Вашата VS Неговата финансиска ситуација

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 27 октомври 2010.

  1. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    И двајцата сме од скормни семејства! Моите заработуваат (со многу мака) доволно за да живеам нормален живот... ако не се снајдеа моите и не беа толку упорни мојата финансиска ситауција ќе беше доста лоша! За среќа сега и јас самата заработувам (пак благодарение на моите) и можам поопуштено да трошам!
    Ист е и случајот кај дечко ми, и неговите доста тешко заработуваат... Значи слични сме! Имаме да си поудиме и одмор, и викенд излегување, и секојдневно излегување на кафе, и доволно пари имаме за да си ги понудиме најопходните потреби! За луксуз не станува збор, далеку сме од тоа...и секогаш се консултираме колку имаме и двајцата и дали можеме да си пружиме се што ќе посакаме! разликата е во тоа што неговите имаат посигурни примања...додека пак моите се почесто се жалат дека лошо оди работата и месечните примања се намалуваат! како и да е...мислам дека е голема предност тоа што сме во слична финансиска сотојба и затоа секогаш се разбираме каде ќе одиме и колку ќе потрошиме!
     
  2. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Колку што видов слична на мојава ситуација нема :?: Дечко ми има можеби и дупло повеќе од мене неговите имаат приватни фирми, а моите работат на плати. Сепак тоа речиси и да не се осеќа бидејќи моите доста солидно заработуваат па до сега можеле да ми овозможат се што би посакал еден млад човек на моја возраст. Он ме облака, ама и јас него. Од почетокот на врската се трудев да не се доведам во ситуација да помисли дека сум со него за пари. Да ми плати одмор, викенд и слично не станува ни збор. Па сепак тие што имаат се неговите, а не тој.
     
  3. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Па и двајцата потекнуваме од средна класа, ама за разлика од мене неговата плата е повисока, башка што си има и приватна работа и си има и екстра примања. Како и да е никогаш не сум се почувствувала исфрустрирана од причини што тој го знае мојот став околу парите и удобствата. Доколку можам да си приуштам да платам за одмор ќе одам со него, доколку можам да платам (барем мојот дел) ќе одиме на вечера, на викенд. Си ги пуштам нозете колку ми е долга чергата. Не сум била на негова сметка никаде, не сум захтевала подароци и луксузи, не дека не си подаруваме кога има, па и кога нема повод, ама се е во граници на нормала, без претерувања. Башка непријатно се чувствувам и проблем ми е некој да ме части секогаш, чувствувам како да имам долг па кога тогаш треба да го вратам. Се трудиме и двајцата рамноправно да учествуваме, иако некогаш како машко знае да изреагира и да каже дека тој треба да плати. Не дека му е стриктно забрането ама си знае дека следниот пат ќе биде обратно.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.577
    Никогаш не сум била во врска со некој кој екстремно се разликувал финансиски од мене,ама мислам дека голема разлика по ова прашање посебно денес е и тоа како камен на сопнување.
    Периодот на отприлика младоста на нашите родители кога сите биле поизедначени финансиски им овозможувал повеќе вреднување на вистинските вредности и љубовта заземала централно место во врските и браковите чести биле примери на бракови пр. меѓу докторка и возач да речеме и сл.комбинации.
    Денес доста често двигател стана интересот-не е голем само бројот на спонзорушите,има и огромен број машки калкуланти кои би се докопале до единица ќерка на некој газда како Васа од песната,со таа разлика што во современи услови коњите врани=коњски сили на германски по можност автомобил и џип не е на одмет,нивите плодни=деловни простори и лозјата благородни=по некоја викендичка на планина или море вотевр.
    Јас сум за делење на трошоците најпросто еве при излегување,не сакам некој да ме финансира како паразит кога заработувам од мали нозе самостојно,тоа ми е удар на достоинство.Ако разликата би била преголема не би можела баш да го пратам и мислам дека би ми пречело.А сум чула и коментари како во брак оние финансиски помоќните партнери при кавга им рекле на другите за да ги навредат „јас од тебе човек направив„ :^) ова не би го преџвакала во никој случај.
    Не велам дека е невозможна врска меѓу луѓе кои се од различни слоеви,ама мислам дека е комплицирана и дека луѓето се чувствителни по ова прашање.Посебно машките кај кои машкоста најдемонстративно ја презентираат преку способноста за финансиско обезбедување на семејството и така им е на највисоко ниво тестостеронот :lol: .Навистина и финансиската состојба варира кај луѓето и по нагорна и по надолна линија,но сметам дека поголеми се шанси за успех на врска или брак со поизедначено стартно ниво.
     
