши дечко имаше помалку од мене ајде ако мериме на некој кантар :) ништо не ми значеше тоа нашата врска ја одржуваа други работи многу пати јас плакав кафе такси се частевме делевме и тој се трудеше све да биди ок и искрено финансиската состојба воопшто не влијаеше на нашата врска другите 2 дечковци кои ги имав пред него имаа повеќе од мене многу повеќе така се случи едноставно и тоа не беше фактор за среќна врска и никогаш ми немаа збор речено во врска со тоа кога некој сакам мило ми е што има или ако нема да поделиме...значи јас сум за тоа дека пред се мора да се биде човек да се знае да се заработува имаме 2 раце и нозе способни треба да сме и упорни да го постигнеме тоа што го сакаме колку и да имаат родителите најдобро би било кога си во 2јка со некој да си заработувате сами ако остат тато и мама нешто во наследство тоа е добро :) ако не не е крај света со слога све се постигнува
     
  18. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Финансиската ситуација ни е скоро иста. Плус, си имаме заедничка сметка каде што двајцата вложуваме и заеднички трошиме.
    И искрено, јас не би можела да бидам во врска со некој што е екстремно побогат од мене. Со посиромашен би била, да, но со некој кој како што спомна некој погоре има пари за да оди на одмор на Карибите, а јас имам за да одам Охрид 7 дена, епа не би била од проста причина што не сакам финансиски да зависам од никого, бидејќи можеби не сум способна за да печалам милиони, но способна сум да си вадам колку за моите трошоци.
     
  19. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    ако живееме заедно нема моја негова ,а ако не мојата си е моја неговата-негово за помагање и двајцата некад јас ќе немам некад он позајмувње постои хахахах кредит :D
     
  20. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    370
    Па Трендафилка јас сум бил во обратна ситуација - сум имал екстремно богата девојка - под екстремно богата подразбирам дека мојот трособен стан можеше комотно да го собере (сосе надворешни ѕидови) во нејзината дневна соба ....а куќата беше на Водно.
    Плус единица, без браќа или сестри.
    Ама кога раскинавме (јас и раскинав) не беше заради парите, и не, таа не беше мала разгалена богаташка. Едноставно не се совпаднавме со карактерите.

    Поентата ми е - можат и такви врски да успеат, но само ако има разбирање и ако нема премногу перчење.
    Поздрав!
     
    На Summerlover, irenna и 2468 им се допаѓа ова.