  5. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Мојата ситуација е малку поинаква, и двајцата потекнуваме од високо средна класа и не сме имале некоја разлика при кој колку има и троши, башка и јас работам па така да не сме имале воопшто финансиски проблеми, но неговата ситуација драстично се смени пред некои 9 месеци, во тој момент веќе имавме земено заеднички стан под кирија и почнавме заеднички живот, проблемот беше што он не работи а ниту му текнуваше да почне некако да заработува, си продолживме да си живееме комотно како претходно, но сепак не можевме да си дозволуваме работи како порано, целата моја плата ја трошев на нас, покрај тоа зимав пари и од моите, правев све за да не се почуствуваме дека немаме, но на него не му ни текнуваше да направи нешто, да почне нешто да работи и да ми помогне при тој заеднички живот, никогаш ништо му немав преречено, секогаш се однесував за све дека е заеднички, но верувајте ми дека на моменти ми беше тешко да можам све сама да подмирам, кога му кажав на господинот дека треба да се мрдне од место и да проба да заработи нешто за да ми помогне он тоа го свати како префрлање од моја страна, се осети повреден и си отиде, од тој ден повеќе не сме заедно, мојот труд и моите финансии му створиле комплекс, тоа го увидов дури сега, но ако му било тешко девојка му да го издржува зашто не се потруди 9 месеци да најде било каква работа, сега јас сум кривата зашто уопште сум се пожалила дека ми било тешко на моменти
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    ^Воопшто не си ти крива, господинот изгледа сакал да си ужива на туѓ грб, не му се работело затоа што ти си му обезбедувала се, безкичмењак :@
    Да ти е мило што веќе не си со таков :muscle:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Така искочи целата ситуација, и криво ми е, затоа што навистина се трудев, после све сега јас сум таа што е бездушна, случајно се видов со негов другар, се осеќаше презир према мене, како да сум најголем кривец, мило ми е што не сме заедно, да ме сакаше ќе се потрудеше да ме сфати и да смени нешто, не ми е криво што се трудев, криво ми е што не добив љубов и разбирање
     
    На srcekrsacka и mims-89 им се допаѓа ова.
  8. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Во мојот случај во принцип сме еднакви,неговатафинансиска ситуација каде каде е подобра од мојата,но не сум тип на женско шо чека машкото да му плати,за тоа мене е некако понижувачко па затоа често сме во конфликт кој ќе плати
     
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Ние и двајцата сме од средната класа,значи имаме доволно,но не сме екстремно богати,така да кога сме излезени секогаш и делиме се и се што е мое е и негово и обратно.Си купуваме облека повремено еден на друг, но ако има повеќе од мене никогаш не ми дозволила да ми плаќа одмори,да ми купува екстремно скапи облеки, бидејќи јас сум со него поради неговата личност и љубов кон мене,а не поради неговата финансиска состојба.
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.649
    Допаѓања:
    12.086
    И јас се сложувам дека не одат тие две работи заедно. Јас сум трудољубива, заработувам, не можам да се пожалам, ама моите вечно се со малку пари. Татко ми е градежник, а мајка ми е домаќинка. Имав дечко , мајка му беше директорка, и тие си живеат покомотно. Јаде во ресторани, но стоп се вози со такси, не оди пешки макар 5 минути. И нон стоп ме викаше некаде да одиме. Јас имам пари за шетање ама сум навикната секогаш да чувам резерва, ако нешто притреба, или моите ќе снемаат, па да позајмам. И ми беше незгодно. Да ми плаќа некој не сакам. Никогаш не би се вклопиле. Мајка му не ја запознав. Ми кажуваше дека била строга и ептен педантерија. Кога би ги видела моите нема да и се допаднат.
     
  11. sakamte

    sakamte Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    15
    како да се убедам дека дечко ми ме сака и дека не му е гајле што моите едвај заработуваат за да го поминиме месецот? :( :( тоа ми е постојано во глава дека еден ден ке ме остави само заради тоа ;(
     
  12. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648

    Сакамте, единствен начин да го решиш овој проблем, е отворено да разговараш со твојот дечко за ова! знам дека темата е непријатна ама ако не ти дава мира, мораш да разговараш!
     
    На Summerlover, srcekrsacka и Trendafilka им се допаѓа ова.
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    се согласувам со ова мислење мора на дечкото да му ја кажеш вашата финасиска состојба ако мислиш дека тоа би било пречка во вашата врска кажиму отворено нема што да криеш и од што да се страмиш и секогаш кажувајго тоа со гордост сепак родителите твои даваат све од себе како сите родители сигурна сум во тоа тој треба тебе да те сака и почитува ова несмее да биде никаква пречка меѓу вас ако љубовта е искрена разговарај среќно ;)
     
  14. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    На дечкоми финансиската состојба е подобра од мојата, но не е тоа некоја дрстична разлика и секогаш си се погаѓаме. Не ми е проблем да му кажаме дека сум шворц секогаш има разбирање, многу време сме заедно, но никогаш не дозволувам да му се наметнувам и да живеам на негова сметка. Не сум тип на човек кој сака да го го частеваат да му купуваат поклони, незнам не се чувствувам пријатно мислам дека на моменти можам да се почувствувам дури и понижено.

    Врска со дрстична финансиска разлика практично е и невозможна, сега некој ќе рече не е се до парите љубов е во прашање е и не е баш така овде станува збор за различни навиќи, различен начин на живот, различни друштвени кругови ма се е различно.

    Многу почесто можеме да видиме богат дечко со сиромашна девојка, но многу се поретки случаите каде што девојката е богата, а дечкото сиромашен. Машките во тој поглед се погорди, не би дозолиле некој цело време каде и да одат да и плаќа, нормално има и исклучоци како што беше бившиот на другарка ми кој ни најмалку не му беше проблем тоа што другарка ми му плаќа цело време па мани тоа дечкот воопшто немаше амбиција да се потруди во животот нешто да заработи и нормално сето тоа заврши.
     
  15. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Сепак мислам дека таква љубов неможе да успее и да опстане.
    Еве јас лично неможам да дозволам дечкото да ми купува скапи работи,на одмори да ме носи а јас ништо да не придонесам и помогнам. :doh: :x :worried:
    Изгледа сум премногу горда,ама неможам да замислам ваква врска никако во никој случај.
    Ми пречи и тоа многу ~
    Би се чувствувала исфрустрирано и омаловажено во таквата ситуација.Двата партнери да бидат со слична финансиска ситуација.
    Многу убава тема Трендафилка. 8)
     
  16. sakamte

    sakamte Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    15
    секогаш кога ке почнам да разговарам за ова нешто ме спречува а многупати му имам кажано дека и да се сакаме пак има нешто што не дели и многу пати имама пробано да му раскинам само заради тоа ама тој не ми дава :( знае колку го сакам и секогас ми вели дека ништо нема да не спречи да бидеме заедно а јас па чуствувам голем немир.неговите многу ме сакаат ама незнам дали знаат за нашата состојба .тој сака многу да патува и секогас ме води со него и кога му велам дека немама пари за да отидам тој ке ми се насмевне и ке ми рече не е проблем парите и од срам за не одидам бес пари ке потражам од моите за да не испадне дека се ми он плаќа.
    и сабајлево сум плакала многу кога мама влезе во собата и ми потражи 500 ден да и дадам ако ми останеле од мајот за да оди на лекар додека да земе плата и ке ми ги врати :( :( срцето ке ми пукнеше која ја слушнав.
     
  17. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Кај нас има мала разлика.
    Двајцата потекнуваме од средна класа, на времето кога сме биле деца се ни било дозволено, и од ништо не ни било ускратено, ни кај мене, ни кај него. Значи, потеклото ни е исто. Разликата кај нас е во моменталната заработка. Тој заработува повеќе од мене-за еден месец заработува колку што јас добивам за 3 месеци. Има многу добро платена професија, фирмата во која работи добро плаќа.....и ете ја разликата.
    Искрено, никогаш не сум се почувствувала понижено, навредено....Како прво, тој не е човек што сака да се покажува со парите, не сака воопшто да се експонира со тоа колку многу заработува-баш напротив. Прилично скромен е во скоро секој поглед-освен за техника :) Секогаш се грижел за тоа дали јас имам или немам доволно пари, ми има помогнато во одредени многу лоши моменти, многу пати ми дал до знаење дека секогаш можам да се потпрам на него а особено финансиски. Но, не дозволував често тој да плаќа за мене кога излегуваме или одиме некаде. Иако инсистираше да плаќа, имавме расправии секое излегување :^) Го читав погоре Mistery, во неговите ставови го препознав дечко ми-него го исполнува тоа понекогаш да ме однесе на викенд, да ми купи нешто што го посакувам или ми треба а не можам во моментот да си го дозволам.....Никогаш не дозволил да се почувствувам лошо. Кога сакал да одиме на некој поскап одмор, секогаш инсистирал дека или ќе одиме двајцата јас да платам колку можам а тој да го доплати остатокот, или никој нема да оди. Сака се што ќе помине во животот, да помине со мене заедно (зборувам за материјални трошоци). И многу често во такви случаи вели „Џабе ми се мене парите, ако не дојдеш ти со мене и го направиме тоа заедно, а никогаш нема да дозволам ти да не дојдеш ако јас сум во состојба да платам дел за тебе, нема да ми ја промени финансиската ситуација“.
    Тоа е, разликата кај нас сепак не е во потеклото, туку во моменталната ситуација, она за што тој си учел и го сака секаде па дури и кај нас е многу платено. :?: Ова според мене е и многу олеснителна околност во врските со голема разлика во финансиската ситуација-едно е кога се наследени од мама и тато, друго е кога некој со своја сопствена пот и свој сопствен труд си ги заработува. Тоа ја прави клучната разлика.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Нашата финанскиска разлика се зголеми од кога тој почна да работи на одлично работно место со прилично висока плата. Засега немаме проблеми, јас секогаш кога немам доволно пари му кажувам и му предлагам да седиме дома или да се шетаме, но тој инсистира дека тоа не е проблем дека сака во неговите пари и двајцата да уживаме. Од секоја плата ми купува подароци, скоро секогаш тој плаќа ... знам сега мерак му е дека конечно почна да заработува, а и нема други трошоци ...
    Мене на почетокот ми беше непријатно, сега го прифаќам тоа, па кога имам јас повеќе пари дозволува да го почастам или да му купам нешто (што е реткост :lol: )
    Неисе, ќе почнам и јас во брзо време да работам па ќе се изедначиме, вака се осеќам како да му должам нешто, како да не му посветувам доволно внимание, но тој вика дека не се чувствува така. Епа нека троши се на мене тогаш :P
     
  19. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.668
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Прв пат ја гледам темава, и одлична е Трендафилке, погодена за секое време, а поготово за материјалнава доба која ја живееме, за жал.
    Точно пред 5 години си мислев дека финансиите нема шанси да се пречка, се додека постои љубовта и компромисот, и при еден разговор со другарка која тогаш имаше мои сегашни години ми рече дека сум во тешка заблуда, и само ме праша„ како би оделе на одмор ако едниот може а другиот не“, „ или како би искочиле таму и таму ако едниот може а другиот неможе толку да си дозволи„?
    Веројатно и годините си го правеле и направиле своето и тогаш така сум мислела, и по нејзиното укажување ја воочив поинаквата страна во врската, кога се финансиите во прашање, кои секако се и те како битен фактор.
    Сега познавам парови во кои и двајцата се на исто ниво и шетаат, одат по ручеци и вечери, викенди, не им е тешко да тркнат до негде, бидејки исти можности имаат, додека познавам дечко кој студира во странство, изнашетан, со кола и свој стан овде, а девојкаму е гола вода, еднаш незаминала кај него на посета, иако тој студира на Балканов. И не само тоа, неговиот лик и облека е сосема поинаков, се на него е со некоја приказна и актуелно, додека она е убиј Боже, застерени фармерки, аут чевли, навистина не ја личи до него, освен што главата и е над небо и е занесена... Неможам да ги разберам како функционираат, и како воопшто таа функционира во неговото друштво, што јас викам како ламји се неговите другари и нивните девојки, само она е како изгубена, ама сепак се занесува...

    Сметам дека машкото секогаш треба да е малку повеќе над девојката, машко си е машко, според мене си има авторитет, тој да е главата ( не зборам за патријахат и 200 години назад), чисто како столб и заштита на врската или семејството. До пред врскава, никогаш немав дозволено машко да ме части, буквално никогаш, бидејки сметам дека девојката треба да има свое место и независност, да биде своја во рамките на можностите, за утре никој да не и префрли или да шири муабети како ја частел, што за жал е жива вистина во нашава држава, за една кока-кола од 100 ден во диско, пола Скопје ќе разбере.
    Стојам на тоа дека секој треба да гравитира околу своите можности и да не лета превисоко, ниту па да заглавува со некој кој има помалку, туку секое тенџере со свое капаче соодветно, и така ниту ќе има незгодни ситуации, ниту ќе се чустуваме послаби и понемоќни, едноставно ќе нема препреки од материјален аспект во врската.
    Кога си во врска нормално е еднаш тој да части, следен пат ти, и се така, исто е дали ти или тој, кога можете, никој не би заостанувал и не би искачал или би се гребел на другиот.
    Тој тип на врски од едносмерно частење, подароци, викенди, шетања или одмори ми се пиши пропало, бидејки пред се јас би се чустувала немоќна и би имала срам за такво нешто, но секој различно.
    Сепак, секогаш ќе има и вакви и онакви, и во овој 21 век и понатаму.
     
  20. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Дечко ми, т.е. неговите родители, финансиски стојат многу подобро од моите. Не е дека имаат многу поголеми примања, туку едноставно правилно ги распоредуваат трошоците, за разлика од мојата ситуација каде се е каша попара.
    Тој секогаш има пари за што и да му затреба, дали е облека, парфем, ако му се јаде во град нема да се туфка леле да купам или да издржам до дома.. мислам се разбираме што сакам да кажам :) И јас можев горе доле истото да си го дозволам, но веќе некој период не, а и тера кон полошо. И сега на пример него му е незгодно ако седнеме негде он да јаде, јас да пијам само сокче, што мене искрено од такт ме вади. Па се нуди да ме почасти, па јас не дозволувам, па некогаш дури доаѓа и до кавга. Така да искрено не е баш сеедно. Мене на пример ми е многу незгодно во таква ситуација, иако и јас така би постапила. Да имав јас повеќе немаше да ми е сеедно да се лигавам пред него ако тој не може да си дозволи. А од друга страна тешко ми е и глупаво што поради мене тој си крати од себе на некој начин.. Не ни претставува некој голем проблем сегашната разлика во финансии, бидејќи сме многу долго заедно, да бевме да почеток на врска тешко дека ќе опстоевме. Сега можам да му кажам слободно, ај денес да се прошетаме да не седнеме да јадеме или кафе, или ај да излеземе порано да си дојдам со автобус да не морам да плаќам такси и слично. Да бевме „свежо“ во врска ќе беше многу тешко за мене, мислам дека дури не би ни опстојале.
    Се случува ако влезе негде да си купи сок, чоколадце на пример да ми купи и мене и да не земе пари, што искрено за мене е и убав гест понекогаш, признавам. Не дека дал 30 денари, туку ете мало внимание. А вака за поголеми работи, поклони, ручеци, вечери прифаќам само кога има вистински повод, роденден или нешто такво.
    Кога треба да му купам некој поклон искрено се трудам да е приближна цена како нешто што тој претходно ми подарил, ете се осеќам должна како да треба да вратам. И од таа причина не прифаќам скапи поклони. Баш пред некое време пишав во една друга тема, еве за еден повод сега не успеав да соберам многу пари и веќе му купив „посиромашен“ подарок. Знам дека ни случајно нема да ми замери, но мене ми е како тежина и за наредниот подарок сигурна сум дека дури и несвесно ќе надокнадам... Ете јас сум таква, да имаше свои приходи можеби ќе беше подруго, но вака кога тоа не се негови пари да ме части, шета или слично не доаѓа во предвид.